РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
За први мај традиционално отидов во Охрид. Нормално, со претходен договор со Емил и Јулио за риболов на Дрим.
Забраната за бојник беше на сила од 15.04 и трае до 15.05, а забраната за клен почнува на 05.05, така да се договоривме да ловиме клен на тапа и на воблер.
Во петокот отидовме “папучарски“ после 12:00, си фативме убава позиција, Емил убаво накрми и почнавме со риболов.
Во почетокот излегуваа само бојници, а подоцна и по некој клен.
Сите бојници веднаш ги враќавме назад.
И се тоа уредно снимено (C&R)
На крај излезе и долгоочекуваниот кленко (1.8кг)
Подоцна почнавме да ловиме и на спин
И Јулио се запиша во листата на стрелци, за малку се спаси
Омилената позиција на Емил
Уште некој клен излезе на Ујка 2-че
И секако, мора да ги пофалам рекреативните риболовци кои се грижат за природата и прават се што е во нивна моќ да ја сочуваат
Денот го завршивме со прилепска скара во Струга
Утредента Емил ми јави дека ќе оди со Јане повторно на Дрим... Времето никакво, во Охрид врнеше, не издржа срце јуначко и правец натаму
Овој пат рибата беше повлечена во трската, пробавме кај фармите, ама немаше резултат, па се префрливме. Со Емил ловевме цело време на спин, кленот скокаше кај гранките и паднатите дрва во водата и успеавме да излажеме по еден со Емил.
Ловевме на вакви позиции (првата кај што Емил го извади кленот, втората кај што јас го извадив мојот)
Мојот беше поголем и само тој го сликавме (1.2), Емил не сакаше да се слика со “кленчиња“, веќе имаше фатено доста поголем на тапа
И секако, малку тренинг за модерно сликање со крап и спремање за крапска лига 2015
Јане го оставивме на една ширинка, ловеше на тапа, имаше извадено неколку бојници и кленови, не ги сликавме кленовите, касно беше..
Денот го завршивме пред кооперација во Враништа
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Одлично поминат викенд со одлично друштво.
Како сите викенди не траат по 3 дена?
Инаку папучариве што тргнуваа за по риба во 12 часот можеби беа во право, доволно беше едно попладне за да се наполнат батериите и да се има добар улов
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
ubava rekreacija decki.
pogotovo mi se sviga toa relaksirano od 12 odis po riba vo blizina i si prais keif
aj nemora od 12, moze i od 7-8 saat sabajle i pak doma za rucek i slicno...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 75 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум