www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Ептен краток излет на Дрим
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4888
Страна 12

АвторCOLON  Филип [Нед Maј 04, 2014 5:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Ептен краток излет на Дрим

За празнициве бев до Охрид и дури два пати отидов на риболов :yahoo: За првиот риболов ќе следува дополнителна репортажа по средување на материјалите, а сега набрзинка да ви го претставам краткиот излет до Дрим :D

Искористувајќи го (не)времето, со Емил и Јулио тркнаме до Дрим да фатиме некој клен на воблер пред да почне забраната (05.05)
Јулио веднаш не откачи, се фати за мојата мушичарка и остана да вежба зафрлување и вадење на плашки.
Јас и Емил отидовме малку надолу по реката, пробавме на повеќе “места за клен“, ама немавме удар. Рано било, 5 попладне, Емил бил договорен со кленот за подоцна ;)

Почна да ни врне, но “нормалните“ риболовци не се плашат од дожд. Времето изгледаше вака (слушајте ги звуците од птиците):



[ img ]

По извесно време имав удар. Иако Емил ми кажа дека кленот бил ептен млитав, овој мојов влечеше како луд. Почнав да викам по Емил да го донесе кепчето, но и тој во исто време доби добар удар. Двајцата извадивме по еден клен во истиот момент. Мојот околу 700 грама, а на Емил мајсторски, над 1.3 кг по процена на Емил, а по мене барем 1.5 кг.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Јас го фатив на Ујка 2-ка, а Емил го извади на воблер од Кирца

[ img ]

Кленовите беа вратени назад, беа женки и имаа многу икра. Им се извинивме за малтретирањето и ги вративме назад.



Почна да врне посилно, пофрлавме уште малку, но без успех.



Се наоѓавме скоро пред Ташма, а колата ни беше кај Добовјане. Среќа што Танче рибочуварот беше на терен, па искиснати како глувци не собра на патот, ни пушти греење во колата и не однесе до кооперацијата во Враништа, традиционалното место за одмор и средување на импресии после риболов на Дрим :mrgreen: Таму, благодарение на дождот кој не престана, продолжи дружбата со пиво и мезе уште неколку часа :eatdrink:

До следниот излет, бистро :fishing:

АвторCOLON  akiribar [Нед Maј 04, 2014 5:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

ste sobrale iskustvo plus na takvo vreme i vestacki mamki.
na kirca vublerite dokazani povtorno na taa voda.
pozdrav i bistro!

АвторCOLON  okiribar [Нед Maј 04, 2014 6:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Штета што времето не боло на ваша страна
инаку за рибите :NotWorthy: :NotWorthy: одлични примероци .

Знае -Емил-каде да те одведе ;) воедно поздрав и до него и до Јулио
и како што викаш нема подобро распеана птица од ..СЛАВЕЈОТ.. во пролетните денови.

Одличен провод на вода. :lepi:

АвторCOLON  kircask [Нед Maј 04, 2014 9:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Ufff ovoj Emil go obozavam gi favorizira moive vobleri non stop , zaedno so Afrim :) i ete imalo ubav uspeh :) definitivno No1 vobler za taa voda e ovoj model, kako sto se pokaza i od Afrim ulovite :) ubava reportazicka bravos momci.... ova mi e dopolnitelen motiv za rabota blagodaram

АвторCOLON  emil.matoski [Пон Maј 05, 2014 12:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Навистина беше ептен краток излет на Дрим :? , а да не беше Танче во близина за да не евакуира ќе беше многу интересно зошто само 10 минути покасно почна страшен дожд.
Инаку Кире јас ги форсирам твоите воблери затоа што ловат, дури и на Филип му реков дека често се случува баш твој воблер да ми извади риба кога на ништо друго не сака.

АвторCOLON  Lepi [Пон Maј 05, 2014 7:33 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

... Филип фатил Клен од околу 700 грама и му влечел како луд 8-) биди среќен шо не те тргна во дримот, толкај риби се опасни по живот :lol: и не е чудно шо ве фатило невреме кога Филип е на риби :mrgreen:

АвторCOLON  Филип [Пон Maј 05, 2014 7:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Абе изгледа беше ептен долу на дно, а Дримот голем, удри во самата матица, па затоа ми се виде многу поголем :mrgreen:

АвторCOLON  Stole [Пон Maј 05, 2014 8:59 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Lepi НапишиCOLON
... Филип фатил Клен од околу 700 грама и му влечел како луд 8-) биди среќен шо не те тргна во дримот, толкај риби се опасни по живот :lol: и не е чудно шо ве фатило невреме кога Филип е на риби :mrgreen:
:lollol: :lollol: :lollol: :lollol: :lollol:

АвторCOLON  ZeleN [Пон Maј 05, 2014 9:39 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Filip i Emil klenoj istavet od rekana MORE! :mrgreen: bravo dechki, nema nevreme za vas shtom na tie uslovi ste bile uporni da go poigrate klenko i sekako so tolkavi stomaci deka se polni ikra, respekat za catch and release vprochem vo ovoj del od godinata i chovechki e da se primenuva.

Donese li Emil od negovata rakija? :ok_ok:

АвторCOLON  Филип [Пон Maј 05, 2014 9:44 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ептен краток излет на Дрим

Не, убаво ме потсети :D

Емил :howitz:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/