www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 1:50 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 2:09 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Апетитите растат, желбата е голема, страста на највисока точка, време се најде и ете не пак на една од подoбрите крапски води на балканов.
Идејата ни беше есенва да ја поминеме на Доњи Жабар, но едноставно Рјаховски ливади ни ги замати малце плановите и ја ставивме на мапа без размислување.

Не сакавме натпревар, просто последниве 3-4 год. само по натпревари се влечеме и сакавме да одмориме, иако имавме намера да начекаме нешто такво и да улетаме.
На слободен риболов некои работи успеавме да ги консолидираме.

Екипата требаше да биде иста онаа од Агов дол, но Ховиц не успеа да најде време и покрај желбата да си ги тестира новите трски - не успеа да дојде.
Но ќе дојде ден. 2017-та е пред нас. :ok_ok:

Со чичко Васил разговаравме на кафе во Скопје за една кампања овде и не требаше многу за да се убедиме.
Планот беше да ја посетиме некаде средина на септември, но едноставно не се споија коцките па и покрај ниските температури и променливото време се решивме за средина на октомври.
Знаевме дека нема да имаме акција како што би имале јули или август, но пустото крапско те јаде и тука нема разум. :nono:

Ја наполнивме колата со опрема, се спремивме тип-топ и после нормално непреспиена ноќ пред тргање, веќе бевме во Софија кај Чичко Васил.
Дожд не скапа од Скопје до Софија, но по едно топло кафе, баничка кај Чичко Васил и веќе бевме на пат кон Севлиево (Рјаховски ливади).

[ img ]

Од Софија до Севлиево имавме 180км, одприлка 2 ипол часа возење, но тоа не се осеќа со адреналин и шашав памет за пецање. :crazy:
Таму не чекаше Љубо (пријател на Чичко Васил) кој не донесе до вода и ни помогна да стигнеме до позицијата како и да ни даде информација
за езерото.

Веќе некаде кај 14ч бевме на вода. Езерото беше прекрасно, но голем ветар не пречека. Дуваше кинеше.

[ img ]

Причекавме да барем потсмири ветарот за да може да се поставиме. Сонце огреа, но ветарот не престана...и нормално, ни ветар не не спречува
за да што побрзо се поставиме и фрлиме трските. Крапски мозок! :crazy:

Чичко Васил дури го постави и CHUB аксесоарот за тоалетна хартија. :ok_ok:

[ img ]

Промоција и на новиот FOX Royal 2 man Bivvy, хотел ХИЛТОН и веќе Гоце се оптегна да одмори после долгиот пат.

[ img ]

Фрливме трските, прихранивме блиску за почеток со чатал и кобра и чекавме да престане ветарот за да можеме здраво да прихраниме.
Додека чекавме да смири ветарот, веќе почна акцијата...

Крапчиња од 2-4кг, како и еден Амур од 6кг.
Прилично солидно за почеток, си викам ќе ги скапеме. :filip:

[ img ]

Ветарот се смири тек вечерта кај 19:00ч, така да одложивме за утредента да почнеме посериозно да работиме, а вечерта да ја одмориме
и да се дружиме....

Сепак, се јави уште еден Амур од 7кг. кој Тафта успешно го донесе до брег.

[ img ]

Почнавме да кулираме, малку салатка, малку мрсно и по некоја домашна со чичко Васил пошо Гоце не пие веќе алкохол. :D

[ img ]

Не посети и сопственикот на езерото - Николај кој ни посака добредојде, а ние за возврат по една Македонска жолта и добар муабет. :ok_ok:

[ img ]

Ни даде дополнителни информации за поуспешен риболов, како и битна информација дека одкога се сменило времето преку ноќ не е толку активен крапот и дека веќе влегува во хибернција т.е зимски сон.

Но добро, тоа е тоа...бевме спремни на вакво нешто и нема назад па што биде - нека биде...битно сме на вода. :ok_ok:

Сефте и на MGS-от на Тафта. Еееее Зиги бееее :D

[ img ]

Веќе беше време за у шатоооор...температурата падна под нула, влагата си го напраи своето и беше брутално ладно.
Но, греалката е тука и у шатор за 5 мин. напраивме бања. Коооој со теб сега заспиваааа..... :D

[ img ]

[ img ]

Помина ноќта и си дојде утрото...спремни да му фикнеме на ракетите и да излеземе над 100м.
Николај ни кажа дека тука блиску активен е малиот крап, така да знае да влезе у серија и да потешко се дојде до капителен примерок.

Но до 9 часот беше ладно-болеше, магла...трските не се гледаа!

[ img ]

Само што почна да се крева маглата, веќе чичко Васил им влезе у серија и почна да си ги тамани.

[ img ]

[ img ]

Во меѓувреме, Николај не повика да го снимиме пуштањето на капитален примерок од 22кг. во езерото...
Еееееее...пример колеги, пример е ова.



Но тоа е тоа, одиме понатаму...

Накај 12 часот, друго годишно време...сонце пукна, почнавме да се соблакаме, а богами и работиме.

[ img ]

Резултатот беше серија на мали крапчиња до 4кг. Но сеуште не проработеле хранилиштата на 90 и на 120м. :filip:

[ img ]

[ img ]

Tака беше се до попладнето, каде почна да се смирува активноста и сите трски ги фрснавме горе на 100 -120 метри.
Време беше за ручек, па се фрливме на работа.

Во отсуство на Ховиц, кулинарската палка ја земав јас...искрено ми фалеше, особено во овој дел. :D

[ img ]

[ img ]

Се најадовме, удривме по некоја и се спремавме за приквечерието со надеж дека ќе се јави BUD SPENCER. :lollol:

[ img ]

Ноќта беше прилично мирна, не толку ладна како минатата, но сонот беше неизбежен...такво спиење не сум имал досега, но и нешто друго не сум имал досега - ама на трска. :D

4 наутро, затворена врата од шатор, греалката шушти, ќебето ми паднало доле и на вртење слушам тииииититиииирититиииии...
Скокам од кревет и се местам пред трски...ПРЕСТАНАААА!....ма какиии нема шанси?!?

Чмаам така клекнат и си викам, ќе продолжи, мора да продолжи...ова не беше повлекување, ова е закачен и тука е...
Па немаше 3 секунди и повторно..тииииититиииирититиииии...

Само што кренав, осетив тежина, повлекување и подголтнав....Гоце излезе од шатор, чичко Васил стана и почна да работи адреналинот.
Како го носам накај мене, така ме тегне наназад...лево, па десно, па неколку мали дрила и мислев дека е некаде до кај 8кг.

Но штом се приближи, го видов тоа портокаловото елече така големко и му реков на Гоце...Гоце чизмите мајсторе и влагај у вода.

Влезе целиот успан и шлапа, но мајсторски го укепа од прва...и како што го гледам дека го крева, слушам дека му се смени гласот викајќи...тежжжок е. :D

Голем, колоритен и убаво дебел - BUD SPENCER. Крап 17,760. :ok_ok:



BUD SPENCER драги гледачи од Рјаховски ливади - Personal best! :fishing:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Го погалив, се сликав, и ајде назад...доволно е!

Да напоменам дека рибите беа толку со слуз, по што се гледа дека ова што го имаме како улов е малтене последниот бран.

После тоа си седнав со кафе и цигара за да го симнам адреналинот и пак се шибнавме до сабајле у кревет. :D

А сабајлето веќе беше сосема друга приказна...

Тука Тафта им влезе у серија. :D

Првиот преубав гол крап од 8.580...борба одлична, сефте на Velocity-то и МGS-ите...ВРВ!

[ img ]

Еееее, само јас немам видео... :cray:

Уживајте...



[ img ]

[ img ]

Па уште некој до кај 5кг... :D

[ img ]

И нормално, после оваа активност...отиде кофата. :lollol:

[ img ]

Одкако отиде кофата, интернет провајдерот чичко Васил не зарази да сурфаме... :D

[ img ]

При сурфањето се појавија некој оси од нигде никаде, но јас имам чаре за тоа. :lepi:
Турско кафе во конзерва и се што треба да се направи е да се запали...100% функционално!
За 2 мин оса не се заврте - истово важи и за комарци. Без 100гр. кафе за палење не тргам по риба. :ok_ok:

[ img ]

Морам уште еднаш да го ставам, шаторот е ВРВ!

[ img ]

После интернет сесијата панично - опасен РАН кај чичко Васил...буквално го запали сигнализаторот.
Како собра брутално, мислиш излегол од вода и си го влече конецот со перка...блесав крап. :crazy:

Не требаше многу и чичко Васил веќе си играше со него каде се гледаше дека е посериозна риба и дека станува збор за 10+

Чичко Васил во акција, уживајте во видеото... :ok_ok:

Крап од 11,260кг - ЛЕПОТАН!



Мала фотосесија..

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Па повторно акција насекаде...

[ img ]

Се си беше дента на место, па така релаксирано ја дочеаквме и ноќта.
Се шибнавме сите по шаторите, почна некој студ и влага....БИНГО - време е за дремка. :D
Не памтам да сум легнал у 21:00ч...страшно.

Но не е крапскиот риболов таков каков што е, доколку не те шекне...
Така сум се утврднал шо ТОП НЕМАШЕ ДА МЕ РАЗБУДИ...Нит сигнализтор сум чул, нит бутур....ПРАВ ТОП!
Но затоа ортакот е тука... :thumbs_up:

Ран исто во 4 часот наутро и Гоце го осетив само дека излезе од шатор.

Го прашав...Риба ли е? ...Да, облакај чизмите и дојди да кепаш...И така направив....
Гоце успешно го денесе до брег, но по блесава риба не сум видел...АМУР 13.200кг.

На сите ни залепи по еден шамар, абе кепот ќе го скршеше...борба поголема беше за да се сликаме со него, одколку да го извадиме. :crazy:
ТОРПЕДО!

[ img ]

[ img ]

Како сум успан, ме освести со тоа опашката по лице. :D

[ img ]

Ееееее...не звероса рибава, долга метро ипол, глава бучук...класична подморница! :crazy:

Но се справивме и со неа... :ok_ok:

По едно кафе у шатор и по некој 2-3 цигари, па пак директ у кревет. Надвор ЛАДНО - БОЛИ!!!

[ img ]

[ img ]

Последен ден, утрото магловито - прст пред око не се гледа, но имаше крапчиња од тие калапите па се загревавме со нив.
Веќе се кроеа планови да се собираме зашто пат не чека..

Полека почнавме со процедурата која точно траеше два ипол часа...НО ВО МЕЃУВРЕМЕ... :D

[ img ]

[ img ]

Крап од 9.260кг...БРАВО ЗА ЧИЧКО ВАСИЛ! Се отпиша перфектно!!

[ img ]

Но, и Гоце се отпиша... :D

[ img ]

Отпишување парекселанс. :lollol:

И така колеги, заврши уште една посета на една преубава вода богата со риба.
Поминавме солидно...но со оглед на околностите - искрено сум многу задоволен.

BUD SPENCER го запознав, на ред е Шварценегер кој ќе го барам у Холивуд 2017, па преку него ќе морам да се запознаам и со YOKUZUNA!

Ме кршеше на Street Fighter. Но здравје. :D

Застанавме на едно кафе во Севлиево и пут под ноги за Софија кај чичко Васил на ручек.
Посетивме по некоја Софиска продавница попат и правец дома.

Заврши целата авантура перфектно и благодарност до чичко Васил за топлиот пречек и дружењето.
Бесценето!

Поздрав од екипава и ветувам 2017-та уште многу вакви репортажи. :ok_ok:

[ img ]

БИСТРО!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 7:18 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Ova e bre ribolov od svetski razmeri..) Odlicno..odlicno...

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 8:44 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Super pomin :fishing: :fishing: :fishing:

Amurive epten pregladneti za razlika od krapovite
Cestito sator i masinki

Tafta vreka da si kupe ne so kebeto od dedo noe uste da go nosi

Bravo za reportazata

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 8:47 am 
Отсутен
Wannabe Модератор

РегистриранCOLONСаб Ное 12, 2011 4:15 pm
МислењаCOLON327
ЛокацијаCOLONSkopje
No comment!!!

:NotWorthy:

_________________
Независен кандидат за модератор


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 9:15 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maј 14, 2012 4:06 pm
МислењаCOLON243
ЛокацијаCOLONМаврово
Без коментар! :volku_golema: :~~ :NotWorthy:

_________________
If i'm not fishing, i'm thinking about it!

www.ribar.com.mk


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 10:35 am 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
:ok_ok: :ok_ok: :ok_ok: :~~ :~~

Extra pomin.. bravo :)

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 10:35 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON605
Капа доле немам зборови за репортажава и за дружењево...Љубоморен сум :mrgreen:

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 11:47 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Со сите салтанати :thumbs_up: Само не сватив,кој е Бад Спенсер,Тафта или Васил :D Ти не ке да си, повеќе ми личиш на Теренс Хил :lol:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 12:28 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
bravo za reportazata... mnogu ubav pomin...
Sekoja cest

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BUD SPENCER од Рјаховски ливади
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 15, 2016 12:43 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Секоја чест Зиги ... си ја скоцкал као ваља и требује :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:
Одличен риболов , променливо но убаво време . Немаше количински многу риби но квалитетни .
Многу ме зачуди кога ни кажа сопственикот на езерото дека навечер активноста на рибата е многу слаба .
Вода која дефинитивно вреди да се посети и вода во која пливаат големи риби .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 28 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum