Како што кажува насловот осетив малце потреба од овие природни лекарства и бегање од домашните обавези.Не беше ништо планирано ми удреа бубачките во глава и се знае телефонот во рака и кај другарот на разговор, на кој ми беа потребни само две секунди да го разубедам и се знае за 10мин. бевме тргнати на добро познатата дестинација.Само што стигнавме имаше што да се види езерото мирно,водата никогаш не била во овој период толку надојдена односно добро ме изненади.Еве како изгледаше езерото но и другарот кој не можеше да дочека да ја извадиме опремата од кола.
Полека се распакував и бидејќи немавме ништо од прихрана само го пуштив род-подот и си го оставив на милост и немилост односно сам да си се снаоѓа.
Рибата исто така изненади имаше доста скокови а и удари ме зачуди во овој период да биде толку активна.Црвеноперката работеше како луда но и карашот како да се такмичеше со неа.
Имаше уште многу да се види но за жал толку беше батеријата од телефонот а апарат немавме ни понесено.Од каршија имаше дојдено доста пеликани и диви шатки кои позираја за сликување но ги оставив за наредноит пат.Имавме посета и од два шарпланинци но за среќа имаше останато од кобсиците и моравме да ги прихрануваме додека не дојде газдата по нив.За малце ќе заборавев нај главното тој што беше на страна оставен на самиот ручек почна да бибка изгледа не знаеше сам да се снајде па морав и тука да реагирам.Без голема мака беше извлечено крапче некаде некаде околу 4кг по моја проценка,беше вратен во вода и му кажав за фотографија да се јави наредниот пат.Малце ме зачуди што отпор на вадењето ми даде како да вадам караш од пола кило а не крап.Со мала надеж тргнав но големо изненадување ми приреди езерцето-Ах таа чудесна Македонија-