www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4736 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | sinooksk [Чет Феб 20, 2014 4:03 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
Убаво е дружењето на вода, со вистински заљубеници во риболовот и природата. Како што вели убавата мисла "Битно е патувањето, а не целта", така и ние заедно со колегата Petrakki, дедо му Ристе (риболовец со долгогодишен стаж) и другарчето Кики тргнавме во една незаборавна риболовна авантура кон јужниот сосед. Првенствено, планот беше да одиме на море ( малку солен риболов ), меѓутоа пред да тргнеме одлучивме да одиме на некое езеро. И така во раните утрински часови горенаведената екипа се собра на зборното место, се спакувавме, мамците беа спремни, а и приказните на дедо Ристо кој направи патувањето да ни биде незаборавно. Пеце спремен за возење, будно внимава на патот, а дедо Ристо раскажува разно-разни риболовни авантури и не држи будни и наострени за риболов цело време. Кики иако нема многу часови и километража во риболовот(но има фатено желка на Мавровско, на тапа! ), полн со ентузијазам и ведар дух ја комплетира целата дружба/патување. Времето и патот брзо ни поминаа ( а по пат одлучивме дека нема да одиме на езеро, туку на Ангитис јухуу!!! ) и стигнавме на реката. Прв пат одам на Ангитис и бев импресиониран какво рекиче е. Се гледа дека е богато со рибен фонд, времето сончево, гранки, дрва во вода, помали вирчиња и андреналинот почна да се крева. Дедо Ристо направи една обиколка и се врати сомничав. "Обично место не може да се најде на рекава, сомнително ми е. Палете колата до бензинска да прашаме да не има забрана, да не направиме некоја беља", рече искусниот риболовец. Прашавме (дедо Ристо праша, ние чекавме нестрпливо во кола ) и ни кажаа дека е слободно за спортско риболовење (значи без гребла,харпуни,мрежи и останати "врвни" средства за таманење на рибата), а по пат видовме табла со натпис - Забрана од 15 април до 31 мај - да си знаат тие што планираат да одат натаму. Се спуштивме на реката и почнавме да се распакуваме, да ја вадиме опремата, трските и останатите тракатанци, на брзина врзување и почнавме. Дедо Ристо и Кики си ловеа на тапа, а ние почнавме да фрламе разно-разни железа,блинкери,воблери. Xzoga-та и јас - Љубов на прв допир. Почнав да ја тестирам, да си менувам мамци, да зафрлам контра текот на реката, тестирање, насмевки и дедо Ристо се смешка со ситна попадика "Јас го избегнав црнецот, да видиме кој ќе биде следен" . Не поминаа 5 минути, осетив удар и ете ја! Почнав полека да ја носам кон брегот, молчам, си викам во себе да не сум закачил некоја крпа, ама мрда пустата, тресе, трската осетлива, и викнам по Пеце КЕПОООТ! Веќе се покажа на површина госпоѓица штука, додека да дојде Пеце со кепчето, ја извадив на брег. На радоста и немаше крај ( толку што бевме посветени на риболовот, не стигнавме да ја сликаме, а носев убав апарат ), продолживме упорно да ловиме, но среќата е променлива како месечината велат. Тоа беше се што ни даде реката тој ден. Добро, имаше и некои ситни попадичиња/бојничиња кои беа вратени назад, меѓутоа рибата ко да беше во длабок зимски сон. Никаква активност. Почнавме да ја шетаме реката со Пеце и видовме дека баш и не сме сами на неа, имаше бугари, наши луѓе исто така, и сите се жалеа на слабата активност. Сменивме многу локации, накрмивме со доста мамци по гранките надевајќи се дека ете баш позади тоа дрво лежи зајакот, но немавме среќа. Така пројде цел ден, но насмевките од лицата не ни исчезнаа. Напротив, полни со ведрина, ја поздравивме реката до следно видување со надеж за возбудливи рибарски авантури, бистро! П.С. Ах, да, да не заборавам, Кики има видео со својата "кашика" и капитален улов, ама за тоа во друга прилика |
АвторCOLON | akiribar [Чет Феб 20, 2014 10:55 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
eeee petraki be kukjo stara od tolku sliki bash shtukata da neja slikavte? mi muttite neshto pozdrav ekipo |
АвторCOLON | Krki [Чет Феб 20, 2014 11:10 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
More more grcija .... Ubavini e sekoj izlet na voda , ama stukiceto ste trebale da go skrapnete... Sepak novo iskustvo za site vas , naredniot pat poveke grablivci da vi se besat na trokukite.... Ama pak popadikata e zakon.... |
АвторCOLON | ZeleN [Чет Феб 20, 2014 11:11 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
hahaha Aki policiski im nastapi odlichno dechki, skitanje si e skitanje! |
АвторCOLON | sinooksk [Чет Феб 20, 2014 11:13 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
Кики мислам дека има фотографија од рибата, јас за жал со мојот апарат не ја сликав. |
АвторCOLON | akiribar [Чет Феб 20, 2014 11:18 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
ej nesomneno e toa deka ste fatile shtuka jas samo se shalam i niedna slika da nema jas ti veruvam tisi moj partner za takmichenje |
АвторCOLON | sinooksk [Чет Феб 20, 2014 11:19 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
Хехехе, ма знам, знам, само и мене сега ми е криво што не ја чкрапнав со апаратот. Се заборавам на вода, не ми текнува на апаратот. |
АвторCOLON | Krki [Чет Феб 20, 2014 11:20 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
Ostaj go Kristijan i kazi mu u kafiki poveke jade .... Turi edna slika od net i neka puknat hahahahhaaa.... |
АвторCOLON | okiribar [Чет Феб 20, 2014 11:28 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео |
Odlicno drugarcinja ,ubava priroda i vreme vi se pogodilo ,a fotografijata so Stukata i ne e bitna. Vazno ja probavte opremata i si pominavte uste eden den na voda. BRAVO |
АвторCOLON | akiribar [Чет Феб 20, 2014 11:35 am ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Кики кашика, Ангитис и "капиталното" видео | |
Odlicno drugarcinja ,ubava priroda i vreme vi se pogodilo ,a fotografijata so Stukata i ne e bitna.
kakobe nee bitna ova e ribarska reportaza i ribi sakam da gledam ne manekeni Vazno ja probavte opremata i si pominavte uste eden den na voda. BRAVO stoe rabotava chovechinja kje gleddame a xaxaxaxa se znae edna grupna se pravi slika a drugite pejsazi i ribbi |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |