www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 12:05 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 8:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
После подолго договарање со Сашо, saso_pepe од форумов, конечно најдовме слободно време за една убава дружба.
Локацијата беше Црн Дрим кај с. Добовјани, целта ни беше дружење и да уловиме по некој скобал.
Во зимскиот период Црн Дрим е многу нестабилен, а со тоа е многу тешко да се стигне до улов. Нестабилен е затоа што од Струга е регулиран испустот од Охридско Езеро и по потреба се пушта или запира водата, а тоа може да биде и по неколку пати во текот на една недела. Од друга страна реонот кај с. Добовјани и с. Ташмаруништа има огромно влијание и од тоа колкаво е нивото на акумулација Глобочица, која исто така доста често варира со водостојот.
Во изминатите денови добивав информации од риболовците дека имале добар улов, па се договоривме со Сашо конечно да направиме една дружба.
Времето во саботата утрината беше идеално за риболов. Облачно, мирно и топло, како само можевме да посакаме. Водостојот на Црн Дрим беше исто така одличен, што ни ветуваше богат улов.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Само што пристигнавме се појави рибочуварот Танче за да му ја донесе членската книшка и дозволата на Сашо.
[ img ]

Веднаш потоа се фативме за работа, прво ги прошетавме некои места што мислев дека можат да дадат риба, но на крај се одлучивме сепак да ловиме во брзакот веднаш под Вевчанска река. Кога викам во брзакот, сакам да појаснам дека на крајот од самиот брзак има една линија каде водата се смирува и таму го ловиме скобалот, а не баш во самата матица.
Еве го Сашо како се приготвува за риболовот.
[ img ]

[ img ]

Не помина многу време и ни се приклучи мојот пријател Ѓоле, па риболовот и дружбата можеше да почнат.
Не требаше многу да чекаме за првите улови.
Еве го Сашо со неговиот прв скобал за тој ден:
[ img ]

Еве го и Ѓоле со неговиот прв улов
[ img ]

.... и јас
[ img ]

Како започна денот, си мислевме дека тој ден ќе имаме многу богат улов. Но ... После првичните улови активноста на рибата престана. Прихранувавме со стар леб и упорно се обидувавме да уловиме уште по некој скобал, но безуспешно.
Решивме да одмориме малку и да ги пробаме домашните колбаси од Сашо и домашното чадено месо, нормално спремени на жар.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

После одличниот ручек повторно се вративме на риболовот. Рибата беше многу слабо активна тој ден, дали затоа што времето се промени и почна да врни дожд или пак нешто друго беше во прашање, кој би знаел?
Резултатот од тој риболовен ден беше по два уловени скобали кај сите тројца и плус уште по 1-2 откачувања.
Без разлика на слабиот улов, поминавме одличен риболовен ден проследен со одлично дружење.
Се потрудив да склопам и едно видео од саботата, се надевам дека ќе ви пренесам дел од атмосферата со него


Бистро до следната риболовна дружба.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 8:49 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Dobro e... :ok_ok:
Bravo za druzbata....

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 8:50 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Isti bojnici isto mesto, dobitna kombinacija zavrsena so kolbavce... :~~ :~~ :~~

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 8:59 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONВто Jул 30, 2013 1:05 pm
МислењаCOLON62
TOOOOOOO!! Drim stanuva se po "Internacionalna" lokacija!!! Druzba pred se i vo posledno vreme atraktivna vo site godisni vreminja!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 9:04 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Убаво поминат ден ..Колеги..
Ми се допаѓа стореното. :lepi:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 9:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво за дружбата колеги ... :~~ :~~ :~~

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 10:04 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Одлично :yahoo:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 10:15 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Нема што да се каже. Како и секогаш успешно и убаво.

П.С.
  • Аирлија Членска и Дозвола Сашо


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 11:00 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
За дружбата немам многу коментари - Ми е МНОГУ КРИВО што неможев да се приклучам на екипата иако бев уредно поканет

само ке ве поздравам сите учесници, мои драги пријатели и да обекам дека обавезно ке склопиме една заедничка дружба за скоро време - на било која вода, ама со сите вас

еден краток ДРИНСКИ поздрав од мене до вас


да сте ми живи здрави и весели - и Насмеани :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струшко-Ресенска дружба на Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 09, 2014 11:13 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 23, 2011 8:29 pm
МислењаCOLON178
ЛокацијаCOLONBitola
Браво за дружбата дечки :~~
нареден пат можи да ја прошириме во Битолско-Ресенска-Струшка дружба
Поздрав


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 34 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum