www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Грешки во објавените фотографии на рибите
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=54&t=1758
Страна 11

АвторCOLON  Д. Мајковски [Пон Феб 27, 2012 12:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Грешки во објавените фотографии на рибите

Г-дине Борис имате грешки кај фотографиите објавени во делот каде се дава описот на рибите во Македонија. Приметив грешки кај фотографиите на Црвеноперката и Кркушката. Кај кркушката забелешката е напишана под текстот и го прифати праќањето на тектот а кај црвеноперката беше подолг и не го прифати и затоа ви пишувам на форумот. Објавените слики не се од ЦРВЕНОПЕРКА него до ПЛОТИЦА(ПИСА).највероватно сте копирале фотографии од некоја Српска или Хрватска страна, таму плотицата ја викаат црвеноперка. Разликите меѓу одие видови риби се во следното: Грбната перка кај плотицата почнува далеку позади линијата на стомачните перки а кај црвеноперката се во иста линија. Устата на плотицата е завртена нагоре а на црвеноперката е права. Плотицата преку окото има вертикална црна линија а црвеноперката нема. Плотоцата или писата од Дојранското е. и р. Вардар има изразито црвена боја на стомачните, аналната и до до половината на опашната перка, додека кај примероците од Охридското е. и р. Црн Дрим нема црвена боја.
Поради горе наведеното Ви предлагам да ги промените фотографиите.
п.с. Горе наведеното можете да го проверите во риболовните основи, каде е даден описот на овие риби а ако ги најдете во електронска верзија, ќе можете да ги видите и боите.
Поздрав .... БИСТРО.

АвторCOLON  Lepi [Вто Феб 28, 2012 11:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Грешки во објавените фотографии на рибите

... која е таа Риба Кркушка :?:

АвторCOLON  Stole [Вто Феб 28, 2012 11:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Грешки во објавените фотографии на рибите

Онаа шарената
http://www.ribar.com.mk/index.php?optio ... &Itemid=92

АвторCOLON  ico baits [Вто Феб 28, 2012 11:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Грешки во објавените фотографии на рибите

:D :D :D petel eden :D :D krkuska crna mrena...

АвторCOLON  Филип [Чет Maр 01, 2012 8:35 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Грешки во објавените фотографии на рибите

Мајковски, ќе се потрудиме да ги смениме најбрзо што можеме. Фала на забелешките :)

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/