Новиот директор реши да не однесе некаде на екскурзија за празников, не бев премногу заинтересиран се додека не ја спомна дестинацијата Голем-Албаниа, околу 30км од местото на Diggi.... веднаш дента воспоставив контакт со Diggi за моите планови околу екскурзијата и дали во нашите агенди постои можност за заедничка дружба кај неговото место
По кратко време падна и договорот за ден Недела, време 5.30 ме собра пред хотел и веќе околу 6.00 бевме на местото, а во тие 30 мин. пат Diggi несебично ги сподели искуствата и начинот на кој треба да се лови, а во Недела јас се враќав дома така што бевме лимитирани со време за риболов до 10 часот..
Кога го видов местото адреналинот почна да расте, јас возбуден и радосен абе баш како мало дете, не можев да чекам ни опремата да ја спремаме и се разбира следуваше припремата, од врзување на флуоркарбон и копчи па се до распределување на воблерите по кутии..Diggi претпоставуваќи дека јас немам воблери за морски риболов ми имаше спремено кутија со неговите ДУПЛИКАТИ, значи све што поседуваше он имав и јас
Упс но пред тоа се случи еден неочекуван гест од несомнено голем човек, подарок од Diggi, нов морски воблер Sebile, ти благодарам многу другар
Е сега, местото фантастично, но многу ризично за риболов, мало невнимание може многу лесно да се скрши некој дел од телото, почнуваќи од нога па се до колк или рака....
Да не должам многу, ловевме околу 3 часа но без успех, но верувајте јас во секое фрлање чувствував возбуда од самата помисла дека може да ЗДРМИ некое морско чудовиште, 'срекја' не удри иначе ќе требаше после колата да оди на продажба
Кај Diggi во почеток имаше еден неуспешен удар, но мислам дека и кај мене се случи истото, во едно фрлање имав два ситни удари но без успех...
За крај иако без успех овој риболовен ден ќе го памтам засекогаш, пред се зошто имав можност подобро да се запознавам со оваа фантастична личност и со морскиот спинниг па се до возбудата што уште ме држи...верувам дека ова е мој почеток во морскиот спиннинг..
Ти благодарам многу уште еднаш другар
Следуваат слики од настанот
Овде во обид да им парирам на зајковците
П..с по сликите се гледа дека имавме фантастични услови за риболов но за жал без успех..