www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Првиот во 2013 http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3452 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | vasil [Нед Maр 10, 2013 5:05 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Првиот во 2013 |
Со колеѓите од работа решивме денеска да го посетиме 'моето' езерце , да видиме дали рибата е веќе активна, а највеќе на едниот од колеѓите ова му беше огнено крштевање. Без успешно цел месец го убедував да не се зафаќа со таа работа, Тој не па не , па ајде купување опрема , следење на временската прогноза и ете дојде и денот Д Иако најавуваа променливо време решивме да отидеме, некаде околу 8,30 бевме на вода , припрема за прихранување, малку објаснување на новопечениот крапџија , зафрлање и си седнавме на муабет. Посетители немаше во многу голем број , сепак времето беше доста променливо , но доволно да се создаде пријатна атмосфера. Се ловеше исклучиво на боили , при зафрливањето обавезно PVA , сето тоа даде и резултати. Прво кај мене имаше удар, рибата тргна во десно према плиткото , засеков ........и ништо. Тоа е што е си помислив , приготвив се повторно и следеше ново префрлање. Како седевме и коментиравме дека рибата сеуште не е активна како што треба проработи сигнализаторот на еден од колегите и по кратка борба рибата бече подготвена за фото сесија. Остана уште новопечениот да се размрда малку па така одеднаш како да се забоде хенгерот во трската, сигнализаторот мислиш се запали , колегата се најде во небрано , контрираше но ненавикнат на отпуштене кочница најлонос се отпушти неконтролирано и додека да се соземе рибата си замина. И покрај тоа што не извади риба остана многу задоволен од денешниот излет , исполнет со позитивни емоции и додека патувавме кон дома цело време по пат коментираше дека треба штом малку времето се пооправи да го повториме излетот. Да знае во каков филм влегува Малку и фотографии од денешниот наш излет Малку микс за PVA Кире кобрите кои ги изработуваш се одлични, денеска ја сефтосав и сум многу задоволен Ајде да уловам некоја риба Да ама се откачи Новиот крапџија Единствената риба тој ден кај Нас Тоа е се, во општи линии еден пријатен ден со пријатели на вода ! |
АвторCOLON | ilija [Нед Maр 10, 2013 6:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
Bravo cicko Vasil. Izgleda posle pastrmkata ,krapot e vtor sto se budi. |
АвторCOLON | robert [Нед Maр 10, 2013 8:35 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
Браво чичко Васил |
АвторCOLON | okiribar [Нед Maр 10, 2013 8:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
.. АИРЛИЈА.. нека е за оваа година ,ви посакувам многу излегувања на вода и доста.. РИБИ.. Тоа е чичко ..ВАСИЛ.. |
АвторCOLON | JaneMK [Нед Maр 10, 2013 9:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
АвторCOLON | akiribar [Нед Maр 10, 2013 9:17 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
ajdeee neka se redat vo novata ribolovna sezona bistro! |
АвторCOLON | Krki [Нед Maр 10, 2013 9:21 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
....... |
АвторCOLON | saso [Нед Maр 10, 2013 9:41 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
Stara koska |
АвторCOLON | kire [Нед Maр 10, 2013 9:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
Хм,лош почеток со откачување, но важно севте во 2013 |
АвторCOLON | Gonny [Нед Maр 10, 2013 9:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Првиот во 2013 |
So site saltanati, ubavo vreme, ulovena i otkacena riba, druzba, i plus vozbuda od novajlijata Uste mnogu izleguvanja godinava... |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |