www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Грчка речна идила 2
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=79
Страна 11

АвторCOLON  Poliz [Саб Ное 27, 2010 9:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Грчка речна идила 2

Ако се навратиме неколку денови наназад, не се ни замислуваше ваква тешка меѓународна утакмица ;)
Постоеше само една потајна желба од моја страна,да го повториме барем наполу со Мики, излетот од пред две недели. Договорот со Мики беше стар и неподложен на промени (Св.Петар не можеше да не премисли) ;)

Значи 14-15 ноември-на убавата река, на нашето старо место.
Е тука започна да се оцртува незнам веќе која по ред меѓународна средба со старите пријатели.
Едeн длабок машки глас ми се јави в четвртокот вечерта --- ИВАК. Дали ќе е на арно , :o човекот ќе тргнувал на петок 13 на риба. На таков ден, некој решил да се спрема за риби или за повеќе за софрата , која е неизбежен детал од нашите средби, :)
Со еден збор се разбравме-средба на нашето место.
Јас,Мики ,Ивак,Цецо,Тимо.


Во сабота уште во темното,бевме таму-а лудаците и покрај убавата доза на ракија од вечерта, веќе бркаа во едни кофи од најголемите полни со прихрана. Едно здраво-живо, стискање раце со старите пријатели и веќе беше време за работа , ;)

Моето старо место ---
[ img ]
Фрлање на штукарките, барем за мамец не се мачевме :) имаше во изобилие од Ивак,Цецо и Тимо од вчерашниот ден.
И повторно како по книга-брз удар ----
[ img ]
Добар старт, :)
Но старт на нешто поубаво од претходниот пат ;)
И се започнаа,една врз една ----
[ img ]
Некој се мезеше ,Laughing
[ img ]
некој префрлаше -----
[ img ]
а некој работеше , :D
[ img ]
До вечерта , штуката не развесели уште некој пат, a пак малку подолу од нас се одвиваше еден вистински училиштен час по ловење на попадики, кленови, бојници и по некој буцов

Сликите подолу нека зборуваат малку ---......
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Вечерта заслужен одмор, многу домашни ракии, мезиња, салати ,Laughing, абе така си личи :
[ img ]
[ img ]
На другиот ден, станување во темното и пак на старите позиции.
[ img ]
[ img ]
Еве едно секси фаќање на риба :mrgreen:
[ img ]
А еве ги старите волци како тихо и без шум, си ја тормозат рибната популација во реката :D
[ img ]
[ img ]
Големата кофа си го најде брзо патот ----
[ img ]
Имаше и убави риби, иако повеќето беа ситни.
[ img ]
Уште малку перчење со штуките и време беше за тргнување.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
И после фотосесијата, удар на уште една :)
[ img ]
Општ резултат за штуките-11 удари-11 риби (реализација ала Мајкл Џордан)
јас и Мики плус добра количина на попадика, клен и попадика.
И супер количина на бела риба од страна на Бг-тимот- ;)
Фотографија на трите апартмани, :) и збогување до новата средба за две недели-здрави и живи .
[ img ]

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/