Бевме во долго исчекување..
Поточно.. 84 дена- 7 часа- и 45 мин и на крај го дочекавме и овој ден 17 02 2013 адреналинот растеше,возбудата беше присутна,зимата никако да помине,чувството беше како да одиме за прв пат по риба.
Се решивме да ја започнеме по кој знае кој пат и оваа ..НОВА.. риболовна сезона ,па нека ни е БИСТРО и на нас и на останатите колеги риболовци кои се одлучија за риболов.
Треба да се продолжи таму каде застанавме есенва, па сезоната ја завршивме со КАРАШОТ така и ке ја почнеме.
Се надеваме на уште една добра риболовна сезона, или барем иста како изминатата ,полна со дружења ,многу денови проведени на вода, многу скара ,шалата и многуте зезања кои се дел од нашите излети.
Сигурно дека сме оптимисти и очекуваме и добар улов на риба но за тоа времето и репортажите ке покажат.
Старата добра екипа ..ке се осмелам слободно да го кажам тоа..нема потреба од претставување, се е исто можеби некоја нова тактика и мамец кои ке бидат прикажани.
Се одлучивме ..ДЕНЕС да биде ..ТЕСНЕЦОТ на ГЛОБОЧИЦА .. да ги посетиме нашите пријатели односно, Концесионерот кој со задоволство ни кажуваше за неговвиот ревир и со кој поминавме долго време во разговор ,домаќините беа толку ..ГОСТОПРИМЛИВИ.. што човек едноставно ке добие чувство дека се наоѓа меѓу најдобрите пријатели –Голем поздрав до ТАСИМ – АЛИ –НЕДИМ едноставно до сите .
Еве ги случувањата од денес.
Првин со тоа што ми лежи на ..СРЦЕ..
нашето ЗНАМЕ..
нашето лого ..ФОРУМ РИБАР 2011..
и РИБАТА беџот што го добив на поклон од САШО
Се разбира не пречека снегот на..СТРАЖА.. а и беше рано за.. МЕКИЦИ..
Сефте правеше ДАЦЕ -живели рано изутрина.
ДЕАН ..рибаротт во акција, еден од големите риболовци.
Се раздени и ГОРАН-жацо едноставно не можеше да одолее на УБАВИНАТА и на природата што не опкружуваше
Зарем не е ПРЕКРАСНО.
Дојдоа и нашите домакини кои најсрдечно не пречекаа. Ви БЛАГОДАРИМЕ
Се разбира се напивме КАФЕ и направивме добар муабет за рибарењето на нивниот ревир.
се разбира некој разговараше а некој не се одмори цело зимо, па сега кога дојде време за риболов се СПИЕШЕ на големо не ми е јасно како може да оди по риба и да спие цел ден
Ајде пак да ловиме рибетини. не се шалам најголемата риба што сум ја уловил до сега.
Но тука беше и еден од најдобрите рибари во тој реон ..НЕДИМ..
кој денес((( МИ))) покажа во вистинска смисла на зборот, како се лови КЛЕН на тој реон од езерото и кој има израснато на тоа езеро.
Еве го ..НЕДИМ ..со неговиот улов
Но и ние не се даваме иако доста помали од уловот на МАЈСТОР НЕДИМ имаше уште некое кленче
еве нешто од нашиот РЕПЕРТОАР
Мамецот на дента.
Тоа ке биде за ДЕНЕС но ке има уште доста излети на вода па здравје ке ги споделам со најдобрите ДРУГАРИ на ФОРУМОТ РИБАР 2011.
Останав на одење да го гледам ТЕСНЕЦОТ и да размислувам-- штоли РИБА-- плови во него и по малку заканувачки му раков ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ПОВТОРНО со МОИТЕ ДРУГАРИ
Поздрав од ..Даце -живели .. Горан -жацо..Деан -рибароттт ..и Филип..
БИСТРО до наредната РЕПОРТАЖА.
Репортажава ја направив по барање на колегата ..СПИРО ЈАС ..кој бараше во еден пост да види нешто од теснецот на ГЛОБОЧИЦА и за случувањето ДЕНТА. фала за поздравот преку колегите.
Ова за нас е ПРЕКРАСЕН риболовен ден.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Fishing is my lifestyle,my passion,my life.
Последна промена од 1 на okiribar, променето е 0 пати
РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am МислењаCOLON1322 ЛокацијаCOLONПрилеп
Браво бе Оки , браво мајсторе !
Очекував репортажа од тебе бидејќи знаев дека ќе одите и верувај не ме разочара воопшто!
Секоја чест за тебе и за момците и за домаќините кои би сакал да ги запознаам оваа сезона... Поздрав до екипата и БИСТРО !
_________________ --->ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА<--- Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 42 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум