Река Треска ,да ја посетиме и нејзе да видиме каква ли убавина ни нуди покрај нејзиното речно корито,со надеж дека ке имаме и добар улов на клен.
Со Горан -жацо си појдовме саботата попладне 18.часот ,се со цел да си обезбедиме добро место за риболов ,каде никој не би ни пречел и би ловеле со мерак тишина и и задоволство.
Така и беше најдовме по нас едно прекрасно место каде по читањето на водата ,течението и речното корито мислевме дека токму тука лежи задоволството...кленот...
Длабината на реката беше 80 сетина сантиметри ,бистра вода,не многу брза но сепак бараше тапа 8,10,грама ,конец 18ка ,и мерак за ловење.Мамците ги гледате во клипчето но најдобар се покажа како и многу пати..дренката.. бидејки се стемнуваше поставивме по некоја трска на ..олово..односно пробавме да ловиме на дно и на пијавица,си сваривме по едно дупло кафе и почна надмудрувањето,односно цела вечер си преседевме покрај огинот со рибарски муабети .
Се раздени и се наместивме на нашите омилени места ,ги пуштивме болонезите и почнавме со возење на тапата ,за мене риболов кој во целосно ме опушта каде нема друга помисла освен моментот кога ке ја снема тапата и удирање на контрата ,за да потоа радоста биде огромна кога ке се најдат ваквите кленови.
Денот ни беше исполнет со удари,закачувања по гранките кои се наоѓаат под вода , ама кога ги лоциравме и избегнувавме имавме успех,имавме и кинење на конец 18 ка,како од шала, со две цимања и кленот го немаше,тоа е реката Треска накратко .
Ние како и секогаш бевме задоволни со тоа што ни го понуди природата,реката ,риболовот.
Погледнете и сами за каков риболов се работи .
Дел од природата што не опкружуваше до пристигање на местото за риболов.
Дел од опремата и самите мамци кои ги користевме и на кои се надевавме дека ке имаме успех.
На ист ваков риболов би одел секојдневно како многумина од нас ,па затоа и наредниов викенд ке бидеме на истото место,ако сте за дружење повелете .
Ви посакуваме ..БИСТРО..
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Убава репортажа Оки, а и убави риби сте фатиле.
Инаку и јас со мојата екипа во неделата бевме на Треска и Беличка река, но нас целна риба ни беше пастрмката. На кој дел бевте вие? Претпоставувам под влив на Беличка река.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Секоја чест за љубовта со која ни ги пренесуваш убавите рибарски доживувања бар малку да поземат од примерот сите буљ..и кои одат по риба, а не поставуваат ништо на форумов
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 35 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум