www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Минимални Мерки http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=54&t=841 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | saso [Пет Maр 11, 2011 9:57 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Минимални Мерки |
Postojat li kaj nas minimalni merki za goleminata na ribata koja moze da se ponese ? |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 11, 2011 10:41 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
ВАРДАР Пастрмка – Salmo macedonicus 35 см Бела мрена - Barbus macedonicus 35 см Црна мрена - Barbus balcanicus 15 см Клен - Squalius vardarense 30 см Скобуст - Chondrostoma vardarensis 30 см Крап - Cyprinus carpio 40 см Црвеноперка - Rutilus rutilus 20 см Попадика - Vimba melanops 20 см Сом - Silurus glanis 70 см Јагула - Anguilla anguilla 50 см Златен карас - Carassius carassius Трајна забрана Лињак - Tinca tinca Трајна забрана Дозволен дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Вардар 1 и 2” Вид на риба Дозволен дневен улов Македонска пастрмка до 3 (три) примероци Калифорниска пастрнка до 6 (шест) примероци Скобуст до 6 (шест) примероци Клен до 4 (четири) примероци Бела мрена До 3 (три) примероци Дозволен дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Вардар 3 и 4” Вид на риба Дозволен дневен улов Македонска пастрмка до 2 (два) примероци Калифорниска пастрнка до 5 (пет) примероци Скобуст до 10 (десет) примероци Клен до 6 (шест) примероци Бела мрена до 4 (четири) примероци ПЧИЊА Пастрмка 35 см Бела мрена 35 см Црна мрена 15 см Клен 25 см Скобуст 25 см Крап 40 см Попадика 20 см Сом 70 см Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовните ревири Пчиња 1 и 2, Крива Река 1 и 2 и рекреативните зони “Отошница” и “Бадар” се определлува на: Пастрмка до 2 (два) примероци Крап 1 (еден) примерок Сом 1 (еден) примерок Бела мрена до 5 (пет) примероци Скобуст до 15 (петнаесет) примероци Клен до 10 (десет) примероци Попадика до 15 (петнаесет) примероци Црна мрена до 20 (дваесет) примероци ЦРН ДРИМ Пастрмка во р. Црн Дрим и Радика 40 см Пастрмка во притоките 30 см Главатица Трајна забрана Црна мрена 20 см Писа 20 см Скобуст 25 см Клен 30 см Крап 40 см Јагула 50 см Дозволени дневен улов по видови на риби за Река Црн Дрим со притоките Пастрмка во р. Радика и Црн Дрим до 2 (два) примероци Пастрмка во притоките на Црн Дрим до 3 (три) примероци Црна мрена до 25 (дваесет и пет) примероци Скобуст до 13 (тринаесет) примероци Клен до 10 (десет) примероци Крап 1 (еден) примерок Јагула 1 (еден) примерок ТРЕСКА Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на риболовните ревири Треска 1 и Треска 2: Пастрмка 35 см Бела мрена 35 см Црна мрена 15 см Клен 30 см Скобуст 25 см Попадика 20 см Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на атрактивните риболовни води: риболовен ревир Треска 3, рекреативна зона Матка и рекреативна зона “РЕ Треска”: Пастрмка 45 см Крап 45 см Бела мрена 35 см Клен 30 см Скобуст 25 см Попадика 20 см Црна мрена 15 см Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовните ревири “Треска 2” и “Треска 3” се определлува на: Македонска пастрмка до 2 (два) примероци Калифорниска пастрмка неограничено Скобуст до 10 (десет) примероци Клен до 10 (десет) примероци Бела мрена до 5 (пет) примероци Попадика до 25 (дваесетипет) примероци Дозволениот дневен улов по видови на риби за рекреативна зона “РЕ Треска” се определлува на: Македонска пастрмка до 2 (два) примероци Крап 1 (еден) примерок Амур 1 (еден) примерок Клен до 10 (десет) примероци Костреш до 10 (десет) примероци Попадика/деверика до 20 (дваесет) примероци ЦРНА РЕКА Пастрмка 35 см Бела мрена 35 см Црна мрена 15 см Клен 30 см Скобуст 25 см Крап 40 см Црвеноперка 20 см Попадика 20 см Писа 20 см Костреш 20 см Сом 70 см Лињак Трајна забрана Златен карас Трајна забрана Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 1”, се ограничува на: автохтона пастрмка до 2 (два) примероци Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 2 и 5”, рекреативна зона “Крушевско Езеро” и “Борино 1 и 3” и се ограничува на: пастрмка до 2 (два) примероци Скобуст до 10 (десет) примероци Клен до 6 (шест) примероци Бела мрена до 4 (четири) примероци Сом 1 (еден) примерок Јагула 1 (еден) примерок Крап 1 (еден) примерок Црвеноперка до 15 (петнасет) примероци Попадика до 15 (петнасет) примероци Лињак Трајна забрана Златен карас Трајна забрана Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 3 и 4” и рекреативна зона “Прилепско Езеро” се ограничува на: Пастрмка до 2 (два) примероци Скобуст до 13 (тринаесет) примероци Клен до 10 (десет) примероци Бела мрена до 6 (шест) примероци Сом 1 (еден) примерок Јагула 1 (еден) примерок Крап до 2 (два) примероци Попадика до 10 (десет) примероци Црвеноперка до 25 (дваесетипет) примероци Костреш до 20 (дваесет) примероци Лињак Трајна забрана Златен карас Трајна забрана СТРУМИЦА Крап 40 см Бела мрена 35 см Црна мрена 20 см Клен 30 см Штука 40 см Сом 70 см Скобуст 25 см Црвеноперка 20 см Костреш, перкија 20 см Скобуст до 15 (петнаесет) примероци Клен до 10 (десет примероци Бела мрена до 5 (пет) примероци Сом 1 (еден) примерок Крап до 2 (два) примероци Штука до 5 (пет) примероци Црвеноперка до 25 (дваесет и пет) примероци Костреш до 20 (дваесет) примероци БРЕГАЛНИЦА Пастрмка 35 см Бела мрена 35 см Црна мрена 15 см Клен 30 см Скобуст 25 см Крап 40 см Попадика 20 см Сом 70 см Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Брегалница 1”, “Брегалница - 2 “, “Брегалница - 3” и “Злетовска Река” , се ограничува на: Македонска пастрмка до 2 (два) примероци Клен до 10 (десет) примероци Попадика до 10 (десет) примероци Црна мрена до 20 (дваесет) примероци За видовите “сончаница” и “калифорниска пастрмка” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должуни и во неограничени количини. Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Брегалница 4”, “Брегалница 5” и “Брегалница - 6” , се ограничува на: Скобуст до 10 (десет) примероци Клен до 10 (десет) примероци Бела мрена до 4 (четири) примероци Црна мрена до 30 (триесет) примероци Сом 1 (еден) примерок Крап до 2 (два) примероци Попадика до 20 (дваесет) примероци Карас Неограничено За сите други ревири што ве интересираат, може да прочитате во риболовните основи на МРФ. |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 11, 2011 10:43 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Од тука може да видите дека сите, без исклучок, го имаме прекршено законот многу пати. Рибоволните основи се составен дел од законот за риболов, врз чија основа се изготвуваат. |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 11, 2011 10:56 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Риболовни ревири забранети за риболов Риболовни основи: Слив на Вардар - Горно течение Слив на Вардар - Средно течение Слив на Вардар - Долно течение Дојранско езеро Преспанско езеро Охридско езеро Мавровско езеро и Радика Водоча Дебарско езеро Тиквешко езеро Брегалница Црна река Црн Дрим Пчиња Струмица Треска Мантово Турија Калиманци Конче 1 и 2 |
АвторCOLON | kire [Пет Maр 11, 2011 4:04 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki | |
Од тука може да видите дека сите, без исклучок, го имаме прекршено законот многу пати.
Филип другарче браво за риболовните основи од погоре.Серазбира дека сите без исклучок го имаме прекршено законот многу пати.Но кај нас е таков кармакаш што нашиот грев е капка во морето,серазбира дека доколку се стави ред ке правиме и ние кејф овде на нашиве води и ке се придржуваме на законите но останува да видиме.Сега за сега остануваме најчесто со празни чуварки.
Рибоволните основи се составен дел од законот за риболов, врз чија основа се изготвуваат. |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 11, 2011 4:12 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Кире, колку и да сакаш, нема да успееш да најдеш попадика над 20 см, посебно не на Пчиња. |
АвторCOLON | kire [Пет Maр 11, 2011 4:14 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki | |
Кире, колку и да сакаш, нема да успееш да најдеш попадика над 20 см, посебно не на Пчиња.
Богами попадика од 20см е вистински капиталец одамна не сум фатил толкава на Пчиња.
|
АвторCOLON | saso [Пет Maр 11, 2011 5:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Za da porasne ribata nad minimalnite merki treba da se vrakaat onie pod minimalnite merki. Normalno ako toa ne se pravi nema da ima ni golemi parcinja. I sto e tuka cudno ??? I povtorno ke se zalime deka nemame ribi. Se slozuvam deka sportskite ribolovci se najmalku krivi za ova. No mora da se pocne ako sakame da lovime pristojno i vo naredno vreme. Samo ocigledno ne sme dotamo stignati, pa ke terame i ponataka so ovie nasi stavovi, na zalopojki i od istite nepocituvanje na osnovnite preporaki na forumot. Ajde da ne preteruvame golemo parce i ako e pod merka e prifatlivo ama ako e merkata 20 cm. a gledam polno tavce so 5-6 cm. ripcinja e sramota. I posle ke se cudime zosto nema ,, kapitalci ,, ??? |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 11, 2011 8:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Не беше тавче, и немаше ниту една под 14/15 см (двете најгоре беа над 20 см, колку за ориентација) Жално е што тие 2 ми се најголеми попадики во животот на Пчиња. На времето татко ми фаќал магарици, сега веќе таква нема теорија да се види никаде. |
АвторCOLON | saso [Пет Maр 11, 2011 8:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Minimalni merki |
Abe Filip, ne sakam da popuvam po forumov, ama tesko mi paga i mene koga gledam po drugive zemji kapitalki ko ajkuli a nie ovde se raduvame na carevi kurinja. I stvarno mislam deka treba da se pocne so razumno vrakanje na se sto e pod merka. Mora da se pocne so toa inaku ke ni ostane gledanjeto sliki od pred desetina godini, ona sto go fakale nasite tatkovci. Inaku bas zaradi taa selektivnost, zapocnav so spining. Tuka samiot metod na lovenje pravi selekcija. Mala riba nema da se zaleta po vobler od 5 cm. |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |