По напорната работна недела , многу нервози и обврски ... решив викендов да го поминам на риболов . Речено сторено
Петок после работа , наполнив колата со опрема и пушка спремен за сабота сабајле за поход на Вратница .
Сабота 04Ч00 прво кафе , спремна кола и правац Вратница . По пат поминав до Зегин-Буњаковец да си земам терапија за стрептокока што ми препиша матична и доручек во бурекџилницата до зегин .
Вратница стигнав во 05Ч20 ... прекрасно време , мирно сончево , нема ветер ... перверзија .
Одбрав позиција и почна монтажата ... некоја фотка
Се беше совршено , се сместив , накрмив и седнав да доручкувам ... да не земам апови на празен стомак
Времето си минуваше , сонцето се повисоко и повисоко , прекрасен ден за риболов ... но кога очекував удар добив шок ... ама пеницилински
... почна да ми отекува јазикот и устата , да ми се мати погледот и да ме чеша главата . Се збунив ... не знаев што се случува
набрзина ги најдов лековите и го побарав ливчето на кое пишува кои се несакани дејства од лекот .
Кога ги прочитав се ми стана јасно ...
CAVE PENICILLIN !!! ... почна дешкото дишење и заморот , неможев трски од вода да извадам ... запалив цигара , искинав конците , некако нафрлав опремата во кола ( гс преку глава ) и влегов во кола . Почнав да вртам телефони , ама ко за беља доста колеги недостапни ... се јавив кај матичната , вика трк у болница по инекција
лесно е да се каже ама ја не и кажав кај сум
Тргнав накај Тетово и решив ако ми се слоши ке одам во Тетово во болница , а ако остане исто бегам за Скопје ...
Прв пат во живот посакав да налетам на полиција ама ко за беља ко ти требаат нигде ги нема ... 150 возев по авто пат џандари ни за лек
. Стигнав некако до Ѓорче амбулантата , му се јавив на кумот да дојде да ме собере и втората тура патешествие започна ...
5-6 инекции на дежурен , 5-6 инекции на токсикологија и по некоја квалитетна инфузија
слики од таму нема ... многу сум отечен за гледање
Се на се интересен ден
да не отидев по риба , немаше да дознаам дека сум алергичен на пеницилин
Бистро до следната , се надевам поквалитетна репортажа
_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.