www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Клен од река Треска..by Oki-ribar
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5945
Страна 13

АвторCOLON  okiribar [Вто Jул 14, 2015 9:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Клен од река Треска..by Oki-ribar

Река Треска ,да ја посетиме и нејзе да видиме каква ли убавина ни нуди покрај нејзиното речно корито,со надеж дека ке имаме и добар улов на клен.

Со Горан -жацо си појдовме саботата попладне 18.часот ,се со цел да си обезбедиме добро место за риболов ,каде никој не би ни пречел и би ловеле со мерак тишина и и задоволство.

Така и беше најдовме по нас едно прекрасно место каде по читањето на водата ,течението и речното корито мислевме дека токму тука лежи задоволството...кленот...

Длабината на реката беше 80 сетина сантиметри ,бистра вода,не многу брза но сепак бараше тапа 8,10,грама ,конец 18ка ,и мерак за ловење.Мамците ги гледате во клипчето но најдобар се покажа како и многу пати..дренката.. бидејки се стемнуваше поставивме по некоја трска на ..олово..односно пробавме да ловиме на дно и на пијавица,си сваривме по едно дупло кафе и почна надмудрувањето,односно цела вечер си преседевме покрај огинот со рибарски муабети .

Се раздени и се наместивме на нашите омилени места ,ги пуштивме болонезите и почнавме со возење на тапата ,за мене риболов кој во целосно ме опушта каде нема друга помисла освен моментот кога ке ја снема тапата и удирање на контрата ,за да потоа радоста биде огромна кога ке се најдат ваквите кленови.

Денот ни беше исполнет со удари,закачувања по гранките кои се наоѓаат под вода , ама кога ги лоциравме и избегнувавме имавме успех,имавме и кинење на конец 18 ка,како од шала, со две цимања и кленот го немаше,тоа е реката Треска накратко .
Ние како и секогаш бевме задоволни со тоа што ни го понуди природата,реката ,риболовот.

Погледнете и сами за каков риболов се работи .

Дел од природата што не опкружуваше до пристигање на местото за риболов.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Дел од опремата и самите мамци кои ги користевме и на кои се надевавме дека ке имаме успех.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]



[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

На ист ваков риболов би одел секојдневно како многумина од нас ,па затоа и наредниов викенд ке бидеме на истото место,ако сте за дружење повелете .

Ви посакуваме ..БИСТРО..

АвторCOLON  emil.matoski [Вто Jул 14, 2015 10:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Убава репортажа Оки, а и убави риби сте фатиле.
Инаку и јас со мојата екипа во неделата бевме на Треска и Беличка река, но нас целна риба ни беше пастрмката. На кој дел бевте вие? Претпоставувам под влив на Беличка река.

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Jул 15, 2015 12:30 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Прекрасна природа Оки, ама крап да имаше. Ееее..........е
:thumbs_up:

АвторCOLON  pirati [Сре Jул 15, 2015 3:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Bravo be bate Oki.... sekoja cest

АвторCOLON  Филип [Сре Jул 15, 2015 7:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Убава репортажа колега, а кленовите се мераклиски, козјачки :)

АвторCOLON  vasil [Сре Jул 15, 2015 8:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Како и секогаш одлично 6+ :lepi:
ПС. Оки да те прашам, кленовите диви ли се :fishing:

АвторCOLON  VladoMKD [Сре Jул 15, 2015 9:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

:D Klen divljak cicko Vasil :lol:

Reportazata kako i obicno :NotWorthy:

АвторCOLON  Boris [Сре Jул 15, 2015 11:39 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Секоја чест за љубовта со која ни ги пренесуваш убавите рибарски доживувања :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: бар малку да поземат од примерот сите буљ..и кои одат по риба, а не поставуваат ништо на форумов :thumbdown:

АвторCOLON  ZeleN [Сре Jул 15, 2015 11:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

Oki tvoive klenovi kako krapovi se :D

АвторCOLON  CTS-klen [Сре Jул 15, 2015 12:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Клен од реката Треска..by Oki-ribar

ubavi klenkovci :~~
na tie plavite leptiri nekese?

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/