www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Илинденски маки големи http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5968 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | Boris [Чет Aвг 06, 2015 12:34 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Илинденски маки големи |
....И така дојде големиот празник Илинден, продолжен викенд, размислувања кај да се иде, риболов отпадна како варијанта бидејќи женско друштво влезе во варијанта и тоа е тоа најчесто тие две работи не идат заедно .....како и да е падна договор да се иде на кампинг и како опции беа места со вода така што не беше се изгубено на риболовен план. Финал локација Преспа кај што нема многу луѓе. Во два потези со Кременадла се договоривме да земеме еден сет трски, еден сет опрема, 2-3 кила пченка и без многу размислувања и надежи за риболов да тргнеме. Така и бидна, тргање Саботата не баш рано, возење по пеколов и помеѓу Прилеп и Битола ни текна дека сме ја заборавиле кутијата со ситен прибор . Не дека нешто се надевавме дека ќе има риболов, него не бива да не прошетаат покрај вода, а трски да не фрлиме. Ајдее јавувај се кај Злате, па кај Менде и за кратко бевме во Бистро Битола да купиме што немаме. Набрзинка купивме некакви јадици, некаква плетеница, осмици, тапи, оловца и фитиљ да не нема. Она што во моментот немаше Менде беше игла за нижење така што тоа остана подоцна да го смислуваме. Стигнавме на Преспа отидовме директ на едно место што ни го кажа Менде како добро за риболов, се спуштивме до езеро, искачаме со Мишо, гледаме диво место, имаше по некое дрвце, ни скокна нешто во езеро си се насмеавме, ама брзо се вративме во реалноста дека женските особи не ни искочија од кола, ...се враќаме кај нив и канонада напади “тука ли најдовте....види какво е....камења колку има....неможеш во вода да влезеш...“ се гледаме со Мишо за нас тоа беше смештај со 5 ѕвездици, ама жеништава ....Ајдеее цурих назад во кола и да бараме друго место, возиме го гледаме кампот Отешево, влегуваме таму ни таму не чинела плажата, ајде пак во кола возиме за Стење, таму гледаме ОК плажа, но не е ок за камп, не е ок за риболов, луѓе, гужви.....ајдее тргнавме за Коњско, а натаму патот нечинел.....надвор 40 степени пекол, ние нервозни фрштиме , сатот 15, ........ајде назад накај отешево и некако по некоја случајност најдовме едно место кое имаше некоја попитома нишка и не многу луѓе и тука истовар, жените веќе неможеа да кажат ништо затоа што веќе бевме доволно нервозни....џиткање во вода да се оладиме и да ни помине нервозата и ајдее правење камп на 40 степени. Некако помина таа голгота, се опуштивме малку, почнавме да си правиме системи, влеговме фрливме некоја рака пченка и некаде пред стемнување пуштивме и трски. Езерото уживанција за сите пари. Она што е за издвојување е што системите ни беа чиста импровизација, а патент ни беше дрвената игла со која асално се изнамачивме. Прво го дупнуваш зрното со јадица или вилушка, зашто ако земеш да дупиш со дрвената игла знае да се скрши, а пола сат претходно си ја делкал (неколку скршивме), па откако ќе брцнеш треба да пазиш да не ти пукне зрното затоа што дрвцето не е баш тенко, па ако не пукне зрното некако да го извадиш влакното со контрта на дрвената игла и на крај дрвце да му ставиш за стопер ....абе живци од конпоци, трпение и многу умешност Не се надевавме на удари бидејќи касно фрливме, дента на 30-40 метри од нас се бањаа, ние се бањавме и така вечерта помина релаксирано со шприцер и мезиња и без никакви удари. Се отспавме асално и не раздени 02 Август Илинден. Ајде нека е за арно за убаво, за многу години денот, супица за добро утро, ракиичка за наздравје, една две три...едно време ни текна и да префлиме трските. Ги наместивме, влеговме прихранивме и пак се дадовме на мезлк. Едно време накај 10-11 почнавме да слушаме некои скокови позади трските и после пола сат го добивме и првиот удар. Излезе едно крапче од околу 2 кила. Неочекувано но наеднаш се најдовме со Мишо во акција . Ај си викаш ова некое ќоро. Го извадивме што го извадивме не сме земале сакови, ајде врзи го со јаженце за трските. Таман го врзавме и да ја намамчиме трската на која беше фатен, повторно удар. Дигаш трска, почнува борба и за кратко завршува. Конецот скинат . И додека се мислевме и врзувавме нов систем, пак удар на трета трска за 10 минути. Дигаш трска, почнува борба, наваму натаму, тинг пак кине . Веќе ни стана јасно дека доле гребе по камењата, а на камењата кога се бањавме забележавме мали школки и јасно ни беше колку е сатот. Е арно што ни стана јасно, ама опремата заборавена, а крапот легнал на хранилиште, што да се прави, врти се лево десно, само јажиња за тенда врзување. Бргу вади сите трски, ставај по 2 метра од тоа плетеницата што ја купивме за правење на системи со надеж дека нејзе потешко ќе ја скине додека рие по школката. Фрлај назад во вода и за 10 мин.пак удар. Дигаш, почнува борба, држ недај, еве го ено го, пак скина. Ни плетеницата не беше доволно јака . Се чудиме со Мишо како глупи што да прајме, земавме почнавме да ставаме манила, онаа за јајца врзување. Па нејзе неможеш да ја протнеш низ оловата, сејфти купивме само 6 од кои 3-4 веќе ни ги скина, Мишо ископа некој inline олова, па мучи се да ја протнеш манилата низ нив...абе гревчиња сме биле....ама што да се прави кога крапот не фати неспремни, ќе се снаоѓаш. За кратко уште еден удар, борба и искочи уште едно крапче од околу 2-3 кила кое за малку не скинало, ја имаше оштетено плетеницата и конецот на повеќе места. Па уште еден удар и кинење. Па уште еден удар и еден од околу 4-5 кила беше надвор. Се ова за околу 2 сати. Околу 6-7 кинења и 3 извадени. И во сред илинденско востание, во сред борби и илинденски маки големи, ете ти го една локална џукела со џип и глисер иде да се спушта баш кај што ни се трските. Бре ука бука расправање за малку и до тепање. Бре жени не смируваат. Не попушта идиотот од цело езеро баш тука он 30 години го спуштал глисерот и немал од каде на друго место, се јавивме на тој еден момак од кај концесионерот преку кој извадивме дозволи во надеж дека ќе се разбере со локалецов да не ја правиме големата....му го давам на телефон, гледам овој го смути и него нешто . Почнаа жениве да се мешаат да не ја правиме големата и некако се помиривме да тргаме трски и батето да влезе тука. Секако тоа беше крај на серијата удари. Се понадевавме дека вечерта ќе се врати крапот, но ништо од надежите. Сепак нервозата ни помина, се дадовме на уживање пред зајдисонце. Извадивме тапичка, пецкавме некои грунци. Имаше и риболовни гугуткања Тоа е тој рибарски момент.....он лови, она нежно му шепка.... Дојде на ред и скарата и компирот во жар и мезиња и шприцерај... Дојде на ред и тазе крапче... И така заврши Илинденското востание и не раздени 03-ти август. Рано сабајле накај девет моравме да заминеме и покрај тоа што беше неработен ден, за една од женките не беше. Растураме камп со Мишо со болка во срцето и со едно око накај трските. Еве го ене го ќе ја даде денес порано серијата....топки кантарови. Ај да се сликнеме со двата крапа што ни беа врзани за трските, гледаме најголемиот си се одврзал и си заминал. Така е кога не се во сак, шлапаше цела вечер и на крај борбата му се исплатела. Остана ова малечкото за фоткање. И така заминавме баш кога требаше да останеме . Сепак мислите останаа на убавото Преспанско езеро и некоја идна асална сесија ....ама без жени, да може човек да се изнафаќа, па и да се изнатепа како човек. |
АвторCOLON | limun75 [Чет Aвг 06, 2015 12:43 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
Сте требaле мaлце дa гo истресете кaубoецoт сo глисерoт,рaди редa |
АвторCOLON | bato [Чет Aвг 06, 2015 1:17 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
Инвентивност на ниво! Абе кога ти се лови риба проработуе кликерот! |
АвторCOLON | Boris [Чет Aвг 06, 2015 1:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
И Тафта да не го заборавам од него на идење тенда земавме |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Чет Aвг 06, 2015 1:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
И на сите маки , одлично сте поминале Мене ме чуди што од мушичар си чекал опрема да земе , ох се навикна само со трска по риба да иде |
АвторCOLON | Филип [Чет Aвг 06, 2015 1:31 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи | |
....ама без жени, да може човек да се изнафаќа, па и да се изнатепа како човек.
Ова стави го во “форумот едуцира“
|
АвторCOLON | saso_pepe [Чет Aвг 06, 2015 2:07 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
drug pat da se javvuvate koga idite imate clen na forumot od resen so trebase kke vi donesev um za drug pat so kakov jeep bese lokalniov fraer |
АвторCOLON | Филип [Чет Aвг 06, 2015 2:09 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи | |
drug pat da se javvuvate koga idite imate clen na forumot od resen so trebase kke vi donesev um za drug pat
А и ќе научеше нешто
|
АвторCOLON | saso_pepe [Чет Aвг 06, 2015 2:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
a to NE begam od krapski ribolov o gaol od temjan |
АвторCOLON | ZeleN [Чет Aвг 06, 2015 2:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Илинденски маки големи |
bravo momci odlichen provod, mene nekako ribolov i zheni ne mi odat zaedno ama ete i taa kombinacija ste ja isprobale toj pogolemiot shto vi izbegal jas ke go fatam i ne go pushtam |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |