www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Срекен 8-ми Март
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4788
Страна 12

АвторCOLON  FisherKing [Нед Maр 09, 2014 11:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Срекен 8-ми Март

Како што е ред за овој празник, треба да има и една репортажичка. После долго гледање на Accuweatherкакво ке биде времето и слично, сепак се одлучив да отидам до езеро да се излуфтирам(Сам). Времето беше очај жив, катастрофа - дожд, снег и дожд и снег, замрзнат дожд и сето тоа зачинето со ветер. И на самиот почеток ме пречека оваа слика да ме до разочара
[ img ]

[ img ]

Но бев упорен, мафтав два саати на различни техники и стилови но сепак ништо. Ветерот се појачуваше и немаше услови да се седи таму. Се повлеков накај браната како таму помалку дува. Но не само што дуваше туку и заврнуваше на секои 10 мин. Почнав да мафтам на Кашичина и имав неколку колатерални плашки за грб и стомак. После саат време упорно фрлање добив слаб удар, како поситно кленче или плашка за грб фатена, полека ја доближував рибата накај мене и кога торпедо. Ме виде госпоѓата и се возбуди, почна да скока, машинката зуи ли зуи, ја довлекував рибата 7-8 пати до брег и конечно се предаде. Ама како да се вади од вода, кепчето во кола, а кола на 10 мин. пешки горе на паркинг, и си цапнав во во езерото, се за дамата нели празник е.
И еве го тезултатот.
[ img ]
[ img ]
И тоа беше се за тој ден, и одличен ден испадна, се се заборави и дожд и снег и ветер и се.
Уловот беше остварен со
Ulovot bese ostvaren so
Mikado Archer ultra light spin 17g
Daiwa Regal Xia 2500
конец - Barbeta 0.20
Byron tommy 7g
и ловна кабаница
Пастрмката е 2кг.+ тешка, и 60см. + долга

Денеска времето беше безмилосно, ветерот беше невероватно јак покрај езеро, и немаше никаква активност нити имаше услови за тоа. Еве уште некоја слика од вчера и денес
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Бистро

АвторCOLON  pirati [Нед Maр 09, 2014 11:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Ova ne se lovi sekoj den... Bravo fisherking... vredil tvoata upornost... Sekoa cest
Dole ti udri ?

АвторCOLON  $DARE$ [Нед Maр 09, 2014 11:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Periodov letaat pastrmki na site strani . No nazalost retko koj spodeluva so citatelite na forumov.Ti blagodaram Gorjan sto ti NE SI eden od niv.Sepak so slika i tekst dobivme info za Mavrovo.
Tebe trudot na toa vreme ti se isplatel. Ubavo zadovolstvo si napravil.Neka ti se mnozat prijatele...

АвторCOLON  spiro_jas [Нед Maр 09, 2014 11:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

ауу браво, убава пстрмка си прелажал баш за 8ми :D , па да ти се множат ваквите денови со ветер студ дожд а и капиталци овие моменти долго се паметат и раскажуваат :~~

АвторCOLON  okiribar [Пон Maр 10, 2014 12:05 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Вистинските ..РИБАРИ..не ги сопира ни ветер ,ни дожд ,и на крај како вика народот
..САМ ПА КАКО ЗНАМ..
а ти пријателе знаеш да си направиш мерак на душата.

Нека оваа риба ти биде една од помалите за оваа сезона :lepi: само поголеми да ловиш :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  akiribar [Пон Maр 10, 2014 12:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

bravo komsija,dobar partal :lepi:
na toa zelevceto na vtorata slika so ribata na toa ja fati?
nesum frlal takvo nikogash,stoe toa?

АвторCOLON  Gonny [Пон Maр 10, 2014 7:19 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Malo nevnimanie od tebe :P vakva ubavica si trebal so buket da ja precekas ;) Bravo majstore, da ti se mnozat vakvi ulovi...

АвторCOLON  VladoMKD [Пон Maр 10, 2014 8:10 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Дебелка дамава, најадена :ok_ok:
Езерово катастрофа, како ке изгледа на лето :shock:

АвторCOLON  kire [Пон Maр 10, 2014 8:23 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

Охо,браво и за тебе и за дамата,вистинска мавровска убавица :thumbs_up:
Езерото :cry:

АвторCOLON  leunovo [Пон Maр 10, 2014 8:26 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Sreken 8-mi mart

bravo majstore
upornosta se isplati
odlicna pastrmka nareden pat nekoja 5+ da bide

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/