www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Тостолобик http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=54&t=4815 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | frontier [Нед Maр 23, 2014 4:35 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Тостолобик |
Сакам да прашам каква риба е Тостолобикот и каде го има во Македонија? и до колку килограми може да биде? на која опрема се лови и каква храна е потребна. Ви благодарам Бистро |
АвторCOLON | frontier [Пон Maр 24, 2014 12:49 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Ти благодарам Јане за убавото пошироко објаснување,гледав видео на македонски натпревар и гледам дека го закачија 2-3 пати но неуспешно им скина на неколку македонски рибари и баш се слушаше тостолобик е викаа сите и немав претстава за каков тип на риба станува збор, а гледам дека е борбена и многу силна риба и треба смирено со неа.А кажете ми дали некој пробал од месото на овој тип риба дали е вкусно? Поздрав и ти благодарам уште еднаш за убавиот и исцрпен одговор. Поздрав и убав ден |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Пон Maр 24, 2014 1:45 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Во комерцијални води каде во основа се лови крап, често се случува да се улови и толстолобик. Едноставно се прилагоди на зимање на храна која ја има во изобилие. Досега двапати имам уловено толстолобик на таква вода. Во 90 на Александровечко езеро (мала вештачка акумулација на 10км пред Врање) на корка леб на површина. Вториот го имам уловено пред 4 години на ГогоМонд на подолг попап на јагода. Наводно не била реткост на ова езеро да се улови толстолобик, но не сум слушнал за друга случка. Многу интересен е на јадица и стварно е штета што не се лови со класични крапски мамци освен случајно. |
АвторCOLON | g.cuculoski [Пон Maр 24, 2014 10:00 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Vakvi Tostolobici ima na Tikvesko ezero |
АвторCOLON | Darko Arnaudov [Пон Maр 24, 2014 12:08 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Исто има и на езерото Стрежево, многу често може да се заприметат како бели точки одма под самата површина на водата. |
АвторCOLON | kireelektron [Пон Maр 24, 2014 5:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
сеуште има и на мавровица над околу 40-50кг.долги се сите над метар.лани видов три јата по 5-6 комада. на самата површина.страшни се за гледање а камоли на јадица. |
АвторCOLON | frontier [Вто Maр 25, 2014 2:02 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Прочитав дека Толстолобикот имал главна улога во одржување на водата и дека ја чисти од затревување и дека има многу голема сличност со Амурот и дека овие две риби живеат во симбиоза само разликата е во тоа што Амурот се храни со повисоките водни растенија фитопланктони (алги и едноклеточни организми) додека Толстолобикот со пониските.Не знаев дека и кај нас ги има во толкава големина и килажа но еве имаме сведоци за тоа на Тиквешко,Стрежево и Мавровица.Боби по колку кила беа тие што ги имаш извадено? Бистро на сите |
АвторCOLON | vasil [Вто Maр 25, 2014 5:52 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Нема случајно ловење на толстолобик, се спремаш толно него да го ловиш , опремата си ја подготвуваш за тој вид на риболов.поовради префрлање го закачиме за перка, грб Случајно може да се улови само ако при вадење .поради префрлање го закачиме за перка или по телото ова чудовиште. Не дека нема да удри и на начинов на кој се лови крап , но пак треба да бидат исполнети неколку услови. Многу ефикасен начин е ловење со хранилка и со врзани две јадички од горната и две од долната страна на хранилката со подвез не подолг од 5см. Хранилката се полни со порофита прихрана за да може побрзо да се ослободува од хранилката и по малку да се надига нагоре. Толстолобикот се храни со планктони, како усисивач е, па така испрвоциран од прихраната усисава се околу хранилката. Со тоа најчесто ќе усиса и некоја од јадиците на кои предходно сме монтирале по едно топче од стиропор за да може да се подигнати , не да лежат на дното. Друг ефикасен начин при ловење на толстолобик е со технопланктон. Во вид е на голема шумечка таблета, се монтира на влакно и полека се растопува во вода па планкроните се надигаат и тоа го привлекува толстолобикот. Ако решите да одите на лов на ова чудовиште еве ви уште еден совет, монтирајте на влакното една шумечка таблета, таа во водата испушта меурчиња кои сигурно ќе му го привлечат вниманието и ќе дојде да усисава. Секогаш на јадиците да имате монтирано нешто што ќе ги подигаат од дното, никако да не лежат доле. Многу , исклучително борбена риба, роварам да најдам стари снимки со уловени толстолобици но очигледно се истриени. 2007 на еден приватен натпревар организаторот реши да се мерат СИТЕ шарански риби па кога ни се увртеа толстолобици во секторот и удри со пелети. Два три броја и нема стигнување во килограми. Ако ги најдам снимките ќе ги прикачам во темата. Поздрав и успех во лов на толстолобици |
АвторCOLON | Илчо [Вто Maр 25, 2014 4:40 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Тостолобик |
Ovaa li e taa riba amerikancite stalno so pravat emisii kako probuvaat da gi istrebat ? Onaa sto skoka koga ima bucava u voda ? |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |