Оваа година повторно на истата дестинација во исто време. Мала група од 13 колеги тргнуваме во 01часот на 30-ти Мај кон Романија, пат од прилика 400+км од Софија.
Во 06 часот се собираме во Русе , поагаме кон Дунав мост и после едно 30 минути веке сме во Романија, остануваат околу 100км до Сарулешти.
Патувањето поминува без никакви проблеми и некаде околу 9 сме во кругот на комплексот каде што пристигна прво г-дин Роберт Радута и малку после него и менаџерот за крапски риболов на Сарулешти Нико. Се поздравуваме како стари пријатели, краток договор за слободните места кои ни се предлагаат, разбираме дека водата е енормо покачена но што е тоа е.
Предност да си одберат места имаа првите две групи кои за прв пат доагаат на езерото, Ние решивме застарото добро место највеќе поради убавата сенка.
Се изненадеив кога дојдовме на позицијата , водата беше еден метар нар она ниво кое го знаеме, растоварање на багажот, подготовка на чамецот, електро моторот и со сонарот влегуваме да ги поставиме маркерите. Имавме четири маркери кои во нормални услови ни се и повеќе од доволни , сега со ова ниво ни требаа едно педесетина да може секое потопено дрво кое не можевме со голо око да го видиме да го маркираме. Но што е тоа е.
Развлекувањето започна како и прихранувањето и наскоро сите 12 трски беа во вода. Непомина долго време започнаа првите удари кои за жал останаа нереализирани. Близината на дрвата си го направи своето, од пет удари успевавме да извадиме една риба.
Ловевме на боили 30 и 24 мм, потрошивме 90кг боили, 40кг третирана пченка и 25 кг пелети.
И покрај малиот лов во никој случај не сме задоволни, друштвото беше повеќе од одлично , си поминавме седум незаборавни дена на прекрасното езеро.
Целата група изрази желба догодина повторно да дојдеме но во Септември да не не изненади пак висок водостој.
Еве и дел од снимките