www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=54&t=2260 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | spiro_jas [Пон Jун 25, 2012 3:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) |
__________ ПЛАШИЦА ЛАТИНСКО ИМЕ- (Alburnus alburnus) е слатководна риба која припаѓа на фамилијата( Cyprinidae), род(Alburnus) ЛОКАЛНИ ИМИНА- плашка, белвица, кедер, плиска, нивичка ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА-во првата година достигнува 10см па се до до 25см- максимална ТЕЖИНА-.... ВРЕМЕ НА МРЕСТ- од АПРИЛ до ЈУЛИ МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ -Живее во истечни и стоечки ЦИПРИНИДНИ води -Кај нас познати се повеке видови од оваа риба кои припаѓаат на родот(Alburnus)- охридска, преспанска, дојранска, струмичка, нивичка Оваа врста ги населува скоро сите истечни води во поспорите токови и стоечки води и кај нас е многу распространета и ја има скоро во секоја вода. Се движи во големи јата и во водите каде нема прдатори се случува да се пренамножи.Во зимскиот период се повлекува во подлабоките слоеви. Инаку оваа врста завзема доста голем замав во такмичарскиот риболов со оглед на нејзиниот начин на исхрана и начинот на кој ја зема храната. Се храни со планктон, ларви, инсекти. Да напоменеме дека плашицата е многу важна врста во синџирот на исхрана на грабливите риби и на птиците РАЗМНОЖУВАЊЕ Мрестот го започнува од месец Април па се до Јули и тоа во групи најпрво започнуваат постарите примероци. Се мрести во големи јата во неколку сантиметри вода до самиот брег, икрата е леплива и се прилепува кон дното, камењата, тревите и корењата. Полно зрелите женки (од 1 до 3 години старост) положуваат од 5 000 до 8 000 икри а инкубацијата им трае околу една недела. И за само една година малите достигаат раст од 10см а животниот век им трае до 6 години. прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема: viewtopic.php?f=11&t=2259 Видете,ставете слика од вашиот УЛОВ :arrow:viewtopic.php?f=52&t=2261 сликите и информациите се превземени од интернет сајтови |
АвторCOLON | spiro_jas [Пон Jун 25, 2012 3:12 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) |
инаку првиот коментар треба да е на ЛЕПИ --- знај тој зошто е позната во охрид |
АвторCOLON | emil.matoski [Пон Jун 25, 2012 3:43 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) |
Една од највкусните риби, посебно кога е реж пржена. Посебно во овој период кога има добар фудбал и кога има добро друштво, реж пржена, добро посолена, пиво и пак пиво и пак ... нема ништо подобро за мезење. И најважна работа е што им се наоѓа занимација на жените додека гледаме фудбал |
АвторCOLON | Stole [Пон Jун 25, 2012 3:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) |
Истото го мислам и јас. А милион посто сум сигурен дека е повкусна од оние “угоени свињи“ кои дефилираат по форумов. |
АвторCOLON | spiro_jas [Пон Jун 25, 2012 5:26 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПЛАШИЦА - (Alburnus alburnus) |
мене некако СТРЕЖЕВСКАТА -- многу кеф ми прави за мезе , а богами и за ловење е интересна ,, - тука може да се види кој колку го бива да работи со танка спрема и начинот на прихранување-посебно -има доста добар фкус, посебно со ладно пиво после риболов во жежок летен ден, само како иди времето се повеке и повеке ја снемува инаку кој пробал до сега никој не се пожалил -- секогаш се бара уште |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |