По неколку дневно договарање,три пати одлагање ке одиме нема да одиме,ке дува нема да дува,
26км на час 6км на час,ке врне,ке грми.
Му се јавив на Зоки-Партизан во саботата,Зоки вика
доаѓајте времето ке биде одлично.Така и бидна 5часот утинава правец за Дојран.
Пристигнавме во Дојран езерото тепсија,мирно море.
Имавме мал разговор со тамошните рибари која позиција да ја одбереме (каде јаде)
добивме инфо дека кај Пешо јаде срамежливо но и кај Партизан почнало да чепка.
Нашата одлука падна
правец кај Пешо.
За кратко време бевме на место.
Се сместивме тука негде блиску до зоната оградена со колци.мрежи,јажиња.
По кратко време почнаа и првите удари,убави караши на мамаец шекерац
Па по некој костреж на црн црв.
Ред по ред си дојдоа и ситните црвеноперки на пченица
Полека полека си дојде времето за враќање,среќни и задоволни со денешниот излет
И нормално на враќање се расипа пентата дизни мизни,свекици,карбуратор дрдрдрдр
Моравме да молиме да не влечат,неколку чамци не поминаа со изговор нема место
вртење глави....
Но секогаш ке се најде некој од Господ пратен и ке те извлече од дупка.
Поздрав и се читаме