_____
_____
ПЛАШИЦА
ЛАТИНСКО ИМЕ- (Alburnus alburnus) е слатководна риба која припаѓа на фамилијата( Cyprinidae), род(Alburnus)
ЛОКАЛНИ ИМИНА- плашка, белвица, кедер, плиска, нивичка
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА-во првата година достигнува 10см па се до до 25см- максимална
ТЕЖИНА-....
ВРЕМЕ НА МРЕСТ- од АПРИЛ до ЈУЛИ
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ
-Живее во истечни и стоечки
ЦИПРИНИДНИ води
-Кај нас познати се повеке видови од оваа риба кои припаѓаат на родот(Alburnus)- охридска, преспанска, дојранска, струмичка, нивичка
Оваа врста ги населува скоро сите истечни води во поспорите токови и стоечки води и кај нас е многу распространета и ја има скоро во секоја вода. Се движи во големи јата и во водите каде нема прдатори се случува да се пренамножи.Во зимскиот период се повлекува во подлабоките слоеви. Инаку оваа врста завзема доста голем замав во такмичарскиот риболов со оглед на нејзиниот начин на исхрана и начинот на кој ја зема храната. Се храни со планктон, ларви, инсекти. Да напоменеме дека плашицата е многу важна врста во синџирот на исхрана на грабливите риби и на птиците
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот го започнува од месец Април па се до Јули и тоа во групи најпрво започнуваат постарите примероци. Се мрести во големи јата во неколку сантиметри вода до самиот брег, икрата е леплива и се прилепува кон дното, камењата, тревите и корењата. Полно зрелите женки (од 1 до 3 години старост) положуваат од 5 000 до 8 000 икри а инкубацијата им трае околу една недела. И за само една година малите достигаат раст од 10см а животниот век им трае до 6 години.
прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема:
viewtopic.php?f=11&t=2259
Видете,ставете слика од вашиот УЛОВ :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2261
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови