... јас читав информација од МРФ, надлежна за нас р. риболовци, и ако МРФ ги дава информациите погрешно то си е нивна грешка а не моја
Да знаеш смо колку не си во право Лепи....
Забраните ги одредува,контролира и спроведува концесионерот.....Така да
таму кај што си купил дозвола побарај си информација...
Така да (те цитирам) твојата "северна Рајна Вествалија, после извршени испитувања која ги прави секоја година, имат објавено за 2014 кои риби кога им е мрестот, дали смеат или не да се ловат во мрест и минимални дозволени должини за земање на рибата"......
Значи сето ова го има и во нашиот закон,само што тоа е обврска на концесионерот...кој е должен да изработи годишен план (исто како во северна Рајна Вествалија) и да ги информира своите членови секако со купувњето на самата дозвола.
Член 13
(Управување со риби)
Со рибите од риболовните води управува Република Македонија.
Член 16
(Риболовна основа)
Врз основа на Програмата од членот 14 на овој закон за секоја
риболовна вода која се дава на стопанисување, се изработува риболовна
основа.
Риболовната основа е стручна студија за начинот на стопанисување
со рибите во одредена риболовна вода и се изработува за период од шест
години.
Риболовната основа од ставот 2 на овој член ја донесува министерот
за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Риболовната основа може да се ревидира доколку настанат одредени
промени кои директно влијаат на рибите во риболовните води.
Риболовната основа особено содржи:
- податоци за риболовната вода,
- основни хидрографски, физичко-хемиски и биолошки карактеристики
на риболовната вода,
- видови и количини на рибите - ихтиомаса,
- мерки за заштита и одржување на рибите,
- количини на дозволен излов по видови риби,
- време во кое е дозволен лов на рибите и најмалата големина на
рибите под која не смеат да се ловат по видови,
- минимум и максимум риболовни средства,
- програма на порибување (време, количина и видови на риби),
-
мерки за заштита на природните плодишта,
- економска основа за користење на риболовната вода со предлог за
висина на надоместокот,
- организација на рибочуварска служба и
- определување на риболовни подрачја, риболовни зони,
риболовни ревири и рекреативни зони, модел за стопанисување.
Нацртот на риболовната основа ги подготвува овластената установа
од членот 74 на овој закон. Пред донесување на риболовната основа,
овластената установа од членот 74 на овој закон ја запознава јавноста со
содржината на нацртот на риболовната основа и го објавува најмалку во
едно јавно гласило.
Содржината на риболовната основа поблиску ја пропишува
министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 17
(Годишен план)
Во согласност со секоја риболовна основа се изработува годишен
план за заштита и стопанисување со рибите (во натамошниот текст:
годишниот план).
Годишниот план со позитивно мислење добиено од овластената
установа од членот 74 на овој закон корисникот на риболовното право (во
натамошниот текст:
концесионерот) го доставува до Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 ноември во
тековната година за наредната календарската година.
Годишниот план особено содржи:
-
прираст и количини на риба во риболовната вода по видови,
- дозволен годишен и дневен улов по видови,
- план на порибување по количини и видови и потребни средства за
порибување,
- мерки и начини на заштита на риболовната вода и организација на
рибочуварската служба и
- планирани парични средства и намена на истите.
Годишниот план го одобрува министерот за земјоделство, шумарство
и водостопанство на предлог на Советот од членoт 19 на овој закон.
Концесионерот барањето за мислење го доставува до Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа
најдоцна до 15 септември во тековната година за наредната календарска
година.
Овластената установа од членот 74 на овој закон е должна да издаде
мислење на концесионерот најдоцна во рок од 30 дена од денот на
добивањето на барањето.
Доколку овластената установа од членот 74 на овој закон не го
достави мислењето во предвидениот рок се смета дека годишниот план е
потврден.
До потврдувањето на годишниот план се користи годишниот план за
претходната година.
Содржината на годишниот план поблиску ја пропишува министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство.
.