www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Скобал на ЦРН ДРИМ
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2925
Страна 12

АвторCOLON  emil.matoski [Пон Ное 19, 2012 1:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Скобал на ЦРН ДРИМ

Денес ловевме скобал на Црн Дрим со еден мој пријател.
Нивото на Глобочичко Езеро е поприлично ниско, а во Струга Црн Дрим е максимално пуштен.
Во вакви услови риболовот е возможен само во делот на с. Ложани и с. Ташмаруништа.
Во Ложанскиот дел знаевме дека има доста риболовци и дека се вади по некој скобал и клен, но сепак за почеток решивме да се пробаме во делот над мостот во с. Ташмаруништа.
Еве некоја слика од реката во тој дел. Прекрасен терен.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Реката прекрасна, а и полна со скобали и тоа :volku_golema:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

... а утрото удри и некој кленко

[ img ]

[ img ]

еве и некое видео колку да го долови амбиентот, ако успеам правилно да ги прикачам





Се на се, денес поминавме прекрасен риболовен ден.

АвторCOLON  howitz [Пон Ное 19, 2012 1:10 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ - ЗРСК Пастрмка - Стру

Браво Емил, супер сте поминале, дури и риба има ехее ;)

АвторCOLON  Spaiva [Пон Ное 19, 2012 1:13 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ - ЗРСК Пастрмка - Стру

Емил, Емил...по среќни луѓе од Вас нема!
Каква вода е црн дрим, 2 пати ја посетив летово. СОН. :ok_ok:
Одличен риболов сте направиле, секоја чест. :lepi:

АвторCOLON  Илчо [Пон Ное 19, 2012 1:19 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ - ЗРСК Пастрмка - Стру

Stvarno mestoto e son :shock:

АвторCOLON  Lepi [Пон Ное 19, 2012 1:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ - ЗРСК Пастрмка - Стру

... абе ти реков јас дека без Охриѓани нишо не прајте :lol: Браво за дружењево, убајот улов и за Јулио мајсторот охридски ;)

АвторCOLON  kire [Пон Ное 19, 2012 8:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Скобал на ЦРН ДРИМ

Супер риболов,ако може збор два околу спремата,како што гледам со прилично тешка спрема сте ловеле :bravo:

АвторCOLON  okiribar [Пон Ное 19, 2012 8:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Скобал на ЦРН ДРИМ

Odlicno storeno ubav -RIBOLOV -ste isterale. :bravo: :bravo:

АвторCOLON  Rade [Пон Ное 19, 2012 10:16 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Скобал на ЦРН ДРИМ

Emil bravo za reportazata, dali na leb gi lovevte.

Inaku so netrpenie cekam da izleze reportazava na naslovna i da ja pustam na eden postar cicko, Ohridzanec, posto vcera mi kazuvase prikaski nemalo riba na Drim, ne se fastalo :lol: ....samo da izleze :eusa_pray:

АвторCOLON  spiro_jas [Пон Ное 19, 2012 11:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Скобал на ЦРН ДРИМ

емил браво одличен риболов, двата со јулио бевте ??
- поздрав до јулио :bravo:

АвторCOLON  emil.matoski [Пон Ное 19, 2012 11:04 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Скобал на ЦРН ДРИМ

Кире, како што претходно напишав, браната на Црн Дрим во Струга е максимално отворена, а од друга страна Глобочица е прилично мала. Поради ова водата во Дрим е прилично брза. Рибата утрото беше во помирните делови, а покасно во брзак што ме зачуди за овој дел од годината. Длабочината на овој дел од реката е оклу 2-3 метри. Во вакви услови користевме тапи од 3 гр., конец стандард, 0,14 главен и 0.12 подвез, а јадица 10.
За мамец користевме леб и обилно прихранувавме. Овој период добар мамец за скобал може да биде и бел црв и тенка глиста, ама ние не носевме од овие мамци и ловевме исклучиво на леб.
Утрото рибата го земаше мамецот само на оние места каде што ќе успеевме да ја застаниме тапата, што значи воопшто не беше агресивна, па од тука имаше и доста откачувања.

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/