www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5876
Страна 11

АвторCOLON  Филип [Вто Maј 26, 2015 12:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Викендов бев до Охрид. Во саботата и неделата со Емил бевме на Дрим, ловевме бојник. Активност слаба, по неколку риби дневно, со десетици лебови за прихрана, ништо интересно.
За понеделникот се договоривме да отидеме на рекичето на Емил, кое се наоѓа на околу 35-40 км од Охрид ;) Се договоривме да одиме два тима, јас и Јулио да почнеме од првата локација и да одиме нагоре неколку километри, а Емил и Јане едно 7-8 км над нас и да ловат во тој дел.
Прв пат одам да ловам на рекичето, инаку повеќе пати сум поминувал покрај него и сум го гледал :)
Рекичето е мало, најдлабоките места кај што поминувавме беа до колена, а имаше и вирови длабоки до половината.
Риба има многу, претежно е поситна, но се гледаа и убави парчиња кои овој пат не успеавме да ги уловиме, со оглед на тоа дека 15-20 минути пред нас помина една друга екипа од локалци кои ловеа на блинкер, ама од обала, па доста од вировите беа упропастени за риболов. Затоа ние ја баравме рибата надвор од вировите, по брзаците и краевите на рекичето.
Ловевме на блинкери, 0, 1 и 2, сребрени, златни, бакарни, па дури и розеви :D На сите имаше улов :fishing:

Еве малку фотографии од рекичето и дел од уловите :)

[ img ]

[ img ]

Првиот улов дента кај нас

[ img ]

Мојот прв улов

[ img ]

Локацијата на уловот

[ img ]

Фини локации за риболов

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Рипчиња

[ img ]

[ img ]

Најголемиот улов дента

[ img ]

Локацијата на уловот

[ img ]

[ img ]

Закачки насекаде

[ img ]

На местата каде што немаа поминато претходните, даваше риба без проблем

[ img ]

[ img ]

Лапаа дури и розев блинкер :filip:

[ img ]

C&R, од прва до последна

[ img ]



Како одевме нагоре, рекичето стануваше помало :)

[ img ]

Погоре од нас, Емил ги молеше на колена да му удрат на блинкерот :P

[ img ]

Некои го послушаа :lol:

[ img ]

А ова е Јане :lepi:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се на се, убав излет во уште поубава природа, на чист воздух, здраво шетање низ река, а по пат видов и еден волк (ни претрча сабајлето на 20-30 метри од нас, а денес сабајле на враќање кон Скопје видов уште еден пред Стража покрај патот, нешто многу се накотиле изгледа). Рекичето ќе го посетам повторно некогаш, да им оставиме време на рипчињата да пораснат уште малку :)

На крај, по препорака на Јулио, отидовме во едно ресторанче на сосема друга страна, ама вредеше секој километар :mrgreen:

[ img ]

[ img ]

Бистро :fishing:

АвторCOLON  kokan [Вто Maј 26, 2015 2:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Bravo! :)
Ubavo mesto i ubav provod sigurno.... a deka na bistrovo rekice i roze boja sakalo :) Ne bi stail roze', ama bas nikad. Posle ova kje smenam mislenje 8-)

АвторCOLON  okiribar [Вто Maј 26, 2015 4:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Toa e toa ,ubavo od prva do posledna fotografija.

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Вто Maј 26, 2015 6:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

odlicni sliki i druzenje

АвторCOLON  Spaiva [Вто Maј 26, 2015 7:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Убаво, браво за C&R.

АвторCOLON  PERUN [Сре Maј 27, 2015 9:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

:~~ :shake_hand: :~~ :~~ :lepi: :lepi:

АвторCOLON  pirati [Сре Maј 27, 2015 11:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Ubava reportaza. A i rekickata ubava.

АвторCOLON  CTS-klen [Сре Maј 27, 2015 11:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

super vi e rekickata, a pastrmkite preubavi....ubaini
vi preporacuvam meps 00 mislam deka e dobitna kombinacija za taa voda.

restoranceto e so taka malce aromaticna okolina :) ama ubava skara

АвторCOLON  Филип [Чет Maј 28, 2015 7:19 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

CTS-klen НапишиCOLON
vi preporacuvam meps 00 mislam deka e dobitna kombinacija za taa voda.
Нулата едвај работеше, уште е големка водата за толку мал спинер :)

АвторCOLON  kire [Пет Maј 29, 2015 8:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Уште една посета на “рекичката“ со пастрмките

Рекичкава прекрасна,полна со пастрмка и дружбата супер

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/