Продолжен викенд
рај за тридневен крапски риболов
но за среќа бев надгласан и договорена е спин дружба во Грција
Петок сабајле , утовар
најтежок ми беше фрижидерот со водата
и правец Грција .
Не ми се веруваше дека одам по риба а колата не ми крца од опрема , па за секој случај земав и еден параболик
за секој случај , да се најде
Околу 3:40 стигнавме на дестинација и иако очекувавме поголема посетеност , таму беше само локален рибар кој на дубинка си пецаше попадики и кленчиња
Местото беше одлично , времето како створено за риболов ... локација за мерак
Трските и мамците беа спремни и штукијадата можеше да почне
Ударите се редеа , но и нашите грешки се плаќаа со откачувања и квалитетни кинења ... првите 5 риби ги изгубивме поради не користење на сајли
додека свативме дека сајли мора да се стават , изгубивме и време и доста убави примероци на штуки , но на грешки се учи
Сајли поставени , кинење нема
излегоа и првите убавици и забавата можеше да почне
Убавината траеше до кај 13:00 додека не задува некој квалитетен југ , кој како да ја избрка рибата од река
до вечер ни еден удар
Сепак , квалитетно поминат ден со убаво друштво и убави риби
Шампоионот на денот со најголемата извадена штука ...
следува кумот со најмногу кинења и откачувања
и се разбира , мојата крапска маленкост
Бистро до следната друба
_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.