Драги колеги, јас како вљубеник на риболовот на сом, кој искрено во последниве 2 години не ми е ич за фалење,(ама не се откажувам) ја отварам оваа тема се со цел отворено да си поразговараме и воедно да ги споделиме размислувањата околу тоа дали некогаш кога би се слушал нашиот глас, би сакале или не акумулацијата Козјак да биде порибена со сом и зошто !?! Јас ке го произнесам своето размислување, па ве очекувам и вас потоа.
Јас сум сигурно за......
Зошто ??? Затоа што сомот како риба важи за предатор на водите, вистински грабливец, крал на темнината и длабочината, а овие услови ова езеро му ги нуди безпрекорно. Има длабина огромна, карпест предел, изобилие од храна и пространство за телесно напредување. Ке биде вистински мерак за ловење на сите риболовци. Некои од вас ке речат ке ја уништи другата риба !?! Има караш и плашка да лови и да јаде колку сака, а и да порасне енормно многу. Од карашот спас нема, плашка колку и да јаде неможе да ја искорени целата, крапот е премногу паметен за него, а кленот и пастрмката се брзата птица итрица.Едино може да ја разретчи попадиката која важи за кротка риба. За пар години мислам дека доволно бројно ке се размножи и ке преставува задоволство и за воблерашите и за оние кои ке го ловат на стандарден начин (
не со струкови
) мислев на дубинско
или со бучка !!!
Природните услови, пред се мислам на длабочината и пространоста-неколку пати ги спомнав, кои ги нуди езерото мислам дека можат да создадат езеро кое со сигурност ке може да го замени испразнетото и уништено Тиквешко, маѓепсаното Велешко(стварно незнам што се случува со сомот на тоа езеро, ако има некој информација нека пише) и харпуносаниот Вардар кога станува збор за риболовот на оваа риба, притоа без никакви загуби по останатиот рибен фонд. Само да знаеме, сомот при вакви идеално исполнети услови, и изобилие од храна годишно може да напредува во тежина од 1,5 до 2.0 кг. Интересен за риболов, вкусен за гурманска трпеза, не знам кому не би му било задоволство да го има на својата трска. Тоа беше моето размислување, сеа да го чујам вашето, БИСТРО !!!
ПС: Заборавив да кажам дека на Козјак едни мои пријатели близу браната веќе имаат пуштено околу 10 сомчиња Вардарски (околу 200-300гр) пред 2 години.За едно сигурно знаеме дека е фатено(се пофалил риболовецот пред неколку рибари кај што се спуштаат чамците) набрзо по пуштањето во првиот залив на тежина околу 500гр на шекерац и однесено си е дома по огромното чудење на среќниот риболовец !!! Можеби некој знае и повеќе од мене околу ова........... Баш ме интересира