Денес со Јулио и Игор (алас од форумов) бевме на риболов во Прилеп, односно на местото викано Расимбегов Мост.
Сашо, од концесионерот Пец-Пец, беше таму за да ни овозможи одлично поминат ден, но за жал и покрај неговото ангажирање околу нас немавме среќа да уловиме некоја риба. Се е до мајсторијата изгледа
Имаше доста риболовци кои си вадеа по некој скобал, но се на се риба имаше во големи количини ама не беше многу заинтересирана за храната. Пред стемнување се уверивме дека реката е преполна со скобал, и тоа крупен. Пред стемнување наеднаш почнаа скокови на сите страни, да не речам дека реката почна да врие ...
Еве и некоја слика од местото, се извинувам за лошиот квалитет, но се надевам дека ќе ви доловат дел од прекрасниот амбиент.
Повеќето уловени примероци беа како скобалот од сликата, но кај еден од риболовците имаше и откачување на скобал од околу 2 кг., а и според скоковите што ги гледавме имаше доста крупен скобал во тој потег.