www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Карп Куп 2013 одржан на Глобочичко езеро 27 - 29 септември
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3979
Страна 13

АвторCOLON  Drim [Сре Oкт 02, 2013 7:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Карп Куп 2013 одржан на Глобочичко езеро 27 - 29 септември

Веке од 2009та навака ЗРЛЕ"ЦРН ДРИМ" Лабуништа-Струга организира крапски натпревар на Глобочичко езеро - натпревар во дисциплина "лов риба со јадица на дно", овој е 4ти по ред куп што е во наша директна организација. Купот се организира легално со дозвола од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство и со дозвола од агенцијата за млади и спорт. Сите екипи поседуваа спортски легитимациииздадени од МРФ

На овогодинешниот Куп зедоа учество 19 екипи, 18 беа од Република Македонија и една беше од Мала Преспа. Неколку боксови се тргнаа на овој куп - се елиминираа боксовите 1, 2 и 3 од предходниот, каде што беше Spaiva и каде што беше Jane.

Моментот кога се пријавуваа екипите
[ img ]
[ img ]

Моментот на влечење на ждрепката
[ img ]
[ img ]
Додека се чекаше возбудливо за влечење ждрепка :)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Редоследот беше вака:

Бокс број
1. ЦРН ДРИМ -Лабуништа
2. БОЈНИЧАР -Скопје
3. ПИПЕРКО -Кичево
4. БАБУШ -Лабуништа
5. ХАНТЕР 1 -Кичево
6. ХАНТЕР 2 -Охрид-Кичево
7. Св.СТЕФАН(Арнаудови) -Охрид
8. МАНЧЕ -Кичево
9. ПН МЕТАЛ -Драслајца, Струга
10. ТАСАМ -Лабуништа
11. Бф БАИТС(СвСтефан) -Охрид
12. ВЕВЧАНИ -Вевчани, Струга
13. ЛАБ-ПРОМ -Лабуништа
14. УНИМЕТАЛ -Лабуништа
15. КАРП ТИМ ЕКСТЕРМ -Струга
16. МАЛА ПРЕСПА -M.Преспа - Р.Албанија
17. БЛЕК ДРИМ -Лабуништа
18. САШО -Крива Паланка
19. ЛОВЕЦ -Лабуништа

Некаде околу 12 часот екипите спремни тргнаа на своите позиции
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Како и секоја година и оваа година спонзорите не не заборавија :D Едно големо БЛАГОДАРИМЕ :~~ До сите што ни помогнаа на секаков начин :bravo:
А посебно за две фирми од Охрид - НОМА МЕТАЛ и П.Н. МЕТАЛ, кој што на овогодинешниот Куп ни беа Генерални спонзори и им благодариме од сесрце :~~ :thumbs_up:
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Тешка прихрана беше дозволена од 14.30 часот па се до 18 часот.
Еве резултат само што се почна натпреварот :) БЛЕК ДРИМ на позиција 17 на новата патека со две мерни крапчина
[ img ]
[ img ]
Мерење и враќање :lepi:
[ img ]
Не изминаа 10 минути удри уште едно
[ img ]
[ img ]
Сите мислеа толку е овие од БЛЕК ДРИМ се фаворитите - попара ке ги направат, но ете за жал и тоа се случува - дива вода е, дали беше или не нивото на водата опадна за 1 метар за кратко време, секоја година баш кога ке се одржува Купот, другите предходни денови водата е толку стабилна и баш во добра висина, очигледно со намера ке да е :cry:
Риболовците спремни на сите полиња
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Се густираше на големо :D

[ img ]
Скарата спремна ;)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Гравчето со месо :eusa_dance:
[ img ]
И да не ги заборавам сочните Тулумби
[ img ]

Вечерта околу 23.30 часот, слушнавме се извадил крап... и сите кутат колкав, вика боби над 15 килограми и сите колкууууу 15 кг :crazy:, 5 минути никој не прозборе :think: голема :shh: насекаде :lol:
Се јавува Фико, вика на 10-ка Тасам Капиталец - сруши рекорд од сиве 4 купа најголем кеда е :~~
:volku_golema:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
За жал немаме добро видео и добри фотографии пошто крапот бил доста изморен па судијата нареди веднаш да се врати за да не дојде до негово оштетување.
Вечерта кај сите имаше удари, некој извади, некој не извади, кај некоја екипа имаше и кинењена конци, некои екипи имаа немерни крапчина, кај екипата ПН МЕТАЛ на бокс бр. 9 што да видиме - еден убавец од 8 кг. дивјак :volku_golema:
[ img ] :thumbs_up:
[ img ]
По некое време Судијата вика екипата на позиција бр. 12 ВЕВЧАНИ извади еден убавец од 6 кг.
[ img ]
Секоја екипа си кажуваше што им се случило на соседните екипи, но нај интересно беше една од екипите- дечките се :s) успале па не го слушналесигнализаторор како свири и тоа го слушале 5 минути но за лоша среќа рибата не ја извадиле :hit_head:
Кинење имаше кај неколку екипи и тоа на доста крупни примероци на крап, екипата ТАСАМ не успеа да го извади уште едниот голем крап

На крај сите екипи се собравме на ширинката да ги слушниме резултатите и видиме победниците :thumbs_up:
[ img ]
[ img ]
Благодарници имаше за сите Учесници на Овогодинешниот Куп, како и Медал и Диплома за:
Најстар натпреварувач
[ img ]
Најмлад натпреварувач
[ img ]
Најголема уловена риба - екипата ТАСАМ на позиција бр. 10
[ img ]
Трето место екипата на П.Н. МЕТАЛ - Драслајца
[ img ]
Второ место екипата на ВЕВЧАНИ од Вевчани
[ img ]
и Прво место екипата на ТАСАМ - Лабуништа
[ img ]
На крај заедничка фотографија на сите учесници на овогодинешниот Куп
[ img ]
Доколку имаше ненамерни пропусти ве полиме да коментирате- се со цел истите да се поправат за во иднина, се во животот е школа.

АвторCOLON  howitz [Сре Oкт 02, 2013 7:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

Честито организација и куп! Убави слики со многу капитални улови, само напред момци!

АвторCOLON  ico baits [Сре Oкт 02, 2013 7:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

:~~ :~~

АвторCOLON  Spaiva [Сре Oкт 02, 2013 7:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

Браво Самчо, убаво го донесе цел настан во репортажава...криво ми е што не бев таму, здравје другата година.
Честитки за екипата на Тасим, честитки и до останатите други наградени као и до сите учесници.

АвторCOLON  Krki [Сре Oкт 02, 2013 7:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

:bravo: :bravo: :bravo: :bravo:
Bravo za cela organizacija i nagradenite....
Samce zasto ja spustivte kilazata za merna riba.

АвторCOLON  Млад Риболовец [Сре Oкт 02, 2013 7:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

:bravo: :bravo:

АвторCOLON  busavce [Сре Oкт 02, 2013 8:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

Ах што неможев да извадам полномошно за малиот :lollol: :lollol: :lollol: :lollol: :lollol:

Супер сте поминале.

АвторCOLON  Drim [Сре Oкт 02, 2013 8:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

krste1978 НапишиCOLON
:bravo: :bravo: :bravo: :bravo:
Bravo za cela organizacija i nagradenite....
Samce zasto ja spustivte kilazata za merna riba.
Krste veruvaj tolku malecki krapcinja se vadea izminatite denovi sekoj ribolovec najmalku 25 i toa od 500-600 grama do kilo (koga bese vodata stabilna) pa si rekovme da bide pointeresno za site natprevaruvaci odlucivme da ja namalime kilazata

АвторCOLON  Boris [Сре Oкт 02, 2013 8:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

Ова се крапови да им се изнагледаш,...честитки момци за организацијата, единствени сте

АвторCOLON  Drim [Сре Oкт 02, 2013 9:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Karp Kup 2013 odrzan na Globocicko ezero 27-29 septemvri

Crven НапишиCOLON
Ова се крапови да им се изнагледаш,...честитки момци за организацијата, единствени сте
Fala Boris, pred se ribata e dosta zdrava sto e dosta bitna rabota, od fotografiite se gleda deka nema nikakvi tragi od nekoja bolest ili ostetuvanje na teloto, tuku svetat kako zlato ;)

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/