www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Ало, море, ти си?
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=5757
Страна 12

АвторCOLON  sinooksk [Вто Maр 03, 2015 9:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Ало, море, ти си?

Оваа мини репортажа ја посветувам на сите учесници, а најмногу на претседателот Сашо. Со своите ентузијазам, иницијатива и желба мислам дека му нема рамен. На негова иницијатива, а наша желба се склопи екипата, претседателот, Срѓан, началникот Нено, Пеце и јас. Одиме на море, да ги најдеме бранцините (лавраците) и да им се реваншираме за сите претходни (не)успеси. Ден - недела. Според временската прогноза, знаевме што не очекува. Дожд, некој променлив ветар, но претежно дожд. Иако временските услови не беа соодветни за да направам повеќе фотографии, па и некое видео (врнеше речиси цел ден), ете успеав на неколку пати да го вклучам апаратот и да ја споделам морската убавина преку сликите. На само доаѓање на докот кој што беше планиран за ловење, Пеце на прво фрлање имаше фантастичен удар и риба на трска! Андреналинот ни се крена 200 % ! Наравоучение, пред да почнете да фрлате, секогаш имајте спремно кепче во близина. За жал, нашето беше во кола, далеку од случувањето. Додека да стигнам до Пеце, само што почнав да се спуштам кон карпите каде што беше, рибата се откачи и не поздрави со опашката среќно враќајќи се во морето, на наша (не)среќа. Супер почеток, но кратко време по овој вовед во денот, Сашо сигнализираше дека има риба на трската. Овој пат стигнав на време, таман за да ја (при)фатам со раце рибата. Мераци, бранцин/лаврак, си помислив дека ете, сега ќе ги растуриме рибите. На радоста и немаше крај. Кој си знае, си фаќа, вели претседателот насмеан. Продолжуваме понатаму. После некое време, играјќи се со една зара што ја имам земено од претседателот, вежбајќи ја walk the dog техниката на водење на мамецот, забележав како се прават малку поинакви бранчиња зад мамецот и во истиот момент видов само како се преврте рибата, белината на стомакот и бам! Удар и ја имам рибата на трска! Но за жал, дали заради трокуките ( беа нагризани од солта), дали заради моето (не)знаење како да удрам контра со добар тајминг, рибата по 5-6 секунди се откачи. Ете, тоа беше она што не "возеше" цел ден на дождот, она што ни ја подгреваше надежта дека ете баш сега ќе удри некој монструм и ќе имаме приказна за внуци да ја раскажуваме. Но, ете, тоа беа главните возбудувања тој ден, покрај дневнополитичките случувања кои ја тресат земјава, нас не тресеше морска риболовна треска :D Се на се, денот беше убаво поминат и покрај временските услови постојано се смеевме и шегувавме и насмеани и се вративме кон дома. Посакувам секогаш вака да се дружиме, со повеќе улов и со добро расположение. Бистро! ;)

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

П.С. Се извинувам за рибата, од толкаво море не стигнав да ја измијам :oops: :oops: :oops:

АвторCOLON  Krki [Вто Maр 03, 2015 9:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

:~~ :~~ :~~
Bravo za druzbata...Sledniot pat ke si dojde toa sto e vase....

АвторCOLON  pirati [Вто Maр 03, 2015 9:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

Krivo mie sto ne dojdov. A mislim i na Goni ke mu bide :P
Sledniot pat i jas doagam.
Bravo za druzbata...

АвторCOLON  Boris [Вто Maр 03, 2015 10:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

На Срѓан како му стои плавава маица со морево :) Топ сте помнале

АвторCOLON  CTS-klen [Вто Maр 03, 2015 10:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

e ubav lavrak :lepi:
a kade vi e opremata ili na dozd ne ja vadite :lol: :lol: :lol:
prasuem deka ima sto da se vidi :crazy:

АвторCOLON  Trasul [Вто Maр 03, 2015 11:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

Odlicna druzba so odlicni lugje

АвторCOLON  saso [Сре Maр 04, 2015 12:27 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

Vremeto ne ne posluzi za poveke fotografii a aparatot na Sinook ne saka dozd pa ne go koristevme dodeka vrnese.
I ovie nekolku sliki se vo onoj kratok period koga ne vrnese.

Ubavo se izduvavme, ja isprobavme novata oprema, sto trski sto masinki, probavme nekoj novi vobleri.
Iako rano imase tri udari na brancin. Eden izvadivme drugite se otkacija ama ke bide i podobro. TEk sega mu doaga periodot koga morskata riba e aktivna i e vo krajbrezjeto.
Vidovme nekolku nadezni pozicii.
Vo morskiot ribolov e mnogu bitno da doznaes kade se mestata kade sto ribata se vrti.
Nikoj od nas ne vide nitu edno ripce vo vodata a imavme tri ribi zakaceni na jadica. Potrebno e i malku da se potstopli, malata riba da dojde vo krajbrezjeto a po nea ke dojdat i predatorite.
Zdravje ke ima i drugi vakvi zaednicki druzbi a kako sto gledam ke bidat i so poveke luge.
Kako sto stojat rabotive ke go podzaboravam slatkovodniot ribolov na nekoe vreme. Morskiot pravi poveke keif

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Maр 04, 2015 12:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

:~~ :~~ :~~
У Б А И Н А

АвторCOLON  Gonny [Сре Maр 04, 2015 7:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

Ve 'mrazam' , a da ne vrnelo ke ve 'mrazev' uste poveke :D Odlicen pocetok da se otvori sezonata so morski grablivec, :ok_ok: pretsedatele. Od seto toa sto ste go doziveele vi kazuvam deka ste ja zgolemile nadezda kaj mnogu spinnerolovci koi sakaat da se posvetat poveke na morski ribolov medju niv sum i jas. Veruvam deka vo nekoja sledna vkava druzba, ke vi se priklucam ...

АвторCOLON  zasov [Сре Maр 04, 2015 8:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ало, море, ти си?

Одлична репортажа, сон на секој спинерџија, штета што не си направил повеќе слики да ја доловиме атмосферата до крај. Сигурно дека морскиот риболов прави кеф, но ние почетниците ќе почекаме прво да повежбаме слатководен спин, па потоа да одеме на море.
Одличен почеток на сезона, ми го разубавивте денот!

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/