www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 2:04 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 4:02 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Море, Море, Море....неограничен и неистражен рибарски свет кој чека да биде откриен. После некое време во кое се токмам за на морски спин дојде и тој викенд. Размена на информации со Сашо каде да се оди и од неколку можни места се одлучивме за Алики, пред се заради информацијата дека таму имало некој кој давал чамци и може да се изнајми....Хммм чамец + море + два дена....тоа беше интересна замисла и тргнавме со таа мисла.

Склопување екипа со љубители на морски предизвици Мишо, Тафта и Лале.
Временската прогноза малку не беше наклонета затоа што ветер над 20км на час на море и не е баш интересно за да се влага со чамец.
АтачментиCOLON
IMG_20161112_015345.jpg
Стигнавме на местото и решивме првиот ден да фаќаме од обала, а следниот да го бараме тој со чамецот за да го изнајмиме. Расположение на ниво, склопување пушките, вадење варките и почнавме да фрламе. 10 минути од како почнавме првиот удар на површинец и првиот бранцин изваден.
АтачментиCOLON
image-0-02-05-bc0e8e31067ee300a3cb2a2675dbbf8b83dab30dc1cbc7f6846a22144dd3aebd-V.jpg
Добро е си рековме, тука е, сега ги убивме....фрлај, фрлај, фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,.....ништо. Имаше и други луѓе, никој ништо. Почна некој ветер и полека почнавме да сваќаме дека ништо од првиот дел од денот
АтачментиCOLON
image-0-02-05-97ed85963df43239a67c6b7753cd89d743095c28ea0f1ed9b4cd64c64e8b27f8-V.jpg
Решивме да тркнеме до Пињос на некој 70 км од Алики да видиме дали е добра реката за да пробаме поручек и на стемнување таму. Стигање на Пињос што да видиме, чоколадно млеко и реката и цело море на уливот.
АтачментиCOLON
image-0-02-05-0cac8c3d05ae2ba74a48234cb64e958d44b6e121fa91060365e743fccd89b2c7-V.jpg
АтачментиCOLON
IMG_20161112_124330.jpg
Како покакани назат во кола и назат во Алики, џабе отепани 140 км. Изморени, издувани од ветерот се вративме во Алики
[/attachment]
АтачментиCOLON
IMG_20161112_131203.jpg
Решивме да го побараме типот со чамаците затоа што веќе мислите ни беа во утрешниот ден. Го најдовме, ни кажа дека неможе да ни изнајми чамец, но неговиот брат утредента ќе дошол и во 8 сабајле ќе тргнел со едно бротче, може за 10 евра од човек да не носи на риболов. Топ инфо. Задоволни од информацијата се вративме кај докот што фаќавме сабајлето да видиме дали има услови за риболов. Гледаме ветер корне, во морето овци се прават. Решивме ќе си поспиеме во кола. Таман заседнавме, Мишо едно време се издра....Леееееее абе видовте ли. Шо бе му викаме. Абе видовте ли колкаво рибиште рипна .....Му се изнасмеавме дека му се причинува од брановите. По една минута пак... Леееееее колкава е ....абе како не ја видовте пак скокна. Гледаме сите ништо само бранови. Абе ти се причинува му викаме.....и по една минута гледаме сите и ете ја ....скок на рибиште преку 30 кила сигурно :shock: ,...сабјарка ли беше, туна ли беше, ама големо беше и релативно блиску до докот. Како попарени сите изрипавме, извадивме опремата и трчанката на докот. Ваму беше, онаму беше, фрлај, мењај воблери и моли се да удри и да ти го земе цел конец :) Ветер кине ние фрламе како луди.
АтачментиCOLON
IMG_20161112_144404.jpg
Никој друг на докот, сите си фатиле џенем, ние фрламе ли фрламе. Ништо, едно 2-3 сата фрлавме и полека си се прибравме, рибата повеќе не ја видовме.

Вечерта извадивме шаторите и заседнавме да замезиме.
АтачментиCOLON
IMG_20161112_203137.jpg
АтачментиCOLON
IMG_20161112_203248.jpg
Ветерот на раат не не осатаваше, летаат шатори, се кинат конци, врзувај, стегај, колчи....налет седењето. За многу скоро бевме во шатори и заспани со мисла за следниот ден и риболовот од брод.

Дојде утро.
АтачментиCOLON
IMG_20161113_065702.jpg
АтачментиCOLON
image-0-02-05-1fda76c88dc56e7dfd039a9f194c1bc2ed10254bde40bf4e9694d0913d023dba-V.jpg
АтачментиCOLON
image-0-02-05-de45b156699f054b71972e0e9a2dce32a34ab31ebd4ef6e0d07c92346018fb5c-V.jpg
До 8 часот имаше време да се пофрла некоја рака, но ништо не удри.

Се собравме и правец кај бродовите.
АтачментиCOLON
IMG_20161113_084517.jpg
По некое време дојде Гркот, се утоваривме во бродот, дојдоа уште 4 грци риболовци и сите заедно во големо исчекување испловивме од пристаништето. Филинг невиден. Како на емисиине за туни ловење. Испловуваш кон отворено море на риболов :)
АтачментиCOLON
image-0-02-05-845190cf3c1512b099e3e43796ba2308236e2425e1d9f5d618420a0ec4a616d6-V.jpg
АтачментиCOLON
image-0-02-05-a7e81d4b0981d5fde9393bb51726f1b04601269c2983f8b7656c8591155ebb1a-V.jpg
Го прашуваме гркот има ли риби таму кај што не носи...вика има...добро е...извадивме по некоја ракија, вино да наздравиме. По некој си 15 минути гркот го врза бродот за една од повеќето бови што стоеја во морето. Тука ќе фрламе вика. Одлично извадивме опремата, ја завземавме палубата и почнавме да џиткаме. Грците ги гледаме аматери со конците во рака, оловото и од рака фаќаат. Фрлај, фрлај, фрлај, фрлај, ништо. Позади нас грците видно расположени на пола минута некој се дере ОПОПОООПОООПОО и вадат некој рипчиња од по 50 грама. Што се дерат овие за вакви ричиња си викаме, ама нив им беше филм, добро си беа расположени, а ние ништо, никаков удар. Бре мењај варки, џигови...ништо. Едно време Мишо виде невиде попушти, монтира систем со две јадички и олово, батали спинот и почна да фрла како грците. Почна и на него да му удира, што по една, што по две риби, битно нешто работи. По него и Лале се фати за истиот систем и он почна да вади. Искачаа секакви и најчудни рипчиња.
АтачментиCOLON
image-0-02-05-3fb2d8bfa4013ff0f555358ee9fb460c1a43f5bc23116c60e66753667f62d49c-V.jpg
АтачментиCOLON
image-0-02-05-385328e6eaccb77536fdaac464dd78b86cb38fe5c1492f54278c206e8a39c4af-V.jpg
Ја и Тафта останавме посветени на спинот и со надеж дека мора нешто да удри. Ама мора само да се умре, ништо друго не мора. Утепавме едно 2-3 сата, а ветерот стануваше се посилен и посилен, брановите поголеми, а клатењето на бродот се понеподносливо. Почнаа да се осеќаат првите знаци на лошење. Очигледно истото го чуствуваа и грците и едно време капетанот најави враќање затоа што веќе немаше услови за риболов и очигледно ќе почневме да повраќаме.

Така заврши патешествието со бродот, кое инаку да би било мирно море би било одлично искуство. Се вративме на докот и продолживме да фаќаме, кој на спин, кој на олово.
АтачментиCOLON
IMG_20161112_152721.jpg
АтачментиCOLON
image-0-02-05-58761fee5839c224715638c4455089168d2dcc1a02729187f9ad50286ea48ba2-V.jpg
АтачментиCOLON
IMG_20161112_154901.jpg
АтачментиCOLON
IMG_20161112_154210.jpg
Освен малите морски ричиња не искочи ништо друго.


Си фативме патот за назат, а главите ни беа тапан од ветерот, што би рекол Мишо, се чуствувам како да сум возел до Грчка на мотор...без кацига :lol:

Така заврши уште една рибарска будалаштина....Бистро до некоја следна авантура
АтачментиCOLON
IMG_20161113_171935.jpg
АтачментиCOLON
IMG_20161113_161957_3CS.jpg


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 5:25 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Abe vazno ubavo si pominavte

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 6:52 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Карај батко на морето :D Немам искуство на море,ама од зборење и без е...но рипче се враќале луѓе.Ретко да се начека ловен ден...како и да е авантура за незаборав сте направиле :thumbs_up:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 7:04 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
more i cist vozduh
a riba?
eeeeeeeeeeeeeee
nema nema nema ima nema nema........nema....mozda ima.......nema...kako za kogo...nema....ima.....ama voglavnom nema...bar od obala severna grcija....

a mnogu jaki ribaristata grci u 8 trgaat po riba. abe ja sum gi gledal dojde li 9 se pribiraat so camcite.

a sto e so tipot sto go drzi parkingot za camci, veke ne go izdava camecot?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 8:47 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСаб Феб 21, 2015 6:22 pm
МислењаCOLON40
Супер репортажа батки, барем *кеиф* си направивте.Следно со многу улов поз


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 9:10 pm 
Отсутен
Wannabe Модератор

РегистриранCOLONСаб Ное 12, 2011 4:15 pm
МислењаCOLON327
ЛокацијаCOLONSkopje
И вака не е грешка, ама побоље ќе беше да излезеше некое рипче.

Биќе, биќе... упорни момци сте вие ;)

_________________
Независен кандидат за модератор


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 15, 2016 10:27 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Море си е море. Ве издувал морски ветар и битно сте фрлале. :D

Одлична репортажа Боро. :ok_ok:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2016 12:54 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
CTS-klen НапишиCOLON
more i cist vozduh
a riba?
eeeeeeeeeeeeeee
nema nema nema ima nema nema........nema....mozda ima.......nema...kako za kogo...nema....ima.....ama voglavnom nema...bar od obala severna grcija....

a mnogu jaki ribaristata grci u 8 trgaat po riba. abe ja sum gi gledal dojde li 9 se pribiraat so camcite.

a sto e so tipot sto go drzi parkingot za camci, veke ne go izdava camecot?
Nas ni kaza deka nemoze da ni izdade, iako imase dosta camci, zosto kako ne prasuvavme zosto vednas ni ja kaza opcijata so bratmu i toa e toa


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2016 1:09 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Aпр 01, 2012 2:24 pm
МислењаCOLON745
Koj nema u glava,ke ima u glava vetar,se salam ubavo iskustvo,sledniot pat idete da cekate krap na more,mozit ke imate nekoj raaaan.so bi rekol Keltan :lollol: :lollol: :dragon: :dragon: :secret: :secret: :thumbs_up: :thumbs_up:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Морски будалаштини
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2016 2:30 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Па што ако немало риба (голема и повеќе)
    • сте си прошле убаво, а и убави фотки сте си направиле.
:ok_ok: ТОП


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 21 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum