www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Враќање во нормала
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3486
Страна 13

АвторCOLON  emil.matoski [Саб Maр 23, 2013 9:34 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Враќање во нормала

Последниов период си имам некои муви во глава па денес ми требаше да побегнам од цивилизација и да бидам сам покрај вода. А денот ... права пролет. Ден како што може да се посака.
Кола немам, па требаше да се одбере некоја поблиска дестинација, а во исто време на таа локација да нема луѓе и бучава.
Црн Дрим е премногу голем и брз во изминативе денови, па изборот падна на едно рекиче многу блиску до Струга. Пастрмско рекиче.
Инаку и изминатата недела бев таму со едни мои пријатели, ама уловивме само неколку мали пастрмчиња.
Еве некоја слика колку да ја видите рекичката од минатиот викенд:
[ img ]
[ img ]
Еве и дел од уловот од минатиот викенд:
[ img ]
Бевме тројца и уловивме 5 вакви пастрмчиња, нормално сите беа вратени во вода, но тој ден водата беше многу матна и не очекувавме нешто посериозно да уловиме.

Денес на вода пристигнав околку 14 часот. Кога ја видов реката веднаш се расположив. Чиста и бистра, само таква каква што можев да посакам.
Почнав со риболовот, но од рибата ни трага ни глас. Толку оптимизам, а на крај ништо не можам да уловам. Ако, не ми беше важен уловот, важно ми беше тоа што на целиот терен каде што риболовев не сретнав ниту еден човек. Мир и тишина, тоа што ми беше потребно го добив.
Еве една денешна слика од реката:
[ img ]
И наеднаш, после 16.30 часот како да сменив река. Од тотално мртвило наеднаш почнаа удари, откачувања, напади на пастрмчиња и на убави пастрмки, една што не успеа да се закачи имаше повеќе од половина килограм по слободна проценка...
Еве дел од уловот:
Првата пастрмка што ја уловив
[ img ]
[ img ]

Одма потоа и втората:
[ img ]
[ img ]


Се на се 4 пастрмчиња, од кои 2 малецки колку плашица. Сите пастрмчиња беа вратени назад во вода.
А и јас мислам дека колку толку успеав да се вратам во нормала.
Бистро до следниот риболов.

АвторCOLON  JaneMK [Саб Maр 23, 2013 9:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

:bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :tafta: :tafta:

АвторCOLON  Илчо [Саб Maр 23, 2013 9:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

:bravo:
Podobro od ovaa nema :thumbs_up:

АвторCOLON  laguna644 [Саб Maр 23, 2013 10:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

Bitno gi izbrka muvite od glavata :D kaj mene ima celo osilo ama ke potrae uste malku vreme :(
gledam deka na spin se fateni meps 0 ili 1 ili gresam :?:
p.s odamna ne sme piele kafe najdov mnogu ubo mesto prvo ti NOSAT PEPELJARA pa potoa ke te prasat so ke se napies :D

АвторCOLON  ico baits [Саб Maр 23, 2013 10:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

:lepi:

АвторCOLON  vice [Саб Maр 23, 2013 10:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

:NotWorthy: :fishing:

АвторCOLON  Филип [Саб Maр 23, 2013 11:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

Колку ми фали ваков провод :lepi: :~~

Тука не си ме однел! :howitz:

АвторCOLON  emil.matoski [Саб Maр 23, 2013 11:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

Овде се оди само во пролет. После се е обраснато и не може да се дојде до вода.
Ајде идај ти, што чекаш уште?

АвторCOLON  Gonny [Саб Maр 23, 2013 11:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

superrrr :bravo:

АвторCOLON  spiro_jas [Саб Maр 23, 2013 11:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Враќање во нормала

емил па ти бре и пастрмки си ловел :mrgreen:
:bravo: - ке мора да го посетам ова рекиче некој пат - да ми кажиш некоја тактика за оваа риба :D

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/