www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Струшко-Ресенска дружба на Дрим http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4692 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | emil.matoski [Нед Феб 09, 2014 8:46 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
После подолго договарање со Сашо, saso_pepe од форумов, конечно најдовме слободно време за една убава дружба. Локацијата беше Црн Дрим кај с. Добовјани, целта ни беше дружење и да уловиме по некој скобал. Во зимскиот период Црн Дрим е многу нестабилен, а со тоа е многу тешко да се стигне до улов. Нестабилен е затоа што од Струга е регулиран испустот од Охридско Езеро и по потреба се пушта или запира водата, а тоа може да биде и по неколку пати во текот на една недела. Од друга страна реонот кај с. Добовјани и с. Ташмаруништа има огромно влијание и од тоа колкаво е нивото на акумулација Глобочица, која исто така доста често варира со водостојот. Во изминатите денови добивав информации од риболовците дека имале добар улов, па се договоривме со Сашо конечно да направиме една дружба. Времето во саботата утрината беше идеално за риболов. Облачно, мирно и топло, како само можевме да посакаме. Водостојот на Црн Дрим беше исто така одличен, што ни ветуваше богат улов. Само што пристигнавме се појави рибочуварот Танче за да му ја донесе членската книшка и дозволата на Сашо. Веднаш потоа се фативме за работа, прво ги прошетавме некои места што мислев дека можат да дадат риба, но на крај се одлучивме сепак да ловиме во брзакот веднаш под Вевчанска река. Кога викам во брзакот, сакам да појаснам дека на крајот од самиот брзак има една линија каде водата се смирува и таму го ловиме скобалот, а не баш во самата матица. Еве го Сашо како се приготвува за риболовот. Не помина многу време и ни се приклучи мојот пријател Ѓоле, па риболовот и дружбата можеше да почнат. Не требаше многу да чекаме за првите улови. Еве го Сашо со неговиот прв скобал за тој ден: Еве го и Ѓоле со неговиот прв улов .... и јас Како започна денот, си мислевме дека тој ден ќе имаме многу богат улов. Но ... После првичните улови активноста на рибата престана. Прихранувавме со стар леб и упорно се обидувавме да уловиме уште по некој скобал, но безуспешно. Решивме да одмориме малку и да ги пробаме домашните колбаси од Сашо и домашното чадено месо, нормално спремени на жар. После одличниот ручек повторно се вративме на риболовот. Рибата беше многу слабо активна тој ден, дали затоа што времето се промени и почна да врни дожд или пак нешто друго беше во прашање, кој би знаел? Резултатот од тој риболовен ден беше по два уловени скобали кај сите тројца и плус уште по 1-2 откачувања. Без разлика на слабиот улов, поминавме одличен риболовен ден проследен со одлично дружење. Се потрудив да склопам и едно видео од саботата, се надевам дека ќе ви пренесам дел од атмосферата со него Бистро до следната риболовна дружба. |
АвторCOLON | pirati [Нед Феб 09, 2014 8:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Dobro e... Bravo za druzbata.... |
АвторCOLON | Krki [Нед Феб 09, 2014 8:50 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Isti bojnici isto mesto, dobitna kombinacija zavrsena so kolbavce... |
АвторCOLON | julio [Нед Феб 09, 2014 8:59 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
TOOOOOOO!! Drim stanuva se po "Internacionalna" lokacija!!! Druzba pred se i vo posledno vreme atraktivna vo site godisni vreminja!! |
АвторCOLON | okiribar [Нед Феб 09, 2014 9:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Убаво поминат ден ..Колеги.. Ми се допаѓа стореното. |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Нед Феб 09, 2014 9:14 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Браво за дружбата колеги ... |
АвторCOLON | kire [Нед Феб 09, 2014 10:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Одлично |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Нед Феб 09, 2014 10:15 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Нема што да се каже. Како и секогаш успешно и убаво. П.С.
|
АвторCOLON | spiro_jas [Нед Феб 09, 2014 11:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
За дружбата немам многу коментари - Ми е МНОГУ КРИВО што неможев да се приклучам на екипата иако бев уредно поканет само ке ве поздравам сите учесници, мои драги пријатели и да обекам дека обавезно ке склопиме една заедничка дружба за скоро време - на било која вода, ама со сите вас еден краток ДРИНСКИ поздрав од мене до вас да сте ми живи здрави и весели - и Насмеани |
АвторCOLON | goceBitola [Нед Феб 09, 2014 11:13 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим |
Браво за дружбата дечки нареден пат можи да ја прошириме во Битолско-Ресенска-Струшка дружба Поздрав |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |