РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Последниов период си имам некои муви во глава па денес ми требаше да побегнам од цивилизација и да бидам сам покрај вода. А денот ... права пролет. Ден како што може да се посака.
Кола немам, па требаше да се одбере некоја поблиска дестинација, а во исто време на таа локација да нема луѓе и бучава.
Црн Дрим е премногу голем и брз во изминативе денови, па изборот падна на едно рекиче многу блиску до Струга. Пастрмско рекиче.
Инаку и изминатата недела бев таму со едни мои пријатели, ама уловивме само неколку мали пастрмчиња.
Еве некоја слика колку да ја видите рекичката од минатиот викенд:
Еве и дел од уловот од минатиот викенд:
Бевме тројца и уловивме 5 вакви пастрмчиња, нормално сите беа вратени во вода, но тој ден водата беше многу матна и не очекувавме нешто посериозно да уловиме.
Денес на вода пристигнав околку 14 часот. Кога ја видов реката веднаш се расположив. Чиста и бистра, само таква каква што можев да посакам.
Почнав со риболовот, но од рибата ни трага ни глас. Толку оптимизам, а на крај ништо не можам да уловам. Ако, не ми беше важен уловот, важно ми беше тоа што на целиот терен каде што риболовев не сретнав ниту еден човек. Мир и тишина, тоа што ми беше потребно го добив.
Еве една денешна слика од реката:
И наеднаш, после 16.30 часот како да сменив река. Од тотално мртвило наеднаш почнаа удари, откачувања, напади на пастрмчиња и на убави пастрмки, една што не успеа да се закачи имаше повеќе од половина килограм по слободна проценка...
Еве дел од уловот:
Првата пастрмка што ја уловив
Одма потоа и втората:
Се на се 4 пастрмчиња, од кои 2 малецки колку плашица. Сите пастрмчиња беа вратени назад во вода.
А и јас мислам дека колку толку успеав да се вратам во нормала.
Бистро до следниот риболов.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Bitno gi izbrka muvite od glavata kaj mene ima celo osilo ama ke potrae uste malku vreme
gledam deka na spin se fateni meps 0 ili 1 ili gresam
p.s odamna ne sme piele kafe najdov mnogu ubo mesto prvo ti NOSAT PEPELJARA pa potoa ke te prasat so ke se napies
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 94 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум