www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4053
Страна 12

АвторCOLON  ilija [Сре Oкт 23, 2013 11:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

За 11-ти Октомври одлучив да поминам време со фамилијата далеку од некоја вода.Ама во мојата кола како задолжителна опрема покрај сијалички,тријаголник,прва помош и сл. влегува и трска и елече со сите мушичарски потребштини.
Саботата решивме да поминеме до манастирот Јоаким Осоговски па после кратка седенка одлучивме да продолжиме уште некој километар погоре до Калин Камен каде се наоѓа едно мало езеро кое се користи за наводнување.

[ img ]

Нешто што ретко се сретнува.ГУСЛАР

[ img ]

Езерото е на голема височина.Назнам точно колку надморска ама имаш чувство дека ќе ги фатиш облаците.Се стига и со лека кола(едвај) и е доста посетено излетничко место.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Од риби знам дека има караш и кркушка и немаше нешто што може да се лови на мушичка ама во тој момент ми текна на оној виц:
На времето кога се крадеше многу во Бугарија ,иде Македонец пред ЦУМ ,ја паркира колата и става натпис :НЕ ЈА ОБИВАЈ КОЛАТА,НЕМА НИШТО ВРЕДНО ВНАТРЕ.Кога се враќа после 10 минути наоѓа како некој допишал :ЗНАМ, АМА МОЕ Е ДА ПРОВЕРАМ. :crazy:
Така и јас,ставив мушичка на крајот од конецот и почнав да мафтам.Мое е да проверам :jane:

[ img ]

По некое време сватив дека нема никаква заинтересираност за мојте мушички.Единствено некој што беше заинтересиран беа мојте две ќерки.Во тој момент си реков: кој ќе чека зетовци ,па дали ќе бидат рибари,па ако бидат можеби ќе испаднат крапџии па пак ќе си одам сам по риба. :foottap:
Дај јас да ги направам керкиве мушичкарки па зетовците што сакаат нека бидат.И така по еден брз АСИМИЛ курс на двете.
За да им влезе чивијата додека се млади.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]
До следниот риболов БИСТРО

АвторCOLON  spiro_jas [Сре Oкт 23, 2013 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

илија бре неуморлив си :~~ , убав фамилијарен излет во природа

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Oкт 23, 2013 11:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Ma не е да нема риба за лов на мушица него не јадела дента :lollol:

Важна е желбата и меракот.
А да не зборам за обуката на млад кадар, па уште убавици :~~ :~~ :~~

АвторCOLON  Филип [Чет Oкт 24, 2013 7:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

ilija НапишиCOLON
Нешто што ретко се сретнува.ГУСЛАР

[ img ]
Го знам чичko Досе одамна, секогаш е таму за празници :)

[ img ]

А за пастрмка се распрашував пред години, уште тогаш рекоа дека нема ништо...

АвторCOLON  okiribar [Чет Oкт 24, 2013 8:12 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Prekrasno pominat den vo moeto ((RODNO MESTO)) ;) ;) me raduva toa sto se pocesto si dozvoluvame da izlezeme familijarno na voda.

Sekoja cest za kacuvanjeto na taa visina . :lepi: :lepi: BRAVO Ilija

АвторCOLON  CTS-klen [Чет Oкт 24, 2013 12:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

E bas ubava reportaza :lepi:

АвторCOLON  baze [Чет Oкт 24, 2013 5:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Како ја држи трската со една рака помалата керка мислам во секој момент може да и летне од рака :D :D
Да не ги ставаш своите репортажи,нема да знам дека постојат вакви места во Мк. :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  Boris [Чет Oкт 24, 2013 5:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Баш убав пример...ако ништо друго ќе ги научиш да ја сакаат и почитуваат природата

АвторCOLON  Tvrdko [Чет Oкт 24, 2013 5:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Bravo FRCHKALIST.I jas vikam taka(koj kje cheka zetovci za ribari) :saso:

АвторCOLON  kire [Чет Oкт 24, 2013 6:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Калин Камен-Дрвото се вие додека е младо

Одлично Илија супер,природа + риболовна едукација,мераци :D

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/