www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 14, 2024 8:29 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 9:57 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
И оваа година како неколку наназад се спремав да ја започнам сезоната на Вардар пред забраната, 15 април. Во план ми беше 21 - 23 март но планот пропадна. Планирав и за 28 – 30 март но и тој план пропадна. Дојде и викенд 4 – 6 април. Временската прогноза нималку не е розова. Се најавуваат дождови за цел викенд но ми одговара. Се спремам да чекам сом. Дува и јужен ветер. И месечината ни е наклонета. А Вардар малечок и бистар, но ке замати. Дефинитивно мора да одам па што сака нека биде. Ова ми е задна шанса. Следниот викенд сум веќе зафатен.

Не беше проблем да се најде друштво. Другарми Трајко пред месец дена замина во пензија и слободен е. А и онака во сите планови беше вклучен и само на мене чекаше.

Бидејки ке одиме на сом неколку вечери предходно собиравме чаирски црви. Едно 500 а сигурно и повеќе. Набавена е некоја ситница од риболовна опрема. Трајко овој пат е задолжен да обезбеди јадење и нема што друго.

Петок околу пладне веќе го напуштаме Скопје. Не брзаме. По пат треба само да застанеме во Криволак. Да се видам со роднини, на кафе муабет. А и малце ракија да земам за на риболов. Се слушам телефонски со чуварот Ристо да се договориме каде да се најдем, да си ја преземам дозволата з Вардар 10. Нема договор. Мора да одам до него во Корешница. Не сака да слушне ништо. Ме вика на гости, на едно кафе и една ракија. Во Демир Капија морам да се видам и со другарми Миле. Не доаѓа со мене на Вардар но морам да доземеам некоја камп опрема од кај него.

Скоро е 18 часот и конечно на вода. Локација Маркова Чешма. Набрзина поставувам логор. Очекувам дожд но не можам да наместам тенда. Дува засилен ветер. Набрзина монтирам еден стап и зафрлам. Нема што да барам места. Напамет ги знам. Па повеќе од деценија не сум бил на друга локација, мислам на река. И Трајко монтира стапови и го оставам да бира места.

Се стемни. Во опуштена атмосфера уз ракија и муабет одеднаш ЅВОНИ. Без предупредување, како на узбуна. Како од катапулт исфрлен веднаш бев до стапот. Контра и тука е. СОМ. Голем. Тегне и вади конец но несмејам многу да му пуштам. На десетина метри под мене има голема врба над вода, а што има под нејзе не сум проверувал. Во темницата тешко го пратам каде е. Лампата на глава не свети многу и Трајко со неговата ми помага. Кога почна да шлапа по површина веке беше полесно но како да го фатам. Едно метро од брегот е плитко, до колена, но понатаму нагло добива на длабочина. Без многу размислување влегов. Првиот обид да го фатам за долна вилица беше неуспешен.

На фториот обид го фатив. Како излегов од вода незнам а веке бев на десетина метри од брегот. Убав сом. Тенок долг. Првата проценка ми вели тука 10. Го сместив во сак и во вода.

20:30. Ајде повторно на софра. Па и треба. Вакво отворање на сезона одамна не сум имал. Ја частам ракија. Муабет и тоа гласен. Уште адреналинот не ми спада кога повторно истото ѕвонче.

Повторно узбуна и старт како од катапулт. Повторно контра и тука е. Иста сила. Но радоста кусо траеше. Дали и 10 секунди. Се одкачи и си замина.

Ова ке биде долга и непроспиена ноќ. 21:15 а веќе два удара. Ке биде узбудливо . . . Сепак околу полноќ си легнавме. Ѕвончињата како да се расипани. Ниту едно срамежливо дрн да направи.
И сабајлето го дочекавме исто. Нема удари. На разденување нешто ги кинеше чаирските црви но не доволно големо за да ги проголта и нашите јадици 2/0.





Денот помина во разгледување на теренот. Монтирав уште два стапа. Еден за дубинско, а вториот за на пилешки дроб. Правење тактики за наредната ноќ и одмарање. Добивме инфо дека во Скопје истурса дожд, а кај нас пукна сонце. Толку од моите желби да врне и да ја замати водата си реков. Сепак касно попладне и кај нас заврна.

Но си помина вечерта а и утрото дојде а од риба ниту Р. Тотална неактивност. Ова второ утро ги немаше ни ситните риби да скинат некој чаирски црв. Ниту пилешкиот дроб не помина подобро. Како го ставав така го вадев. До полноќ и се одкажав. Тотална неактивност. Водата си надоаѓа, се мати а сомот го нема. Да се чуди човек.



Не остана друго. По дожд кој паѓаше упорно со променлив интезитет успеавме да се спакуваме. Само уште рибата да се измери.



Рибата која ја сметав за помала, која во некои дискусии со Трајко беше и 8 а не 10kg излезе поголема. 13kg.


Убаво изнакиснавме и дома.

На секого би му посакал почетокот на сезоната да му започне со капитална риба како мене. Прво па МАШКО.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 10:09 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:lepi: :lepi:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 10:10 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Do rakijata e :D :D :D Odlicno bre Brado bre :thumbs_up: :thumbs_up:

P.S...Pozdrav do Trajko LEGENDATA :D :D

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 11:01 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Aij u p.m ne mozam da ja vidam ribata ovoj sve im zabranil vo turcija duri i youtube..mi pishuva nesto turski , :) ama vo sekoj slucaj bravo !

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 11:42 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Ribata nemozes da ja vidis ni od Makedonija,se gleda dobar pejzas na reka vardar,montiran kamp i kako se meri nesto tesko vo crna vreca a sto se meri ne se gleda,ribata ja nema.
Mozda Brada ceka prvo da se ispukame so teoriite na zavera pa pokasno kako vo "Povratak otpisanih" da go pokaze somot fino lepo od glava do opas :head_bang:

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 11:47 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
poleka bre decki, ke ni pusti bobi nekoja slika od somot,, go ima slikano sigorno..
bravo brada sekoja cest za ulovot :~~ :~~

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 11:52 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Znam deka go slikal ali da go ubrzam procesot :~~ :~~

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 07, 2014 11:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Abe samo slika za da vidam...ovoj budaliov turcin sve zabranil ovde ..stom stasam doma ja potcinuvam rajana doma gi zabranuvam turskite serii i ce se gledaat samo sportski kanali..bobi pusti sliki :foottap:

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 08, 2014 1:01 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Моја грешка сум заборавил да ја ставам а не сум приметил.

ја се ИЗВИНУВАМ
ке преправам


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Прво па машко - Отворање сезона 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 08, 2014 1:35 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
abe koj ne go videl videoto neka ja pregleda reportazata pak odnovo :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 29 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum