Колеги, еве слики од денешната крапска дружба.
Целта беше да се излезе на вода, заборавиме малце на обврските, пробаме дел од нова опрема итн.
Имаше доста дечки од форум, бевме сите наредени еден до друг т.е се пресековме
, но сепак
имаше и една реализација од Димитар. Неколку титки, и тоа е се.
Бевме некои 10-тина луѓе, со вкупно некаде 25 параболици на растојание од 30 метри.
Тесно се сместивме, но се снајдовме...
Јас, Тафта, Владо, Јане, Крсте, Димитар, Кристијан, Трасил и уште 3-4 дечки кои ги затековме таму...
Сите ловевме на кому иде...јас халибут пелети 12мм со халибут поп-ап боила 12мм, Јане имаше овошни и
fake corn, Тафта на сквид, Димитар имаше некој Естербленд 12 мислам, пченка итн.
Муабет, пивнавме, маркиравме едно време за длабочина, некој спод ради-реда (Ицка FOX 5.5lb e ЖИВОТИЊА)...и тоа.
На крај кај 3 саатот се собарвме, ручавме у тоа кафанчето и пут накај дома.
Посебен поздрав до Крле, зошто му тргна муабетот за к...на Марко.
Денот низ слики...
А зајци??...земја-воздух.
Сликава ми дојде сама од картица и морав да ја ставам.
Тафта слави Св. Трифун со СПОК (читај грингер).
Ицка, кажи МАЧОРИШТЕ??
Кај Кристијан има и повеќе слики како и видеа, нека надолони овде ако сака или нека скоцка своја репортажа.
БИСТРО!!