www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Втора опција ГогоМонд :D http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3440 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Kristijan [Пон Maр 04, 2013 10:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Втора опција ГогоМонд :D |
Денес ги добив сликите од другарот и си рекова да скоцкам една мини репортажа. Уште од минатиот викенд после поплавите се договаравме со другарот и еден негов млад комшија што сака да научи и да биде крапџија да се оди овој викенд на риба. Имавме две опции. Првата беше Мавровица а втората Гогомонд. Во петокот бевме до Мавровица да видеме што се случува и кога отидовме што да видеме, браната FULL со вода а и со ѓубре и дрва што ги донела водата. Земав една трска да пробам како се маркира и според информации за моменталната длабочина бев до некаде точен. Најдлабока точка измеривме на самата круна (кај третата бандера гледано од стражарската кука) и изнесуваше 18м. Ке заборавив исто и беше многу матна и си реков втора опција е сигурна. Така и беше дојде сабота седнавме се договоривме направивме план што како ке биде и тоа е тоа. Дојде недела се собираме и правец Гогомонд. Кога стигнавме таму имаше некои луге од кои еден беше Боби од форумов со негов другар, на местото каде мислевме да седеме беше зафатено па се решивме да одеме од спротивна страна. Прво се поздравивме со Момо па со Боби и правец на место и монтирање на опремата. Јас опрема носев три параболика и една feeder трска. Еве некоја слика од таму Моите параболици На другарот трските А да секако и уловот што беше реализиран од мене. Само што ги фрлив параболиците по 20минути имав RUN и испадна ова крапче. Не го мерев и затоа не пишав колку тежи. Потоа имаше удар кај другарот но изгледа не беше загризал добро и си отиде, но другарот рече дека ке се вратил по него. Му отворивме желба за крапски риболов на младиот колега. Имаше малку држење на час за риболов. Еве нешто во врска со опрем, системи такви работи Параболици: Prologic C1 360sm 13ft Машинки: Lineaeffe Vigor 60 Конци: Xzoga Busterlon 0.29mm Олова: Long cast 80gr by Kirca Систем: Safety Bolt rig и In-line rig Јадица: Gardner Wide Gape Talon Tip и Fox Arma Point SSSP Мамци: Домашна боила со банана арома, Пченка исто домашна, Mainline Pineaple Juice Pop-Up ( Повторно се покажа добитна ) Како и да е ние супер си поминавме, ни се погоди добро време и даде риба. Тоа е тоа драги колеги и колешки, толку од нашата дружба. Се надевам дека е добро направена репортажата и еден голем рибарски поздрав БИСТРО. |
АвторCOLON | okiribar [Пон Maр 04, 2013 10:39 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
КИКО за тебе и за твојот ДРУГАР. |
АвторCOLON | vice [Пон Maр 04, 2013 10:41 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
bravo kolega super ste si pominale ste si fatile i ripce a i casot po ribolov vi bil sekako efikasen |
АвторCOLON | Kristijan [Пон Maр 04, 2013 10:42 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
Фала ОКИ фала. Да ВИЦЕ добар беше часот се гледаше по колегата дека сака да научи, ке го правиме крапџија. |
АвторCOLON | Dimitar [Пон Maр 04, 2013 11:10 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
АвторCOLON | Spaiva [Пон Maр 04, 2013 11:16 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
Браво дечко, само ти пецај... |
АвторCOLON | Kristijan [Пон Maр 04, 2013 11:17 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
only |
АвторCOLON | Krki [Пон Maр 04, 2013 11:18 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
Masala krapce a........ |
АвторCOLON | sinooksk [Пон Maр 04, 2013 11:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
Убава позиција, знае да даде убави крапчиња од таа страна |
АвторCOLON | Илчо [Пон Maр 04, 2013 11:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Втора опција ГогоМонд :D |
Taka taka pustaj sliki od ribi dolga beshe zimata |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |