www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Втор Државен Мушичарски Куп Шум 2015-та
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5812
Страна 11

АвторCOLON  Предраг [Сре Aпр 08, 2015 11:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Втор Државен Мушичарски Куп Шум 2015-та

Вториот државен мушичарски куп во организација на МРФ се одржа на езерото шум во неделата на 05.04.2015-та година. На овој мушичарски куп зедоа учество 11-сет натпреварувачи (мушичари) искусни но и некој нови. Иако имаше скептици пред натпреварот дека ќе се лови во када, дека ќе се лови на рибник, во езеро полно со риби, дека ќе ги утепаат, дека судиите нема да постигнат со мерења,.....сепак не беше така што покажува и крајниот резултат. Она што е за поздравување е дека сите овие натпреварувачи беа спремни со сите потребни документи (договори, лекарски уверенија, осигурувања, спортски легитимации,..) а чија проверка ја направија инспекторите од надлежнот инспекторат.
Но да почнеме од почеток.
По програмата предвидена за овој натпревар беше предвидено да има два натпревари од по 2,5 часа со пауза од половина час, но со оглед на временските прилики (неприлики) кој беа најавени се одлучи натпреварот да трае непрекината 5 часа. Натпреварувачите пристигнаа на време , иако дел од натпреварувачите кои претходната вечер малце отспале (најверојатно возбудено од престојниот натпревар или од вечета помината во....) се почна по предвиденото извлекување на бројки и одење на стаза.
При првиот свиреж на судијата се започна со фрлање и одма удар кај Филип и повик до судијата за мерење,

[ img ]

Одма по Филип и најблискиот натпреварувач до него од левата страна се запиша со улов, но за жал овој натпреварувач иако упорен до крајот на овој натпревар остана само со оваа риба.

[ img ]

Уловите почнаа да се редат а Филип ја искористи позицијата да улови неколку пастрамки по ред се додека Радован не застана до самиот брег да снима со што престана да му гриза на Филип.

[ img ]

[ img ]

Еве дел од стазата т.с. натпреварот и натпреварувачите од мојот објектив.

[ img ]

Ова беше убавиот дел од натпреварот т.с. се додека не заврна кога автоматски се намали или подобро кажано се смени начинот на гризање на пастрамкат.

[ img ]

Натпреварувачите имаа и потешкотии со закачување на блиските огради околу езерото но секојпат убаво се снаоѓаа. Во секој случај брзо се прилагодуваа во зависност од која позиција се зафрлува каде што воедно дојде до израз и мајсторијата на одредени мушичари.

[ img ]

По изминатиот прв час веќе се надзираа победниците на овој натпревар. Драги , Јулио и Маријан работеа константно и професионално, додека Илија беше беспрекорен во мајсторијата на зафрлување. Еве уште некоја слика направена за време на натпреварот со постојаниот дожд. Натпреварувачите беа мокри, изморени и измрзнати.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Илија успеа да ја улови најголемата риба од 40 см. Која за жал не е сликана и снимена.
По завршувањето на натпреварот сите учесници на овој државен куп се пресоблекоа и заедно отидовме на еден ручек каде што се прогласија и доделија пехарите, дипломите и медалите.

[ img ]

[ img ]

Доделени беа наградите за трето место кое го освои Маријан од Рибар 2011,

[ img ]

Второто место го освои Драги од Пастрамка Струга,

[ img ]

А Првото место заслужено го зазеде Јулијо исто така од Пастрамка Струга,

[ img ]

Покрај првите три места доделен беше и пехар, диплома и медела за наголема уловена риба која ја зема Илија повторно од Пастрамка Струга.

[ img ]

[ img ]

На ручекот од страна на мушичарите изразено беше благодарност до МРФ и слухот кој го имаат за овој спорт со желба веќе од наредната година овој куп да прерасне во Мушичарска Лига од три кола кде две би биле на река а едно на езеро и со тој начин би се покажала масторијата и снаодливоста во различни ситуации.
И за крај да ви кажам дека уживав гледајќи ја оваа дисциплина и мајсторија од нашите мушичари.

АвторCOLON  СЪНДИ [Вто Aпр 14, 2015 4:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Втор Државен Мушичарски Куп Шум 2015-та

Честито и со ЗДРАВЕ!

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/