www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Пастрмките од Црн Дрим
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5863
Страна 11

АвторCOLON  emil.matoski [Пет Maј 15, 2015 10:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Пастрмките од Црн Дрим

Веќе 2-3 години риболовците се фалат со улови од пастрмка на Црн Дрим, а јас дури оваа година прв пат целно се обидов да уловам пастрмка и после неколку неуспешни обиди успеав да се запишам со улов :fishing:
Прво еве некоја фоторафија од Црн Дрим од завчера:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Еве и едно видео од тој дел на Црн Дрим:



Завчера форсиирав блинкери, најмногу Mepps

[ img ]

И еве го резултатот, една мала пастрмка кој беше фатена на сите три јадици и ми требаа неколку минути за да ја откачам, па на крај многу ја оштетив и решив да ја земам. Сепак беше во мера, ама посреќен ќе бев ако ја вратев.

[ img ]



Денес не ме држеше место и после работа повторно отидов на Дрим. За денес решив да форсирам воблери, да видам како ќе се покажат тие.
Започнав со Ugly Duckling:

[ img ]

[ img ]

И еве го резултатот после само 5-6 зафрлања и тоа на истото место каде што пред два дена ја фатив и првата пастрмка:



Откако ја пуштив оваа пастрмка, се поместив на првото наредно место погоре од ова и веднаш имав уште еден удар, ама овој пат беше навистина силен удар, но рибата веднаш се откачи и не знам дали беше пастрмка или клен.
Овде уште би напомнал дека и двата дена риболовот ми траеше по само час и половина, односно до 18.00 часот сум на работа, во 18.30 пристигав на вода и ловев до 20.00 часот, а ударите ми беа само во првите неколку минути од пристигањето на вода, а после тоа мртвило.

Бистро колеги и се надевам дека ќе имаме почесто репортажи со пастрмки од Црн Дрим, а и со капитални риби :fishing:

АвторCOLON  Филип [Пет Maј 15, 2015 10:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Уште Јулио невин остана :D

АвторCOLON  CTS-klen [Пет Maј 15, 2015 11:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

do 18:00 na rabota i odis si fakas riba vo udaren termin :filip:
dooobra privilegija ;)

АвторCOLON  emil.matoski [Пет Maј 15, 2015 11:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Е тоа е предноста на мал град :D
Ама и тоа не е за секого, како беше онаа реченица од „Степски волк“ на Хесе ..... „не е за секого, само за лудаци“ :mrgreen:
Прашање на време е кога ќе ме избркаат од дома, ама се надевам дека заедно со опремата ќе летам :filip:

АвторCOLON  MIHALI [Пет Maј 15, 2015 11:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

ovoj model i broj na mepps (bi so stavil i trojkata) od istata shara e mnogu loven za pastrmka ;)

АвторCOLON  emil.matoski [Саб Maј 16, 2015 12:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Добра констатација, овој модел на Mepps од секогаш ми бил фаворит за пастрмка.

АвторCOLON  Tvrdko [Саб Maј 16, 2015 10:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Emil probaj rano odsabajle na istata shara(bubamara) ama na zholta osnova i kasno popladne,preku den na belata osnova,moeto iskustvo mi pokazhalo za dobitna kombinacija.Bistro. :saso:

АвторCOLON  Dzeko [Саб Maј 16, 2015 2:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Na majstor ne mu treba mnogu vreme...hahaha.Sekoja cest prijatele sto naogas vreme za mali vistinski raboti koi go cinat ovoj zivot prekrasen...

АвторCOLON  DUKAC [Вто Maј 19, 2015 12:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

Drim e sekogas ubav ,prekrasna priroda.Ako udri i riba ,poln den.Bravo.

АвторCOLON  CTS-klen [Вто Maј 19, 2015 12:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пастрмките од Црн Дрим

taa bubamarata parce prai i na radika.
mada na edno drugarce konjak mu e srebrena aglia golemina 00

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/