Купувате или сте си уловили едно крапче некаде околу 2,5-3кг , откога убаво ќе го исчистите и измиете подсушете го со салфетки од внатрешната страна.
Се намачкува со зејтин од надвор и внатре, се посолува од секаде и се става во предходно приготвена тава.
Оделно запржувате 4-5 глави кромид со 3-4 скилидки лук,магданос, се додава половина тегла патлиџан , црн бибер , веѓета и сол по вкус и една чаша ориз.
Откога ќе го ставите оризот додавате една чаша вода , се вари додека оризот да омекне и со половината од така подготвената смеса го полниме крапот, додека втората половина од смесата ја ставаме околу рибата !
Наполнетатариба се затвара со чачкалици и кога се сте приготвиле пред да ја ставите рибата да се пече додавате околу една чаша вода .
Печете на загреана рерна на 200степени околу 40 минути.
По желба во смесата може да се додадат и печурки .
За пиење Вие си знаете
Добар апетит