Летово со Емил бевме неколку пати на Радика. Претходната репортажа се случи пред балканското на Тара, а оваа репортажа е од крајот на јули, кога рибата стануваше се помалку активна поради топлото време.
Теренот познат, најубавиот крај во Македонија, риболовна техника мушичарење
Се ловеше со нимфи во текот на денот, фаворити беа фазан и копер џон, а на стемнување на сува, иако беше послабо од претходно, со оглед на минималното роење на инсекти на стемнување.
Неколку фотографии од теренот, Радика е рај за очи
Дел од уловот што е сликан:
Мушици кои ми беа најловни ова лето (нимфи и суви):
Бистро на сите
п.с. Ова е мојата 4-та репортажа годинава, од вкупно 22 за 2016 година на цел форум
Репортажава им ја посветувам на сите кои престанаа да ставаат репортажи, а посебно на дел од модераторите