www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:34 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Aвг 12, 2012 11:49 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Риба, суштество кое живее во вода а помислата на него ни го забрзува работењето на срцето. Ни го крева нивото на адреналинот во крвта кога ке ја осетиме закачена на јадица. Суштество кое не прави зависници од излегување во природа и е причина за многу потрошени пари и време. Причина за оштетени нови коли, фамилијарни караници, настинки и изгореници ...

За многумина од нас и самото излегување на вода е сосема доволно, но задоволството да биде потполно потребно е да се фати и риба. За успешен риболов потребна е активна риба, а активноста на рибата е директно поврзано со годишното време и надворешната температура, јачина и насока на дување на ветер, времето од денот, количеството на врнежи, водостојот на водата и нејзината бистрина... И доаѓаме до можеби едно од нај поставуванито прашање кое сме си го поставувале сами на себе или сме дискутирале на оваа тема со колегите рибари:


КОГА да се оди на РИБА ???

Со проучување на навиките на одредени видови на риба, со одбирање на техника на ловење и мамки, со правилно одбирање на време за риболов овие фактори релативно лесно може да ги надминеме и имаме колку толку успешен риболов. Но не е се толку едноставно. Ни се случувало, на неколку дневен риболов, или минатиот и овој викенд, на исто локација и без било какви промени вчера односно минатиот викенд рибата работеше како луда а сега ни да пипне. Нигде не грешиме НО има нешто!


Што ми ја мати ВОДАТА? Што ми го мати УМОТ?

Со долготрајно набљудување и искуство, а нарочно со искуство на стари професионални рибари, дојдено е до заклучок дека освен овие видливи фактори мора да постојат и некои невидливи, необјасниви, фактори кои влијаат на активноста на рибата.

Воздушен (барометарски) притисок. Што воздушниот притисок, па рибата живее во вода. Но познавајки ја анатомијата на рибата (а и непознавајки ја, а секој рибар барем еднаш во живот чистел риба) секоја риба има рибен меур. Со што е исполнет овој меур него со воздух. Е овој рибен меур е најпрецизниот барометар. И најмалото колебање на надворешниот воздушен притисок рибата го чувствува и реагира на него. Со долготрајно набљудување е дојдено до следните заклучоци:
  • - Воздушниот притисок е во благ пораст – очекувајте добар успех во риболовот
    - Воздушниот притисок е висок и е стабилен – очекувајте осреден успех во риболовот
    - Воздушниот притисок е низок и е стабилен – очекувајте осреден успех во риболовот
    - Воздушниот притисок е во опаѓање – очекувајте лош успех во риболовот
Значи, ако воздушниот притисок е висок, рибата работи без обзир кој ветер да дува. Опаѓањето на воздушниот притисок ја намалува активноста, апетитот кај рибата. Стабилноста на воздушниот притисок по благо покачување е поповолен за рибата одколку стабилност на притисокот по опаѓањето. Овие мислења ги има надополнето и еден од светските ихтиолози, Декантел, така што тврди дека рибата работи и кога воздушниот притисок опаѓа а надворешната температура расте. И од овие правила постои одстапување а тоa е, ден пред промена на времето, атмосверскиот притисок иако опаѓа рибата е мошне активна.

Во денешно време не e проблем да се дојде до мал и лесно пренослив барометар. Го има вградено во дигитални часовници, ваги за мерење, телефони, сонари, GPS уреди, а и интернетот е достапен скоро секаде. Но ако немате ништо од ова погледнете ги лисјата на околните дрва. Ако се гледа долната страна на лисјата и ако се свртени кон ветерот воздушниот притисок опаѓа. Ако листовите стојат нормално во однос на гранките воздушниот притисок расте.

За пратење на временската состојба јас лично користам повеќе интернет страни:

[ img ]

http://macedonian.wunderground.com/cgi- ... +Macedonia
Страница на која може да се види моменталната метеоролошка состојба и ги дава сите податоци но само за Скопје – Аеродром Петровец. Страницата со нови податоци се ажурира на секои 30 минути.

http://www.weather2umbrella.com/
Страница за седумдневна временска прогноза со графички приказ на повеќе математички метеоролошки модули. Дава прогноза за сите македонски градови. Се ажурира еднаш дневно.

http://meteo.gov.mk/
Управа за Хидро-Метеоролошки Работи на РМ. Страницата би требало да биде јавен сервис на граѓаните но, многу податоци на оваа страна се или недостапни или е многу тешко да се дојде до нив. Нај интересно е што дава хидролошки податоци за сите реки во Македонија, но поголемиот дел од автоматските мерни станици не работат.


ПОСТАНОК на една Теорија

Џон Олден Најт ловел на некое езеро на Флорида во февруари 1926 година, следејки ги советите и упатствата добиени од еден искусен чувар-водич. “Месечината мора да биде горе (полнa) или доле (младa), односно во насоката на должината на езерото ако сакаме добар улов”. Советите излегле корисни, но приказната овдека тек започнува како и понатамошните испитувања. Почнал ова правило да го применува на некои северни води во Америка, но не можел да се пофали со некој посебен успех. Причината ја наоѓал во другите фактори: температура, ветер, воздушен притисок, сезона, врнежи ...

По подолго проучување доаѓа до заклучок дека од голема важност за риболовот се односот Сонце-Месечина, прилив-одлив.

Но како овие фактори влијаат на слатководните риби и каква врска имаат приливот и одливот врз нив. Најт објаснувањето го наоѓа во однесувањето на морските црви во аквариумот во Њујорк. На копно далеку од море, во време на одлив, морските црви ги затварале капаците на своите дупки. Исто така, интересно е однесувањето на школките, чувани во темни подруми, кои почнувале фосфоресто да светат по заоѓањето на Сонцето. Како би докажал дека овие фактори влијаат на активноста на слатководните риби, Најт изработил табели за риболов кои се покажале точни и риболовот спрема нив бил успешен.

Привлекувањето од Сонцето и Месечината, кое може да се засилува кон Земјата, ако Сонцето и Месечината се во иста насока, или да се намалува ако е Сонцето од една, а Месечината на друга страна на Земјата, се фактори кои рибата ја потикнуваат да се храни и лови. Таа активност е најјака во моментот на најсилната привлечност, а се вика Солунарен Период”. - Џон Олден Најт

Кога Сонцето и Месечината ке се сретнат по должина на меридијанот на некоја земјина точка настанува сулунарен период за таа земјина точка. Ова се случува четри пати во текот на денот. Два максимални периоди - со силна активност на рибите и два минимални периоди - со слаба активност. Два максимални и два минимални периоди иако знаеме дека Сонцето и Месечината поминуваат само еднаш во текот на денот. Причината е што приливот и одливот се случуваат истовремено но од двете спротивни страни на земјината топка. Солунарните табели не го означуваат времето на прилив и одлив, кои инаку каснат бидејки им требе време да се подвижи водената маса, туку време кога Сонцето и Месечината поминуваат низ ист меридијан на што рибите веднаш реагираат.

Спознавајки ја важноста на гравитационото влијание на однесувањето на рибите, Најт почнал да испитува колкава е таа привлечна сила. Денес се знае дека и Земјата има свој прилив и одлив, кои исто така двапати дневно ја издолжуваат земјината кора од 60 до 180cm.

Правени се и експерименти со рипчиња изведени и одгледани во аквариуми. По пуштањето во природа веднаш барале засолниште, но по кусо време, во моментот на солунарниот период, излегувале и поаѓале во потрага по храна. Ги занемарувале навиките и ритамот на хранење кој го имале предходно во аквариумските услови. Испитувањата имаат покажано и дека разни видови мушички се изведуваат токму во солунарниот период, а ретко вон него.

Најтовата, солунарната теорија во прво време била тешко прифатена дури и од страна на неговите пријатели. Еден клупски пријател му го има кажано и следново: “Идејава е потполно луда и јас ни во еден збор не верувам ... но таа проклета работа сепак функционира”.

Французинот Пјер Барбелион е прв научник кој вршел експерименти базирани на Најтовата солунарна теорија. Ја поставил основата на солунарниот календар кој прецизно покажува како месечевите мени влијаат на успешен риболов. Според Барбелион најдобрите резултати се во времето на првата четврт, Млада Месечина, а најлоши за време на Полна Месечина.


Месечеви Мени и Време за Риболов

[ img ] Млада Месечина
Темната страна на Месечината е свртене кон Земјата и затоа не ја гледаме. Најдобро време за риболов првиот ден е до 9 часот, вториот ден до 8 часот, третиот ден до 13 часот, четвртиот и петиот ден до 16 часот, а шестиот и седмиот ден помеѓу 9 и 16 часот.

[ img ] Прва четвртина
Десната четвртина од Месечината е директно осветлена со сончевите зраци и осветлениот дел се зголемува. Првиот ден добро наутро а подносливо попладне. Вториот ден добро наутро. Третиот, четвртиот и петиот подносливо преку целиот ден. Шестиот ден најдобро до 13 часот. Седмиот добро цел ден.

[ img ] Полна Месечина
Осветлената страна на Месечината е свртена кон Земјата и директно е осветлена од сончевите зраци. Првиот ден подносливо. Вториот ден лошо. Третиот ден многу лошо. Четвртиот ден многу добро. Петиот ден добро наутро. Шестиот ден добро само рано наутро. Седмиот ден добро само до попладне.

[ img ] Последна четвртина
Левата четвртина од Месечината е осветлена со сончевите зраци и осветлениот дел се намалува. Првиот ден е добро по 12 часот. Вториот ден многу добро попладне. Третиот ден добро по 15 часот. Четвртиот ден подносливо по 17 часот. Петиот ден добро попладне. Шестиот и седмиот ден многу добро попладне.


РИБАРСКИ КАЛЕНДАР

Солунарните табели, календар, во денешно време се мошне ценети, како меѓу почетниците така и меѓу искусните риболовци. Денеска изработката на Солунарниот Календар е многу упростена. Постојат многу апкликации за виндовс и андроид основа. Постојат и сајтови кои даваат но и изработуваат мошне прецизни календари. Потребно е само да ја внесете географска локација и за кусо време го имате календарот за вашето фаворизирано риболовн место.

[ img ]

За грубо одбирање на време за риболов (всушност кога го планирам годишниот одмор) и пратењето на фазите на Месечината се користам со виндовс апликацијата Moonphase. Можете бесплатно да ја симнете од http://www.tingan.com/.

[ img ]

За прецизна изработка на Солунарен календар, јас лично ја користам оваа веб страница - http://www.huntfishsport.com/web.aspx?cmd=calendar. Потребно е да се логирате (едноставно и бесплатно). Ако не ја знаете вашата точна географска локација имате на избор и можност за визуелено пронаоѓање на местото со користење на карта.

За новите андроид телефони (на галење) фаворизирана е апликацијата Fishing Calendar.

[ img ]


СЕГА повеке нема УТКА !!!

Сите овие видливи и невидливи фактори кои влијаат на рибата сепак не се доволни да се испланира риболов кој со сигурност ке ветува потполно задоволство. Мислам дека сепак би требале да посветиме внимание на навиките на фаворизираните видови риби и како тие реагираат на одредените фактори. Само со подолготрајно набљудување, следење на постигнатите резултати и споредувајки ги со одредените фактори ке дојдеме до одговорот на прашањето КОГА да се оди на РИБА ???

Водете дневник за секое излегување на риба со што е можно повеќе податоци. Не заборавајте дека ниеден фактор сам за себе не значи ничто.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 7:27 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Odlicno napisano Bobi.
I veruvam deka e taka.
Megutoa jas odam na riba koga vremeto, semejstvoto, rabotata mi go dozvoluva toa. Za zal.
Sekako deka pratam nesto od ovie informacii no ne mi se presudni dali ke izlezam na voda.
Edna rabota sigurno znam.
Ako zena mi mi frli voda koga ke izlezam od vrata sigurno go fakam svetskiot rekord. Toa uste ne se slucilo. :P
Sala na strana.
Postojat ribari koj go pribelezuvaat sekoe svoe odenje na riba i gi zapisuvaat vremenskite informacii.
Ubavo e da se pravi toa no jas sum mrza za taa rabota.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 9:23 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
има многу вистина во овие теории кои држат вода

ама јас лично нити дневник водам нити ке водам некојпат а и многу неќам да се бавам со вакви теории некако поинтересни ми се читанјата на времето кои ги користеле порано (облаците, ветерот, месечината )- и сето ова не за дали јаде рибата него колку време ке имам да се рекреирам пред да ме потисне некое невреме :mrgreen: инаку за рибата ич не му се думам дали јадела или не (ако не јаде денес ке јаде утре или друг ден инаку ке умре од глад ;) :mrgreen: )

кога имам слободно време не размислувам многу само гледам кај е по расчистено дали на кај рек битола или на кај стрежево и тоа ми е метеоролијата и дилемата каде ке се оди ;)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 9:44 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ima logika, ..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 9:49 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Bobi, so zadovolstvo go citav ova tvoe opsirno pisuvanje.
Jas nikogas ne sum se vodel spored ovie faktori, zasto kako sto kaze i Saso, odam po riba koga mi dozvoluvaat obvrskite. No imam primeteno edna interesna rabota vo vrska so vremeto (od 9, posle 9 nautro, do kaj 15:00 i sl.) i sakam da najdam nekoja analogija od moi iskustva.
Na Tikvesko mnogu cesto pred da odam im se jauvam na prijateli za da mi kazat kako e aktivna ribata, pozicija i sl. Najcesto postarite kolegi (nekoi se sekojdnevno tamu i toa so godini) sekogas i bez isklucok mi naglasuvaat vo koj period od denot e najaktivna ribata:

- Ne odi rano, gjabe ke stanuvas, poslednive 3 dena, pocnuva od kaj 9 do 13:00 i samo togas "moze da kaze"
- Ako doagas, togas samo rano nasabajle, ke sednes ke se namestis i tamam pocnuva namu od kaj 6:00, fati sto ke fatis do kaj 10:00 i posle begaj, ne sedi gjabe na zeskoto, ne saka da cue posle 10:00
- Vcera cel den jadese, koga pocna od sabajle do 15-16:00, ne zanimavase cel den
- Abe vcera napravi edna serija od kaj 09:30 do kaj 13:00 i posle toa "bunar"

Znaci postarite kolegi od Tikvesko, ne vodat nikakov kalendar, no godinite pominati na voda gi naucilo deka ednostavno ima denovi koga ribata raboti kako na saat, na norma i deka nekogas kazuva do 9, nekogas od 9 nekogas rastura do 15-16.00 casot. Zatoa i go potenciraat vremeto, smetajki deka ke ti dadat pravilni nasoki. Kolegite se baziraat na svoite neposredni iskustva od prethodniot den i pretpostavuvaat deka taka ke bide i utresniot den, sto e pogresno, no za mene dokazuva deka postojat tocni vremenski periodi vo denot koga ribata e posebno aktivna. No sigurno deka tuka ima uste mnogu drugi faktori...koi vlijaat na uspehot vo ribolovot.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 10:04 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Еве еден линк со текст од оваа тема. Повеќето овде сигурно веќе го прочитале, но добро е да стои како надополнување на текстот од Bobi_Brada.

http://www.trofej.info/rubrike-mainmenu ... alicarenje

Прво сакав да го преведам текстот, па ми се виде многу работа :? .
После прочитав дека е забрането да се копира и слично, па решив да го почитувам тоа и да го поставам како линк ;) .

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 10:16 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Nemate poim kolku e ova vistina neli sme sega vo posledna cetvrtina kako srpce nz koj den ali manje bitno neli tamu si pisuva posle 15 casot.E sega jas vcera bev uste od 5 saat sabajle so eden prijatel od sabajle 2 udara 2 ribi sitni karascinja i cel den dremevme sega ke pocne posle ke pocne da jade dojde negde 3ipol nakaj 4 solidno jadese parcinja 500 grama ubava krupna riba si jadese moravme da si odime od prosta pricina sto snemavme voda 12 i kusur saati otepavme na voda,a mnogu zesko beshe :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 10:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Порано кога водев календар на Улови, приметив една многу интересна работа.

Иако сите информации кој што ги имав не одеа во прилог на добриот улов на полна месечина, ние упорно имавме извинредни резултати на полна месечина, поготово преку ноќ и дури едно време почнавме да пазиме на лунарниот календар и да бираме термин за риболов на полна месечина.

Разговарав со неколку добри познаваќи тогаш на оваа тема и сите беа зачудени кога има ја покажував статистиката.

До ден денес кога ќе видам полна месечина одма ме асоцира на успешен риболов!

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 3:03 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Навистина интересено,како што кажаа и пред мене,време за риболов има се помалку,па сосема ми е сеедно околу условите,одам и крај.Но во секој случај многу поучен текст :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 13, 2012 3:31 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
po moje iskustvo okolu mesechinata sekogash koga sum idel i nemalo mesechina,bilo temnica jaka, sum imal dobar rezultat na nokno a na polna mesechina slabo sum pominuval a mnogu ripala ribata...

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum