www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:05 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 8:35 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Тешка тема.
Но треба да се започне и надевам да се почитува ( кој колку може и сака ).
Јасно ми е дека голем дел од риболовците сака да однесе риба дома.
Меѓутоа не знам што ќе добие ако однесе крапче или кленче од 15 см.
Вратете ги назад за да можат да пораснат.
Во прилог се минималните мерки пропишани со Закон.

ФАМИЛИЈА-ВИД НА РИБА / ЛАТИНСКО ИМЕ / ГОЛЕМИНА

САЛМОНИДНИ (ПАСТРМКИ) SALMONIDAE
ПАСТРМКА – ВО СТОЕЧКИ ВОДИ Salmo sp. (сите видови) 40 cm
ПАСТРМКА - ВО ИСТЕЧНИ ВОДИ Salmo sp. (сите видови) 30 сm
OХРИДСКА БЕЛВИЦА Salmo ohridanus 30 cm

ЦИПРИНИДНИ (КРАПОВИДНИ) CYPRINIDAE
КРАП Cyprinus carpio 40 cm
КЛЕН (УТМАН, БУШАР) Squalius sp. (сите видови) 30 cm
СКОБУСТ (БОЈНИК, СКОБАЛ, ПОДУСТ) Chondrostoma sp. (сите видови) 25 cm
БЕЛА МРЕНА Barbus sp. (сите видови) 35 cm
ЦРНА МРЕНА ВО ИСТЕЧНИ ВОДИ Barbus sp. (сите видови) 15 сm
ЦРНА МРЕНА ВО СТОЕЧКИ ВОДИ Barbus sp.(сите видови) 20 cm
ПИСА (ПЛАТИЦА) Scardinius erithrophtalmus 20 cm
ЦРВЕНОПЕРКА Rutilus rutilus 20 cm
ПОПАДИКА (ЕЃУПКА, ЛЕГЛА) Vimba melanops 20 cm
ЗЛАТЕН КАРАС Carassius carassius 20 cm
ЛИЊАК Tinca tinca 25 cm
МОРАНЕЦ Pachyhilon pictum 10 cm
БЕЛОВИЦА (ПЛАШИЦА, НИВИЧКА) Albumus sp. (сите видови) 12 cm
КРКУШКА Gobio sp. (сите видови) 8 cm
ПЕРКИИ PERCIDАE
КОСТРЕШ (ПЕРКИЈА) Perca fluviatilis 20 cm
СМУЃ Stizostedion lucioperca 35 cm

СОМОВИ SILURIDAE
СОМ Silurus glanis 70 cm

ШТУКИ ESOCIDAE
ШТУКА Esox lucius 40 cm

ЈАГУЛИ ANGUILLIDAE
ЈАГУЛА Angulilla anguilla 60 cm

РАКОВИ АSTACIDAE
РАК Astacus astacus 12 cm

ЖАБИ AMPHIBIA
ЖАБА Rana ridibunda 50 gr

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 10:52 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Супер тема за тие што немат извадено дозволи и немаат картонче со дозволени големини по вид на риба.
Една замерка за големините треба да се вратат на старите дозволени мерки и вкупно дозволено количество на риба од 5кг за кое мислам дека беше стварно реално.
Ке пробам викендов да побарам картонче за дозволени минимални големини од старите дозволи.
Овие се пренабилдани по ова излегува дека Крап испод 2кг не смееш да уловиш. Значи смееш само едно парче а порано беше од 2-3 парчиња. Истото важи и за некои од останатите видови риби.
Вака излегува работата ако фатиш еден Крап втор не смееш да уловиш туку пакувај трската и дома.
Или пали скара изедиго па настави да ловиш. ;), а ако е од 3кг фрлај ситната риба назад иако е мртва пошто ке те казнат.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 11:14 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... super si e ova i sekoj rekreativen Ribolovec treba toa da go znajt.

Minilalna dozvolena dolzina + maksimalna dozvolena Kolicina + zabrana za vreme na mrest na odredeni Ribi e pravilniot odnos koj treba sekoj R. Ribolovec da go praktikuva

Samo jas ne se slagam so toa izlovenata Riba da se ogranici vo KG :!: Pa ne vodime nie Stopanski Ribolov pa da merime vo Kilaza :!:
Pravilno e da se odredi dozvoleniot Lov vo PARCINJA, za sekoj vid na Riba posebno. Sho sega, ako fatam Krap od 5,3kg da go secam na polojna ili na tri dela, ili nekoj "pameten" ke kaze vrati go nazad!? Gluposti zivi!!!

Jas mislam deka "Ribar 2011" treba malku da podrazmisli na taa tematika i da dava predlozi do nadleznite, posto tie kako takvi nemaat blage veze za mnogu raboti za koi odlucuvaa, od koi Odluki nie R.Ribolovci imame samo glavobolki...

P.S. Izvinete so pisuvam Latinica, ne sum na mojot Kompjuter
;)


Последна промена од 1 на Lepi, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 11:15 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Dobra tema samo edno ne mi e jasno.Koj gi odreduva merkite i kolicinata?
Dali e toa na nacionalno nivo ili e odredeno vo ribolovnata osnova na sekoj revir posebno ili zavisi od koncesionerot?Istoto e i za period na zabrana poradi mrest....
Ako nekoj go ima spisokov koj go stavi Saso (a veruvam deka e oficijalen dokument) ke pomisli deka moze slobodno da faka linjak.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 11:17 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... Ilija, po nekoja Logika, a i od moevo iskustvo na zapadov, dozvolenite minimalni dolzini gi odreduva drzavata, a kolku smejs od koja Riba toe go odreduva odgovorniot za taa voda ;)

Linjakot e od 25cm nagore dozvolen da se lovit, sho znacit deka ne e "sloboden" :D A fala mu na Boga, nekoj ne go stavil karasot so minimalna dozvolena dolzina! Uste ako nekoj karasot go zastiti, e togas toj nekoj e stvarno DIBIDUS :twisted:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 11:24 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Законите се направени само како да се казни поштениот риболовец. Од една стана има набилдани најмали мерки од друга страна Љињакот, Златниот Караш, Ракот строго забранети за улов.
Бирај аго што ти е драго.
Најубаво решение земиси дозвола за стопански риболов и лови колку сакаш :lol: :lol: :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 11:49 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... i druga rabota e taa sho ne mozat da vazat istite propishani Pravila pred 20, 10 ili 5 Godini so tie shto treba da se aktuelni :!:

Ne mora sekoja Godina, no ministerstvata koi se nadlezni za kontroliranje na ribniot Fond, treba da pravat ispituvanja koj vid na Riba e vo podem a koj e izloven, i sprema toa treba da gi koregiraat od vreme na vreme propishanite Pravila.

A za Stopanski Ribolov, sekogash se znajt odnapred kolku TONI Riba smejt da se izlovit(iako na site nam ribata vo MK prirodno ni pripaga, a nekoj ni ja prodava), no nikade ne e zapishano minimalna dolzina na ribata koja smeat da ja ulovat so nivnite Mrezi... :x


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 12:10 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Врз основа на член 92 став 5 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на
Република Македонија“ бр.7/08 и 67/10), министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство, донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА ГОЛЕМИНАТА НА РИБИТЕ ПОД КОЈА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ЛОВАТ ЗА СТОПАНСКИ
И РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ
Член 1
Со овој правилник се пропишува големината на рибите под која не смеат да се ловат
при вршење стопански и рекреативен риболов.
Член 2
Големината на рибите под која не смеат да се ловат за стопански и рекреативен риболов
изнесува:
следат видовите со големини
Член 3
Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Наредбата за
големината на рибите под која не смеат да се ловат („Службен весник на Република
Македонија“ број 3/94).
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.
Бр.08-886/3
22 февруари 2011 година
Скопје
Министерство за
земјоделство, шумарство и
водостопанство
Љупчо Димовски, с.р

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 12:24 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
ilija НапишиCOLON
Dobra tema samo edno ne mi e jasno.Koj gi odreduva merkite i kolicinata?
Dali e toa na nacionalno nivo ili e odredeno vo ribolovnata osnova na sekoj revir posebno ili zavisi od koncesionerot?Istoto e i za period na zabrana poradi mrest....
Ako nekoj go ima spisokov koj go stavi Saso (a veruvam deka e oficijalen dokument) ke pomisli deka moze slobodno da faka linjak.
Секој ревир си има риболовна основа каде што се дефинирани минимални мерки, вкупна тежина, број на уловени примероци по вид на риба.

Разгледајте на прва страна, горе на менито (Езера, Реки), се што имаше по риболовните основи е извадено и ставено таму...

Еве ви пример

За Треска 1 и 2:

Вид на риба / Големина под која не смеат да се ловат

Пастрмка 30 см
Бела мрена 35 см
Црна мрена 15 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см

А еве за Треска 3:

Вид на риба / Големина под која не смеат да се ловат

Пастрмка 45 см
Крап 45 см
Бела мрена 35 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Црна мрена 15 см

Иста река, различен ревир, различна должина на пастрмка ;)

Одиме понатаму:

Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовен ревир “Треска 1” се определлува на:

македонска пастрмка - до 2 (два) примероци

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Треска 1” не се определува. Тоа значи дека единственото ограничување е бројот на уловени примероци пастрмка. (м.з. не ни има друга риба)

Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовните ревири “Треска 2” и “Треска 3” се определлува на:

Македонска пастрмка до 2 (два) примероци
Калифорниска пастрмка неограничено
Скобуст до 10 (десет) примероци
Клен до 10 (десет) примероци
Бела мрена до 5 (пет) примероци
Попадика до 25 (дваесетипет) примероци

А од друга страна:

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Треска 2” и “Треска 3” е до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видовите на риба кои не се наведени во списокот (белвица, црна мрена, кркушка и др.).
За видот “сребрен карас” нема никакви ограничувања и може да се лови во сите должини и во неограничени количини.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Минимални мерки
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 20, 2012 1:16 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Црвеноперка 20цм толкава во Паљурци немам видено,
Клен 30цм тоа е исто така реткост и фатам 28 цм и треба да го вратам? :x


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum