www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Железарско езеро 07.01.13
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=3198
Страна 12

АвторCOLON  Bobi [Пон Јан 07, 2013 8:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Железарско езеро 07.01.13

После подолго време желба за излегување на вода (па макар и на 1 саат), денеска конечно се наканив да отидам негде. Поради фамилијарните обврски (Божикен ручек) кратко беше времето, ама мораше да се искористи. Падна идеја до Железарското езеро. Никогаш таму немав отидено, а прочитав на форумов информации дека таму имало риба. Поради близината - во Автокоманда - во кругот на Железара решив таму да се пролуфтираме. За тие што не знаат езерото е тука:
http://wikimapia.org/#lat=42.0063263&lo ... isko-Ezero
До него се доаѓа доста лесно, долниот влез за Железара (кај надвозникот кај АСУЦ) излегуваш на капија, паркираш и добиваш упатство од чуварот кај да одиш. :D
Се сместивме на една платформа и набрзо потоа дојде чуварот, си наплати 100ден и ни даде некој совет.
Е сега за мамците. Бидејќи нели празник е, нема од каде да се земе некој црв, решивме да одиме со она што го имаме, леб, пченица, шекерац. Како што не советуваше и чуварот, фаворит ни беше лебот.
Од опрема користев 14ка конец, 16ка јадица, 0.75 грама тапа. Прихранивме малку со леб.
[ img ]
Времето на моменти мирно, на моменти јак ветер.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Езерото е мало, но со направени платформи помеѓу високи трски. Имаше гооооолема бројка на диви шатки, патки, што и да се. :D
Паднаа многу заебанции на сметка на мрсноста на водата. Ко да фаќаш риба во зејтин. Ако фатиш не ти треба зејтин за пржење. Тука да си донесеш салата, не ти треба да носиш зејтин. Може да се одржуваат борби на пеливани, пред борба влегуваат во езерото и замастени се. И многу многу други. :lollol: :lollol: :lollol: Ама навистина од што беше масно, конецот се лепеше на трската. Лебчето паѓаше од јадица. :lollol:
Не седевме долго, 2 - 3 саата. Рибата овој пат изостана (мада заигра тапата неколку пати, имаше и едно откачување), ама задоволството од пуштена трска на вака убав ден беше големо.

АвторCOLON  ico baits [Пон Јан 07, 2013 9:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

:bravo:

АвторCOLON  Spaiva [Пон Јан 07, 2013 9:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

2-3 саата се доволно во овој период да избистриш глава.
Одлично Боби. :lepi:

АвторCOLON  g.cuculoski [Пон Јан 07, 2013 9:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

Bitno e Bobi sto denot si go ovekovecil kako riboloven . BRAVO

АвторCOLON  spiro_jas [Пон Јан 07, 2013 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

боби секоја чест, јас долги години наназад такви излети правам по неколку саати - па што биде нека биде
рибата секогаш ми е во втор план :bravo:
од сликите ми изглед како добро езерце за дружби

АвторCOLON  MaximJaki [Пон Јан 07, 2013 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

одлично е кога ке видиш слика од езерце кое ти е во душата :ok_ok: :~~

АвторCOLON  Филип [Пон Јан 07, 2013 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

Бравос Боби.

Ај нека се јави сега тој што тврдеше дека водата во железарското езеро била чиста :mrgreen:

АвторCOLON  MaximJaki [Пон Јан 07, 2013 9:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

Филип НапишиCOLON
Бравос Боби.

Ај нека се јави сега тој што тврдеше дека водата во железарското езеро била чиста :mrgreen:
за водата незнам дали е чиста, ама после последната 50 часовна кампања на железарско, после тоа 3 дена во устата имав вкус на железо и кашлав ко неандрталец 5-6 дена :crazy: :crazy:

АвторCOLON  Bobi [Пон Јан 07, 2013 9:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

И многу мириса на уље/нафта, ми се чини дека прстите уште ми мирисаат. :D

АвторCOLON  laguna644 [Пон Јан 07, 2013 9:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Железарско езеро 07.01.13

Prekrasno ezerce me potsetuva na nasite bitolski ezerca :D a plus gledam ima i nekoe drvo za senka :thumbs_up:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/