РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
После двегодишно интензивно убедување од страна на Јулио, денес конечно се решив да ја посетам неговата рекичка. Да бидам искрен бев голем скептик, мислев дека водата ќе е матна и брза, мислев дека уште е рано за планински реки, мислев дека ќе одам и ќе добијам лош прв впечаток за реката, ама .....
Утрото во 7 часот веќе бевме на реката. Кога ја видов водата бистра веднаш ми се наполни душата и веќе не ми беше важно дали ќе уловиме риба или не, едноставно водата беше одлична за риболов и се зависеше од нас за тоа дали ќе имаме улов.
Јас ловев исклучиво на блинкер, а Јулио почна со тиролец, продолжи со блинкер, а на крај се обиде и на сува мушица со васер кугла. Најдобар резултат даде Mepps Aglia бакар боја, Јулио на тој блинкер денес растури, а имавме риба и на тиролец и на други блинкери.
Еве некоја слика од денес :
И што друго да кажам после олку слики? Не се потребни зборови за да се опише оваа убавина. Не знам колку пати си помислив како после толку молење од Јулио не сум дошол на оваа река. Морам да признам дека бев премногу изненаден од оваа река, ама многу пријатно.
А на крај од убавата авантура се појави и капиталецот на денот, најголемото изненадување што ми го приреди оваа рекичка денес:
Не знам што повеќе да кажам, прекрасна река, но нема да напишам која е и каде е, се надевам дека нема да ми се лутите. Јулио дал збор на тој што му ја кажал реката, а јас му дадов збор на Јулио дека нема да ја кажам ...
После риболовот, нормално се освеживме со ладно пивце во дворот од Јулио
Бистро колеги.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 71 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум