www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4016
Страна 14

АвторCOLON  okiribar [Нед Oкт 13, 2013 9:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Можеби ова сум го спомнал повекепати ,и можеби сум по малку досаден ама меракот за риболов и за да се излезе во природа е голем.

Свесно знаејки дека временските услови ке бидат лоши ,односно дека на самиот празник..11 ти Октомври.. а и потоа ке има дожд , за кој се надевавме дека ке сопре и во исчекување на добро време со Горан -жацо се упативме кон нашето омилено Мавровско езеро.

Мора да признам дека и репортажата на колегата Фишеркинг и колегата Ненад имаше големо влијание за нашиот риболов , ви Благодарам Клоеги.
Природата околу нас како во ..СОН..барем јас така мислам а се надевам дека и на вас ке ви се допадне
- ЕСЕНСКИОТ РИБОЛОВ НА МАВРОВСКО- езеро .
Како што реков пристигнавме попладне ,и бевме во дилема каде да се поставиме за риболов ,па направивме еден круг околу езерото и се вративме на самиот почеток ..АНОВИ.. си извадивме дневни дозволи и се информиравме за нашите права околу самиот риболов,службата ни објасни дека забрана уште нема и дека самата ке почне од ..01.11.2013.и ке биде забрането да се риболови на целата површина на езерото,значи забраната ке почне и за - ПАСТРМКАТА -на 01 Ноемврии .

Како што знаеме си ја сместивме опрема си запаливме огинче за да се згрееме се напивме по една ..ватрена вода.. и чекавме да се раздени.
Ваква убавина може човек само да си посака ама видете и самите како го поминавме времето во природа.

[ img ]

Ноќта секако ладна и облачна ама затоа утрото преубаво.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Ајде некоја фотографија и покрај самата вода
а кога ке видите вакво јато од Плашки да врти покрај самата обала ,и ги има во овие количини знајте дека ..ПРЕДАТОТОТ ..е во самата близина .

Сакам да кажам дека рибата беше активна во раните утрински часови .

[ img ]

[ img ]

Нешто ја брка :?: :?: :?:

[ img ]

се разбира тука сме и ние некаде,еве го и ..жацо..

[ img ]

еве ја и неговата убавица

[ img ]

[ img ]

и на крај и неговиот улов малку поголема Пастрмка од Кленот , ама и јас го имав тоа задоволство да се запознајам со убавицата , иако кај мене нешто поголем Клен од Пастрмката ,но мислам дека тоа и воопшто и небеше битно .

Еве го и Оки-рибар на местото на случувањето.

[ img ]

[ img ]

Иако беше напорно качувањето по вакви стрмни места како што можете да видите по одмарањето на Горан ,сето тоа се исплатеше.
[ img ]
Најбитно нешто е дека не се исплашивме од лошото време и сепак излеговме на вода , нашиот риболов го завршивме некаде околу .11 часот .
Се спремивме ,појадувавме на едно прекрасно место и во една убавина,се поздравивме со капијата на Мавровско за оваа година во надеж дека и наредната ке имаме што да раскажуваме за оваа наша прекрасна МАКЕДОНИЈА.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Поздрав и ..БИСТРО ..до наредниот риболов.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Oкт 13, 2013 9:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Браво Оки легендо ... не се ни сомневав дека ке поминете одлично
Убави риби и одлични фотографии :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  laguna644 [Нед Oкт 13, 2013 9:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Neverojatna priroda :o a jas nikogas ne sum ja posetil :oops: :head_bang:
Zdravje do godina :roll:

АвторCOLON  nenad [Нед Oкт 13, 2013 9:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Cestito majstori. Vakvi sliki od pejsazi nadoplneti so skromen no kvaliteten ulolov ostavaat bez komentar.
Tokmu ovie pejsazi go prvat Mavrovo edno I edinstveno, I moj prv izbor za ribolov.
Uste ednas bravo za reportazata.

P.s. Go zagledavte li tepihot na predposlednata slika so golfot :shock:

АвторCOLON  okiribar [Нед Oкт 13, 2013 9:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

ЗДРАВЈЕ ..БАТО.. :NotWorthy:

АвторCOLON  CTS-klen [Нед Oкт 13, 2013 10:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Prekrasna priroda....

Oki ostaj ja otvorena kapijata Mavrovska, sezonata za klen na Mavrovsko ne e zavrsena. Vtora polovina na Oktomvri znae da dade ubavi klenovi :secret:

АвторCOLON  Bobi_Brada [Нед Oкт 13, 2013 11:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Подзаборавена вода и природа од моја страна.

Убави фотки. За пофалба.

:~~ :~~ :~~ . . . :tafta: број ЕДЕН

АвторCOLON  pirati [Нед Oкт 13, 2013 11:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Mnogu ubavo Oki...

АвторCOLON  $DARE$ [Нед Oкт 13, 2013 11:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

И ти како Горјан хохштаплерот, не викаш за по риба на Мавровско....
Ама се изнагледав слики од природаа....

АвторCOLON  Филип [Пон Oкт 14, 2013 7:52 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Есенски риболов на ..МАВРОВСКО.. езеро .

Убави парови сте закачиле :lepi:

На шо ги извадивте пастрмките?

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/