Од секогаш риболовот сум го замислувал во природа некаде далеку од Скопје,некако не ми иде на кеј да пецам риби,
ама дојде и тој ден.Другарот Влатко е редовен на вардар состав со треска,цело лето си пецаат кркушки и по некоја пастрмка.
трската во рака и ете ме во 7ч на зборно место.
десно познатиот пешачки мост ѓорче-сарај
лево поглед на местото за риболов
од мамци имавме бели црви,калифорниски црви и лебче,меѓутоа рибата не беше расположена нејкеше да пипне.
после неколку часа молење излезе и првиот
капиталец пегавата убавица
Излегоа неколку кркушки и пак затишје 2-3часа,не ја бива работава викаме и менуваме место 200,300 метри погоре
Предходниот ден кога плакав карта во Вардар ми рекоа дека треска од 1 октомври била забранета за риболов
Викам ај да одам да фрлам некое блинкерче на уливот треска,прво фрлање и баммм пастрмка имав кратка борба меѓутоа убавицата се откачи.Од голема возбуда фрлајки на исто место си оставив 4 блинкери и веке немав со што да факам.помина еден тип со васер кугла и 5-6мушички,фрли на исто место и почна да си ги вади
Еве ме и мене со другарот Патка,се спремаме да му одиме на посета на црномурестиот под мостот
Заклучок од излетов-вардар не ми се допаѓа а за треска греота таков бисер да се дави во ѓубре и шут