www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Сабота пред недела, крапско уживање
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3404
Страна 12

АвторCOLON  sinooksk [Чет Феб 21, 2013 8:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Сабота пред недела, крапско уживање

Нејсе, и лани и оваа година, една од најчесто посетуваните дестинации од наша страна беше и е езерцето Гогомонд. Така беше и оваа сабота, веќе договорен со екипата, по преглед на временските прогнози и кратко спремање прихрана и мамци, тргнавме во договореното време од Скопје;06:30 часот. Едниот другар од екипата за жал не можеше да стане утрото (заб.непроспиена ноќ и сомнителни дружби со спротивниот пол), па тргнавме минус еден член.
Стигнавме релативно брзо, и за среќа портата беше отворена ( не требаше да се прекачуваме преку оградата), се растоваривме на брзина, и побрзавме да ја однесеме опремата на омилената ни позиција. Особено во летно време.

[ img ]

[ img ]

Лично сметам дека подобра позиција во есен/зима е од спротивната страна,повеќе сонце фаќа во зима од таа страна, но што е тука е. Риболовот започна, си наместивме пченка-шеќерац за мамец и почнавме да фрламе со трските. Времето беше таман, и тоа беше позитивно. За прихрана имав спремено некаков си домашен микс со пченкарен леб, шеќерац, сусам, афион, ароми, маслиново масло, плус сето тоа замесено со некаква си прихрана за клен. Бучкуруш, ама ми беше мерак додека си ги валкав рацете надевајќи се дека можеби ќе биде некоја добитна комбинација :D
Времето изминуваше, но удари немаше. Почнавме да се шегуваме на таа тема "еве, сега ми јавија на телефон, 09 и пол ќе даде...накај 10 сигурно ќе удри, така ми јавија" и сл.
Ко за беља, првиот удар беше кај мене (заб. другарите се испореметија хехехе :D :D :D ), бев покрај трските и внимателно ги следев тапите додека екипава моја цело време ме закачаше хехехе и оп,оп..полека пропадна тапата! Дадов мала контра и борбата почна! Полека, полека си го донесов до брег, а другарот Т помогна со кепчето и си го прибравме крапчето. Околу 2 килограми, по моја проценка ( носев и мала рачна вагичка, но од возбуда заборавив на неа), изваден на 0,14 конец Colmic и бр.12 јадичка Nuclear со 5,5 метарскиот ми болоњез. Мамец-шеќерац. На насмевките им немаше крај. :D
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се сликавме со крапчето и после фото-сесијата беше вратено во водата, да порасне бар уште толку пред да се сретнеме повторно!

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Продолживме да ловиме, си наместивме нови мамци,целата атмосфера живна малку, тргна работата.

[ img ]

[ img ]

Следната кладба беше дека нема да фатам уште еден крап, но... :D

[ img ]

Излезе овој малишан, сосема неприметно ја потона тапата и веќе беше пред фото-апаратот. Сега веќе атмосферата беше малку напната, дури две крапчиња кај мене, а кај "рибарите" ниту еден. Дури имаше и закани, "Ако фатиш уште еден, со камења ќе мавам!" хе хе хе :D
Го вративме назад во водата и продолживме да се шегуваме (заб. да им фаќам сеир на другарите) :D

[ img ]
По едно дваесетина минути, ете го пак! Ја завлече тапата, ја потона, му дадов контра и почнавме да се бориме! Другарот Т. стана од столчето и бога ми, беше спремен да фрла и камења,но, за моја крапска среќа, се откачи на неколку метра пред брегот! :D :D :D Ништо од рибата, а добро беше чувството на трска. Штета.
По овие андреналински шокови имаше затишје, и по некои час-два, ете го пак! Но, овој пат кај другарот Т. Му ја снема тапата, опасна контра и ете го крапчето! Малецко, но меракот при вадењето си е голем. Насмевка на лицето на другарот Т. , "Ајде, земај го апаратот да ме сликаш!". Се сликавме, се насмеавме и го вративме назад. :D

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Продолживме со насмевки на лицето, закачки, со надеж дека и третиот другар ќе фати некое крапче. Времето почна да се менува, почна да дува некој ветар, почнаа да играат тапите, па се надевавме дека и рибата ќе се раздвижи повеќе. По половина час, пак се јави! И тоа пак кај другарот Т. ! Повторно насмевка на неговото лице, го донесе до кепчето, па го извадивме златно-жолтиот убавец за една кратка фото-сесија. "Два-Два! Не се дава Т. до девееста минута, ќе одиме на Три-Два! :D :D :D ". На смеењето му немаше крај.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

По пуштањето на крапчето, местењето на мамци и зафрлањето, седнавме малку да си одмориме душа, кога ете го пак! Кај другарот Т. ја потона тапата, и борбата продолжи! Но, крапската среќа е променлива како и месечината, па на 2-3 метра пред брегот, се откачи крапчето и ни посака довидување до некој следен пат. Сепак, најубаво е кога е нерешено! :D
Попладнето се појави екипа од Скопје, Trasul со другарите, па паднаа разговори, приказни, размена на искуства, смеења со нив, времето минуваше. Колегата Trasul кажа дека следниот ден се планира голема средба на крапџиите на езерцето (штета што немав можност да дојдам следниот ден :( ), но за тоа веќе знаете. Дојде време да се спакуваме, и така среќни и насмеани да тргнеме кон Скопје со желба за поголем улов следниот пат. Бистро! :D

АвторCOLON  SantaFe [Чет Феб 21, 2013 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

:bravo: :ok_ok:
Aх што не ми е поблиску ова езерце па да уживаме и ние малку...
Одлична репортажа друже и поздрав до целата екипа !

АвторCOLON  Spaiva [Чет Феб 21, 2013 9:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

Луфтерај, браво. :lepi:

АвторCOLON  spiro_jas [Чет Феб 21, 2013 10:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

браво дечки одлично сте си поминале - можам да си замислам како врви ваков риболов со зафрканции и мајтапи па и кога ке се створи ситоација за натпревар и тоа од нигде никаде :D

одлично дечки секоја ви чест :bravo:

пс - а овие крапџиите другиот ден се скапаа кукање хаххахаххаха

АвторCOLON  Krki [Чет Феб 21, 2013 10:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

Bravo momci jas iskreno ke dojdam da naucam od vas.....

АвторCOLON  Stole [Пет Феб 22, 2013 12:38 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

spiro_jas НапишиCOLON
браво дечки одлично сте си поминале - можам да си замислам како врви ваков риболов со зафрканции и мајтапи па и кога ке се створи ситоација за натпревар и тоа од нигде никаде :D

одлично дечки секоја ви чест :bravo:

пс - а овие крапџиите другиот ден се скапаа кукање хаххахаххаха
И тоа дечкиве фаќале “најпросто“... мамец “проста“ пченка, род под “проста тапа“... :lol: :lol: :lol: :lol:
Браво момци

АвторCOLON  ico baits [Пет Феб 22, 2013 1:15 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

bravo kolegi sekoja cest, samo napred :D :D

АвторCOLON  ico baits [Пет Феб 22, 2013 2:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

gledaj deckive, bez hemija udari imaat,, a vie sto ste se izduvale so 30 parabolika 1 krapce,,c c c c c c c pa ja kriv,, :D :D

АвторCOLON  Trasul [Пет Феб 22, 2013 2:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

мило ми беше што се запознавме,ќе направиме договор у март заедно да тркнеме еден убав ден, ама ако го земеш апаратот :D

АвторCOLON  Spaiva [Пет Феб 22, 2013 2:09 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сабота пред недела, крапско уживање

Да ти кажам зајак, додека си пецав на гого на пченка, обичен цук...не бев испод 4-5 риби у денот. мин.
Имало и да удри по 7-8 комада таму, со прашкаста само. И тоа парчиња по 7-8кг.

Сеа кмичиме сите со winter sicret, со амино, со врт-мрт... :lollol:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/