Инаку Илија пред да одиш со критиката можеше барем со еден збор да го поздравиш порибувањето.
Ova nemozam da go razberam.Neznam sto ti smeta sto ne sum go pozdravil poribuvanjeto vo koe i sam imam ucestvuvano.Imeno imam participirano 2200 den za paribuvanje so drzavnata dozvola.Drugiot del se od clenovite ovde(licitacii,drzavni dozvoli i sl) so koj sekojdnevno si komuniciram i gi cenam .
Neznam zasto tebe ti padna tesko sto ne sum go pozdravil poribuvanjeto nebare ti poribi.
Ми смета кога некој со негативен тон приоѓа на нешто позитивно, затоа што според мене најпрво треба да се поздрави секое порибување, од кого и да е и каде и да е, па тек после да му се наоѓа маани. Ти почна обратно. Инаку да јас порибив и сум организирал повеќе порибувања и сум зимал риби од рибници и сум возел по Македонијава за порибувања и сум помагал за други порибувања и покрај сето тоа и сум донирал и сум учествувал на лицитации заедно со повеќе мои пријатели тука од форумот. Иначе најлесно е “Еј ја дадов 1800 (не 2200)“ па вие порибувајте. Ти кога ќе порибуваш на овој начин како што погоре ти објаснив, да се јавуваш по репроцентри да договараш, да се јавуваш по инспектори да договараш, да склопуваш дописи до Инспекторат, да зимаш инспектори од дома и да ги враќаш, да договориш концесионери, да најдеш превоз, да платиш превоз, да ја земеш рибата, да се напраиш лом, да ја товараш рибата, да средиш со папирологија и записници, да ја донесеш рибата до место на порибување, да ја пуштиш и да и се радуваш и на крај да ја брцнеш камерата да снима под вода....е тогаш бујрум стави го видео да се види како треба за да знаат тие што не знаат.
Иначе дека од запирка се прави екстрем се согласувам,...од видеото јасно се гледа дека Сашо прво застанува на камен кој е повисок и од кога скокна првата пастрмка се преместува десно кон место на кое кофата може да ја спушти одма до површината и на тој начин пастрмките искачаат и се лизгаат во водата и ти тоа за тебе е “ рибите се направиле пуздер“....е тоа е екстрем....Да беа тоа риби со тежина кило две, па да се џиткаат од метар висина во вода од 20-30 сантима длабочина, да може и ќе се согласев, но во оваа ситуација....ова е барање влакно во јајцето. Мал дел од рибите од целото порибување (од сите кофи) беа зашамутени поради малтретирањето и црпењето од рибниците, патот кој траел 2-3 сата, плус повторно малтретирањето и црпењето од цистерната и ставање во кантите со кои беа пуштани....од тоа беа зашамутени и пак ќе речам тоа беа мал дел и тие сите до една се вратија во нормала и пливаа нормално, а не чапаво. Не угина НИТУ ЕДНА, а многу од нив среќно си скокаа и заминаа кон длабокото. Треба да се доживее тоа и што е најбитно треба да има Порибувања, ако нема порибувања нема да има ни материјал за темава.